ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО: Американски полицајки апсат и малтретираат петгодишно дете

Од:

Јавноста во САД деновиве ја шокира снимката од службените камери кои две полицајки ги носеле на своите униформи, на кои се гледа како тие „дисциплинираат“ петгодишно момче кое без прашање се оддалечило од локалното училиште каде одело во забавиште.

Инцидентот се случил во јануари во американската сојузна држава Мериленд. На вознемирувачкото видео се гледа како двете полицајки го малтретираат и му се дерат на детето, му ставаат лисици и го спроведуваат во полициска станица, додека преплашеното момче постојано и беспомошно вреска.

Мачните сцени и непотребната бруталност во однесувањето на полицајките, разбирливо, ја разгневиле мајката на детето, која веднаш се конфронтирала со нив, барајќи објаснување за состојбата во која се наоѓало момчето. Нејзиниот разговор со полицајките може да се види од целосната, 50-минутна снимка од вознемирувачкиот настан, објавена од страна на полицијата во Округот Монтгомери, откако мајката поднела тужба.

Според нејзиниот исказ, детето имало долготрајна психолошка траума од бруталното „апсење“.

Против двете вработени е поведена дисциплинска постапка за употреба на прекумерна сила во службата, соопшти локалната полиција.

Би можело да ве интересира

Америка го ограничи движењето на својот дипломатски персонал во Израел

Стејт департментот потврди дека ќе стави вето на приемот на Палестина во ОН во Советот за безбедност

Горан Наумовски

Белата куќа се противи на палестинската државност

Џонсон: Путин ќе продолжи да маршира низ Европа, Балканот може да биде следен

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Едно лице загина откако цистерна со нафта експлодира на автопат во Алабама

САД одделно ќе гласа за помош на Украина и Израел, републиканците на Трамп се закануваат