Воздушен напад врз Тел Авив, продолжуваат израелските напади врз Газа, жртви на двете страни

Од:

Израелските сили тргнаа кон границата со појасот Газа, што се смета како вовед во можна копнена офанзива, јавува Асошијетед прес. Најмалку 12 камиони и оклопни возила се забележани како се движат кон граничното подрачје.

Претходно Палестинците испалија ракети кон околината на Тел Авив. Најмалку 22 лица се загинати, од кои 19 Палестинци и 3 Израелци во ескалацијата на судирите во последните два дена.

Една ракета го погоди Тел Авив, низ градот одекна експлозија и сирени за воздушен напад. Ова е прв пат во Тел Авив да се огласат сирените за воздушен напад уште од Заливската војна во 1991. Сирени се огласија денеска во 06:45 по локално време, експлозијата се слушна по кратко време.

Според последните информации кои ги пренесува Press TV, израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, се скрил во подземен бункер, откако се интензивирало ракетирањето врз Тел Авив.

Дописникот на RT, Том Бартон, кој се наоѓа во Тел Авив потврди дека се огласиле сирените, а потоа и силна експлозија.

„Сирени се огласија, не можевме да поверуваме дека ова ќе се случи толку далеку од Газа. Вакво нешто уште не се случувало“, изјави Бартон. Според последните информации, некои ракети паднале во морето пред плажата Јафа, јужно од Тел Авив.

Во воздушен напад вчера е убиен еден од најистакнатите претставници на движењето Хамас. Палестински извори велат дека не се работи за „хируршки прецизен напад“, туку дека во воздушниот напад страдале и неколку цивили, вклучувајќи и деца.

Израелските активисти денеска организираа протест пред куќата на министерот за одбрана Ехуд Барак противејќи се на актуелниот воен конфликт.

Би можело да ве интересира

Америка го ограничи движењето на својот дипломатски персонал во Израел

Иран: Немаше ракетен напад, соборивме израелски беспилотни летала

Горан Наумовски

ABC News: Израелски проектили погодија локација во Иран

Стејт департментот потврди дека ќе стави вето на приемот на Палестина во ОН во Советот за безбедност

Горан Наумовски

Белата куќа се противи на палестинската државност

Словенија и Шпанија: Ќе ја признаеме Палестина