Вооружена група се обидела да изврши напад во Венецуела

Од:

Министерот за внатрешни работи на Венецуела, Нестор Реверол изјави дека рано изутринава група вооружени лица се обидела да изврши напад во земјата преку пристаништниот град Гваира, од каде пристигнала со чамци.

Реверол во обраќање преку државната телевизија истакна дена венецуелските власти успеале да ги совладаат напаѓачите, за кои нагласил дека пристигнале од соседна Колумбија, неоткривајќи го нивниот идентитет.

Тој ги нарече напаѓачите „терористички платеници“ кои планирале да ја соборат венецуелската Влада.

Западните медиуми потсетуваат дека Венецуела под власта на претседателот Николас Мадуро се наоѓа во длабока политичка и економска криза, а околу 60 земји во светот како легитимен лидер на таа земја го признаваат опозицискиот лидер Хуан Гуаидо.

Би можело да ве интересира

Нападната е жена, вработена во нотарска канцеларија

ФОТО: Полицајката од Сиднеј го совладува напаѓачот

А1он

Петмина загинати во нападот во Сиднеј

А1он

ВИДЕО: Напад со нож во Сиднеј, еден напаѓач убиен, другиот избегал

А1он

Се уште не е идентификуван напаѓачот врз градоначалникот на Арачиново, трет напад врз него за година и пол

Орце Костов

ВИДЕО: Крвав напад со нож во САД, четворица мртви