ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО: Нова снимка покажува кој пукал во жената убиена во американскиот Конгрес

Од:

Нова снимка од нередите во американскиот Конгрес се појави на социјалните мрежи, а на неа е забележан моментот кога беше пукано во 35-годишната демонстрантка Ешли Бебит, воена ветеранка од Калифорнија.

Во жената која беше смртно погодена, како што и претходно се претпоставуваше, пукал припадник на обезбедувањето, а сега се гледа и точно кој го повлекува чкрапалото.

Драматичната и вознемирувачка снимка од досега невиден агол, покажува како толпата се обидува да се пробие низ забарикадирана врата, додека од другата страна чекаат неколкумина вооружени обезбедувачи на Конгресот.

Бебит, според она што може да се види, во еден момент се качува на делот од вратата на кој е скршено стаклото, веројатно за да се обиде да скокне во забарикадираниот ходник, кога обезбедувачот со вперен пиштол го истрелува единствениот куршум, кој бил смртоносен за жената.

Само неколку секунди подоцна, откако се слушна истрелот, група специјалци во полна опрема пристигна на местото и го обезбедија, додека поголемиот дел од демонстрантите избегаа.

Во вчерашните нереди во Вашингтон животот го загубија четири лица, а според официјални извори, другите тројца починале од „итни медицински состојби“ за време на протестот на приврзаниците на Доналд Трамп.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Едно лице загина откако цистерна со нафта експлодира на автопат во Алабама

САД одделно ќе гласа за помош на Украина и Израел, републиканците на Трамп се закануваат

Спектакуларно бегство на затворен од САД

САД: Очекуваме Иран да го нападне Израел

САД: Му кажавме на Иран дека не учествуваме во нападот на конзулатот во Дамаск

Невреме во југоисточниот дел на САД: Едно лице загина, повеќе од 100.000 без струја