Вооружени напаѓачи држат како заложници околу 150 луѓе во верски објект во Кабул

Од:

Вооружени напаѓачи држат како заложници околу 150 припадници на заедницата Сики откако нападнаа нивни храм во Кабул, изјави член на Парламентот што ја претставува заедницата, Нарендер Синг Калса.

Според него, најголем број од заложниците се жени и деца кои биле на утринска молитва.

– Досега не се слушна експлозија или пукање од храмот, изјави тој за ДПА.

Истовремено информацијата ја потврди и претставник на заедницата Сики, Анаркали Хонарјар како и портпарол на полицијата. Талибанците негираа дека се вмешани во инцидентот.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес го погоди Авганистан

Османи на дискусија за поддршка на бранителите на демократијата од Авганистан: Македонија покажа одговорност кога тоа беше најпотребно

Орце Костов

Нов силен земјотрес го погоди западниот дел на Авганистан

Силен земјотрес е регистриран во Авганистан, на границата со Таџикистан

Силен земјотрес го погоди Авганистан

Талибанците го прогласија за национален празник денот кога замина последниот американски војник