ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО: Полураспаднати тела на жртвите пловат по реката Ганг, вирусот коси низ индиските села

Од:

Десетици полураспаднати, надуени и полуизгорени лешови на луѓе починати од Ковид-19 денеска се појавиле на бреговите на реката Ганг, во време кога состојбата со епидемијата во земјата, која и онака беше алармантна, дополнително се влошува со ширењето на вирусот од градските средини кон руралниот север на земјата, населен со милиони луѓе.

Индискиот здравствен систем е во речиси целосен колапс, а гробиштата и крематориумите се преполни со тела на починати од вирусот. Според локалните медиуми, луѓето чии тела денеска ги донела реката Ганг биле починати најмалку пет до седум дена.

Снимките од застрашувачката глетка кои ги забележа индиската телевизија се цензурирани, но напомнуваме дека и покрај тоа, тие можат да вознемират дел од публиката.

Луѓето од блиското село, кое досега не било зафатено од епидемијата, биле во паника, исплашени дека заразата ќе се прошири во нивната средина, пишуваат медиумите. Според локалниот функционер Ашок Кумар, околу 40 тела се откриени во округот Бихар, на границата меѓу државите Бихар и Утар Прадеш, кои се меѓу најсиромашните во Индија.

„Ги упативме надлежните служби да ги извлечат сите лешови, да ги закопаат или да ги кремираат“, изјави Кумар за АФП.

Според некои медиумски извештаи, бројот на тела кои биле извлечени од реката достигнува до 150. Според цитираните претставници на локалните власти, некои од телата биле надуени или делумно изгорени, а отворена е истрага за тоа од каде потекнуваат и кој ги фрлил во реката.

Локалните жители велат дека и порано се случувало сиромашните семејства своите блиски кои починале од Ковид-19 да ги фрлаат во Ганг, поради тоа што крематориумите се пренатрупани, а голем дел од жителите немаат пари за да купат дрва и самите да ги кремираат своите починати.

Би можело да ве интересира

Четири деца загинаа, 12 се повредени во сообраќајна несреќа во Индија

Засега тројца уапсени за брутално силување на шпанската блогерка Фернандa

(ВИДЕО) Шпански блогерски пар нападнат во Индија: Ме силуваа седуммина

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Товарен воз во Индија помина 70 киломентри без машиновозач

(ВИДЕО) Тешка несреќа во Индија: Трактор полн со луѓе падна во езеро, најмалку 23 мртви, меѓу нив и деца

Индија: Најмалку 15 аџии загинаа кога се преврте трактор со приколка