ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО: Подмолно и варварски, Талибанците масакрираа војници кои се предаваат

Од:

Нови, досега неприкажани снимки од убиствата на 22 авганистански специјалци кои ги извршија талибанците минатиот месец, беа објавени од американската телевизиска мрежа Си-ен-ен, а на нив се гледа сета подмолност на масакрот.

Убиствата се случија на 16 јуни во градот Давлат Абад во провинцијата Фаријаб, во близина на границата со Туркменистан. По двочасовна борба, специјалците на авганистанската војска останале без муниција во зграда во која биле забарикадирани, по што одлучиле да се предадат.

На вознемирувачката снимка, чија автентичност ја потврди Си-ен-ен, се слуша како некој вика: „Предајте се, командоси, предајте се!“. По ова, невооружените војници излегуваат од зградата, а талибанците отвораат оган врз нив и ги егзекутираат, извикувајќи „Алаху акбар“ („Бог е голем“). Потоа, се гледаат телата на војниците, кои лежат расфрлани на локалниот пазар.

Талибанците, за чие варварство сведочат бројни слични случаи, повторно се во подем во Авганистан, а во земјата се стравува дека тие пак би можеле да ја освојат власта, особено по повлекувањето на американската војска, која деновиве го напушти Авганистан по речиси дваесет години. Во моментов, екстремистите тврдат дека контролираат 85 отсто од земјата.

Би можело да ве интересира

Девет деца загинаа откако експлодираше нагазна мина во Авганистан

Обраќање на Путин: Ќе плати оној кој застана зад терористите

А1он

Силен земјотрес го погоди Авганистан

Полицијата дежура пред куќата на убиецот од Прага

Масакр во рудник во Перу

ФБИ се приклучи на потрагата по осомничениот масовен убиец во Левистон

Горан Наумовски