ВОЗМЕМИРУВАЧКО ВИДЕО: Израелската армија пушти кучиња убијци во тунелите на Хамас

Од:

Офир Генделман, портпарол на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, сподели видео на својот Х профил. Тоа покажува како, очигледно, израелските војници упаднале во тунелите на Хамас во Газа и пуштиле дресирани кучиња за да се справат со припадниците на Хамас.

Тунелите на Хамас се мрежа што се протега низ целиот Појас Газа, а некои се наоѓаат на длабочина до десет метри. Хамас ја чува целата логистика во нив – струја, храна, оружје, а некое време се сомневаше дека тука се скриени и заложниците кои Хамас ги киднапираше при нападот врз Израел.

Вознемирувачкото видео покажува куче кое трча низ тунел и набрзо наидува на припадник на Хамас кој потоа почнува да вреска.

„Морате да го гледате ова. Слушнете ги терористите како врескаат“, напиша Генделман.