Вотката и ракијата не се замена за дезинфекциските средства

Од:

Новиот коронавирус ги поттикна луѓето почесто да мијат раце, но предизвика и „тепачка“ за дезинфекциски средства, тоалетна хартија, влажни марамчиња… А, некаде има и недостиг од сѐ тоа.

Немајќи соодветен гел за дезинфекција, луѓето преоѓаат кон алтернативни методи, на пример вотка. Но, како што пишува списанието „Експлор хелт“, тоа не е добра опција.

Центрите за контрола и превенција на болести, микробиолозите и лекарите наведуваат дека миењето раце со сапун и вода е најдобар начин да се заштите од вируси и бактерии. Ако пак, нема пристап до сапун и вода, може да се користи средство за чистење на база на 60 отсто алкохол.

Затоа, најдобра ефикасна замена за тоа е медицинскиот алкохол. Жестоките пијалаци, сепак, не се за дезинфекција.

Би можело да ве интересира

Научниците алармираат поради новата варијанта на Ковид-19

Горан Наумовски

Прва тужба во Германија поради последиците од вакцината против корона на Фајзер

Ана Ололовска

Кинески научник: Можно е пандемијата да започнала со истекување на вирусот од лабораторија

Ана Ололовска

СЗО прогласи крај на пандемијата на коронавирус

Ана Ололовска

Шефот на СЗО: Не можеме да знаеме како настанала короната додека Кина не ги објави своите податоци

Ана Ололовска

Се појавија нови информации за потеклото на короната: СЗО бара Кина да ги објави

Катерина Ѓуровски