Володин: САД ја вовлекоа Европа во војна со санкции против Русија

Од:

САД ја вовлекоа Европа во војна со санкции против Русија, а европските земји во невработеност, затворање компании и други страшни дилеми, изјави претседателот на руската Државна дума, Вјачеслав Володин.

При посетата на Узбекистан, тој привлече внимание на фактот дека САД и Европа одамна воспоставиле стратешки односи, но на крајот тоа на европската страна донесе проблеми, невработеност и затворање на компании.

– Американците купуваат енергетски производи по една цена, а ги продаваат по четири пати повисока цена. Дополнително, тие ја вовлекоа Европа во својата војна со санкциите против Русија и ги ограничија нашите проекти кои овозможуваа користење на евтина енергија, што беше основа на индустрискиот развој на Германија, Франција и другите земји – рече Володин.

Според неговите зборови, лидерите на земјите од ЕУ конечно почнале да признаваат дека руските енергетски ресурси служеле како основа за европскиот напредок, но дека САД го направиле првиот чекор кон прекинување на нивниот проток кон Европа и почнале да ги заменуваат со свои ресурси, пренесе ТАСС.

– Сега можеме да го видиме исходот. Тоа им е јасно и на оние кои живеат во азиските земји, особено на оние кои отсекогаш граделе односи со нас врз основа на принципите на меѓусебно почитување, пријателство и меѓусебно немешање во внатрешните работи – нагласи Володин.

Володин додаде дека за време на неговата посета на Узбекистан се разговарало за прашања како што се заедничката историја, традиционалните вредности и културата.

Би можело да ве интересира

Русија: Водостојот на реката Тобол достигна „опасно ниво“

Голема поплава на границата меѓу Русија и Казахстан, десетици илјади луѓе евакуирани

Русија се огласи за нападот на Иран на Израел

Катерина Ѓуровски

Нов воздушен напад во Луганск

А1он

Русија: Подгответе се за безусловна капитулација на Украина

Горан Наумовски

ВИДЕО: Голема евакуација на населението во регионите погодени од полави во Русија