ВИДЕО: Возач на автомобил газеше пешаци на аеродром во Келн, има повеќе повредени

Од:

Германската полиција соопшти дека маж влетал со изнајмен автомобил во група пешаци во гаража на аеродромот во Келн во Бон. Возачот повредил неколку лица и се судрил со повеќе возила.

Портпаролот на полицијата изјави дека постојат индиции дека мажот има психички проблеми, пишува ДВ.

„Се чини дека тој намерно удрил во неколку автомобили и пешаци“, рече портпаролот.

Полицијата потврди дека 57-годишниот маж повредил и двајца полицајци додека давал отпор при апсењето. Потоа бил однесен во болница во Келн, каде му била извршена психолошка анализа пред да биде однесен во психијатриска болница.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Олаф Шолц исвиркан: „Лажго, бандит“

Ана Ололовска

Германија: Тинејџер прогласен за мозочно мртов по фудбалска тепачка

Ана Ололовска

ВИДЕО: Турците во Германија ја славеа победата на Ердоган

Германија повлекува над сто владини службеници од Русија по одлуката на Москва

Брат и сестра осомничени дека со другари го организирале убиството на нивниот татко

Горан Наумовски

Хрватска државјанка во Германија убиена од нејзиниот син: „Ја избодев со нож, па повикав брза помош“

Ана Ололовска