Вооружени напаѓачи во Нигерија грабнаа седум градежни работници и убија чувар

Од:

Вооружени напаѓачи на северот на Нигерија грабнаа седуммина работници на една либанска градежна фирма и убија телохранител, соопшти денеска нигериската полиција.

-Непознати напаѓачи извршија напад на градилиштето на компанијата „Сетрако“ и грабнаа седуммина работници, изјави шефот на полицијата Мухамед Ладан, пренесуваат агенциите.

Нападот се случил изминатата ноќ во северната нигериска држави Баучи.

Меѓу грабнатите странци има државјани на Велиа Британија, Грција, Италија и Либан.

Првично напаѓачите нападнале локален затвор, а потоа се насочиле кон градежната компанија Септрако, каде убиле еден од чуварите и ги грабнале странските работници.

Во последно време исламистичката секта Боко Харам води кампања на бомбашки напади и грабнувања, со кои властите на Нигерија не можат да се справат.

Би можело да ве интересира

Повеќе од 100 гости на свадбата се удавија во Нигерија кога нивниот брод се преврте

Најмалку 54 лица загинаа во експлозија на бомба во централна Нигерија

ВИДЕО: Свештеник жив запален во Нигерија

А1он

Вооружени напаѓачи киднапираа 30 лица од железничка станица во Нигерија

А1он

Најмалку 14 луѓе загинаа, автомобил влетал во публика на карневал во Нигерија

А1он

Вооружени банди во Нигерија убиja над 38 луѓе и запалија 100 куќи