Вонредна состојба во дел од Јапонија поради коронавирусот

Од:

Гувернерот на централната јапонска префектура Аичи денеска објави вонредна состојба во тој регион, како резултат на зголемувањето на бројот на заболени од коронавирусот.

Гувернерот Хидеаки Омура денеска ги замоли компаниите и продавниците да не работат воопшто или да затвораат порано и ги повика граѓаните вечерва да останат дома.

Мерката ќе биде во сила до 24 август, време што се совпаѓа со празникот Обон, кога училиштата и многу компании се затворени. Префектурата Аичи го вклучува и градот Нагоја, каде седиште има јапонскиот производител на автомобили Тојота.

Гувернерот рече дека бројот на потврдени случаи на вирусот се зголемува во Аичи од средината на јули со стапка од 100 и повеќе на ден. Пред тоа, во таа префектура имаше подолги периоди кога не беа пријавени нови случаи на инфекција со вирусот.

Јапонската Влада повика на социјално дистанцирање и затворање на деловните активности во април, но тие мерки постепено беа укинати. Во Јапонија има речиси 42.700 потврдени случаи на заболени со новиот коронавирус и околу 1.000 смртни случаи.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Силен земјотрес од 6,1 степен ја погоди Јапонија

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Седуммина мртви во превртениот танкер кај Јапонија

ВИДЕО: Кај Јапонија се преврте танкер

Катерина Ѓуровски

Јапонија влезе во рецесија, Германија стана трета најголема економска сила

Силен земјотрес ја погоди Јапонија

Два авиони се судрија на писта, нов инцидент во Јапонија