ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО: Маж во Турција ѕверски ја претепа бившата сопруга, пред очите на петгодишната ќерка

Од:

Полицијата во градот Самсун, на северот на Турција, уапси човек кој викендов во јавност ја претепал поранешната сопруга, пред очите на нивната петгодишна ќерка, откако снимката од бруталното тепање стана вирална и предизвика згрозување во земјата.

Според државната агенција Анадолу, нападот се случил во саботата навечер, а тој можел да заврши трагично, доколку не интервенирале очевидци на тепањето, кои се собрале и го совладале мажот, идентификуван како Ибрахим Зарап.

Вознемирувачкото видео е снимено од куќа во близина и на него се гледа како жената лежи неподвижно на земја, а нејзиниот поранешен сопруг неколкупати бездушно ја удира и ја клоца во главата, телото и во лицето. Тепачот не се осврнува на повиците на очевидците, а девојчето стои покрај мајката и плаче.

Сведоците на инцидентот повикале брза помош, а на жената во болница ѝ се констатирани повреди. Осомничениот за ѕверскиот напад е приведен истата вечер, соопшти турската полиција.

Во меѓувреме, на социјалните мрежи беше објавена уште една снимка, на која се гледаат моментите кога групата луѓе го совладуваат напаѓачот.

Грозоморната сцена, која се случи на само два дена пред 8 март, меѓународниот ден на жената, одекна толку силно во турската јавност, што околу случајот се огласи и претседателот Реџеп Таип Ердоган. Неговиот портпарол изјави дека случајот будно ќе се следи, додека организациите за женски права побараа стриктно спроведување на законите кои ги штитат жените од семејно насилство.

Според овие организации, минатата година во Турција најмалку 300 жени се убиени од страна на мажи, а во повеќе од половината од случаите, убиецот бил партнерот на жената.

Би можело да ве интересира

Во скопско Визбегово татко ги нападнал своите синови

Тетовец ја затворил снаата во куќа и повеќе пати ја тепал

Спасени сите кои беа заробени на жичарницата во Анталија

А1он

На протестите во Турција загина маж, четири лица се повредени

Откриена причината за пожарот во ноќен клуб во Истанбул во кој загинаа 29 лица

(ВИДЕО) Голем пожар во Истанбул, најмалку 15 загинати

Горан Наумовски