Волстрит журнал: Трамп ја премина границата, тоа е за отповикувaње

Од:

Уредничкиот колегиум на американскиот весник „Волстрит журнал“ го повика претседателот Доналд Трамп да поднесе оставка, за да избегне евентуално второ отповикувaње во Претставничкиот дом.

Во текст на уредничката страница на весникот, се осудуваат постапките на претседателот и повиците кон демонстранти, за кои се вели дека го „поттикнале“ немирите во средата, јави Би-Би-Си.

„Ова беше напад врз уставниот процес на трансфер на власта по изборите. Тоа беше исто така напад врз законодавниот дом од извршната власт која се заколна дека ќе се придржува до законите на САД. Ова оди подалеку од самото одбивање да се признае поразот. Според наше мислење, ова ги надминува границите на Уставот што господинот Трамп не ги преминал порано. Тоа е за импичмент“, наведува Волстрит џурнал.

„Доколку господинот Трамп сака да избегне нов импичмент, најдобар начин за него би било да преземе лична одговорност и да си даде оставка. Ова би било најчистото решение, бидејќи претседателските должности веднаш ќе му бидат предадени на г. Пенс“, сугерира американскиот весник.

На страниците на Волстрит џурнал на Руперт Мардок, републиканскиот претседател Трамп честопати бил критикуван во минатото, но ова е најострата порака до претседателот во заминување досега.

Би можело да ве интересира

Блинкен: Се надеваме дека повеќе Американци ќе студираат во Кина

Аризона: 18 соработници на Трамп обвинети за обид за промена на изборните резултати

Студентски бунт во Америка, 100 академици уапсени во Колумбија

Трамп: Анти-израелските протести на универзитетите се срам за САД, виновен е Бајден

САД испраќа огромен пакет воена помош за Украина

Америка го ограничи движењето на својот дипломатски персонал во Израел