Воспоставени се десет коридори за цивилите соопшти украинската влада

Од:

Воспоставени се десет коридори за украинските цивили кои се обидуваат да побегнат од воените зони, изјави украинската вицепремиерка Ирина Верешчук.

Еден од коридорите води од Мариупол, опколениот пристанишен град каде се води една од најлошите битки во војната, додека руската артилерија уништила добар дел од градот.

Бегалците од Мариупол треба да отпатуваат во блискиот град Бердјанск, каде што ќе добијат помош и ќе го продолжат патувањето со автобуси.

Верешук рече дека се формирани четири коридори во областа Луганск на истокот на земјата, каде што се водат тешки борби.

Другите коридори треба да им овозможат на цивилите да излезат од селата и градовите околу Киев.

Би можело да ве интересира

Американскиот Конгрес одобри помош за Украина

Русија бомбардирала свој град: по грешка погодена Белгородската област

ВИДЕО: Во руски напад урната ТВ кулата во Харков

Русија ја предупредува Европа: Ако ни го земете имотот, одговорот ќе боли

САД испраќа огромен пакет воена помош за Украина

Русите ја презедоа контролата врз селото Богдановка

Предраг Петровиќ