Волстрит Журнал: Канцелариите во САД се полупразни, шест месеци по почетокот на пандемијата

Од:

Посетеноста на американските канцеларии и работни простории кон крајот на август била на ниво од 49 отсто во споредба со февруари, пред почетокот на пандемијата на коронавирусот и воведениот карантин низ САД, објави денеска Волстрит Журнал.

Весникот се повикува на податоци од компанијата „Бриво“, ангажирана со системи за безбедност и менаџирање со достап до канцелариски, индустриски и други простории. Компанијата црпи информации од бројот на „одблокирани“ простории од страна на вработените – тоа се случува кога работникот ја употребува магнетната картичка при влез или на друг начин го одблокира влезот во канцеларија.

Како што јави дописникот на МИА од Вашингтон, доволно намален број на физички присутни вработени има и во другите области, вклучително и оние каде далечинската работа не е можна, како индустриски и магацински простории. Кај нив, посетеноста на вработните е на ниво од 68 отсто од февруарската, а во случај со ритејлот – на 71 отсто.

Показателите се разликуваат според градот или сојузната држава. Така, ако во Сан Франциско работните простории се полни на 29 проценти од нивото во февруари, а во Њујорк нешто помалку од 40 проценти, во Лос Анџелес посетеноста е 66 отсто. Посетеноста на канцелариите во Чикаго е 50 отсто, додека посетеноста на индустриските и магазинските простории е на нивото од 78 отсто од февруарската.

Некои технолошки компании како Гугл, Твитер или Ербиенби соопштија дека остануваат на далечинска работа до следното лето или даваат дозвола да се работи од дома постојано.

Би можело да ве интересира

Студентски бунт во Америка, 100 академици уапсени во Колумбија

САД испраќа огромен пакет воена помош за Украина

Америка го ограничи движењето на својот дипломатски персонал во Израел

Стејт департментот потврди дека ќе стави вето на приемот на Палестина во ОН во Советот за безбедност

Горан Наумовски

Белата куќа се противи на палестинската државност

Џонсон: Путин ќе продолжи да маршира низ Европа, Балканот може да биде следен

Горан Наумовски