Волстрит журнал: НАТО загрижен од зголемената активност на руските подморници во Атлантикот

Од:

Претставници на американските воено-поморски сили и на сојузниците изјавија дека Русија во моментов распоредува повеќе подморници и на подолготраен рок во оние делови на Атлантскиот Океан каде тие можат да претставуваат закана за воените бродови на НАТО, јави синоќа Волстрит журнал.

Воени аналитичари за весникот изјавија дека кон крајот на минатата година десет руски подморници со свои бази лоцирани во арктичкото крајбрежје на Русија отпловиле во западен правац кон Северен Атлантик. Тоа само по себе не претставува само демонстрација на сила на руската воено-поморска флота за заштита на својата територија, но и демонстрација на сила во Атлантикот, истакнуваат тие.

-Тоа станува регуларно, повеќе подморници, уште подалеку, на подолг временски рок, изјави еден од собеседниците.

Изданието заклучува дека растечките активности на Москва во Атлантикот ја поткопуваат стратегијата за зацврстување на НАТО која зависи од брзо распоредување на американски трупи за одбрана на европските сојузници.

Би можело да ве интересира

Руски новинари и камерман уапсени во Минск

А1он

Идната недела ќе се регистрира руската вакцина за Ковид-19

А1он

Русија планира да одговори со нуклеарно оружје на каков било ракетен напад

А1он

Стејт департментот објави детален извештај за организацијата на руската пропаганда

А1он

Русија ќе ја тестира новата вакцина за коронавирус на деца идната година

А1он

Руски хакери ги украле тајните документи на САД и Велика Британија

А1он