ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО: Јагуар нападна жена додека правела селфи во зоолошка

Од:

Жена била нападната од јагуар додека се обидувала да направи селфи во зоолошката градина во Аризона.

Како што јавуваат медиумите, додека жената се обидувала да се слика, заедно со јагуарот во позадина, таа премногу се приближила до оградата. Во еден момент тој и ја зграпчил раката на 30-годишната жена.

Целиот случај бил снимен на видео, кое е објавено на социјалните мрежи. На него може да се види како жената со повредена и крвава рака лежи на земјата и се превиткува од болка.

https://www.facebook.com/FOX10Phoenix/videos/665440770541669/

Човекот кој го направил видеото, Адам Вилкерсон изјави дека неговата мајка му го свртела вниманието на јагуарот со шише вода, па тој го искористил моментот да ја повлече и да ја спаси жената.

Сведоците им изјавиле на службениците во зоолошката градина дека жената ,,ја преминала оградата” за да направи што подобра слика.

Wildlife World Zoo speaks about jaguar attack

#UPDATE: This morning Kristy Morcom spoke with Fox 10's Anita Roman and Ty Brennan about the incident at Wildlife World Zoo where a jaguar attacked a woman after she crossed a barrier trying to snap a picture. She says those barriers are in place for the safety of the guests and animals. Wildlife World Zoo says the jaguar won't be put down. MORE: https://bit.ly/2VOOkSc**WARNING VIDEO CONTAINS GRAPHIC CONTENT**

Posted by FOX 10 Phoenix on Недела, 10 март 2019

Ова е втор пат јагуарот да нападне некој од посетителоте на зоолошката градина, којшто не ги почитувал предупредувањата и ја преминал оградата. Со оглед на тоа дека станува збор за човечко невнимание, а не за инцидент предизвикан од јагуарот, оваа голема мачка од родот на пантерите, нема да биде еутаназирана.

Би можело да ве интересира

Рохани ги повика западните земји да го напуштат Персискиот залив

Помпео: Распоредувањето дополнителни сили во заливскиот регион е заради одвраќање

Командант на морнарица: Иран разорно ќе реагира на агресија

Сенатор од Пенсилванија уапсен поради обвинувања за педофилија

Трамп се заканува дека борците на ИД ќе ги пушти на европските граници

Ана Ололовска

Најмалку четири жртви во автобуска несреќа во Јута

Ана Ололовска