Волкан Демирел: Кристијан Атсу сѐ уште не е пронајден

Од:

Турскиот клуб Хатајспор се уште не може да го пронајде својот фудбалер Кристијан Атсу, откако пред два дена медиумите открија дека крилниот напаѓач бил во болница по земјотресот.

Ганецот првично беше пријавен за исчезнат заедно со спортскиот директор Танер Савут по потресите. Сепак, вчера се појавија добри вести дека Хатајспор успеал да го лоцира откако потпретседателот на клубот Мустафа Јозат изјави дека Атсу бил „извлечен од урнатините со повреди“.

Сепак, оваа информација која му била доставена на клубот, се чини дека е неверодостојна во моментов, бидејќи Хатајспор не го најде Атсу во болницата каде што требаше да биде.

„На клубот му беше кажано дека е однесен во болницата Диортиол. Кога дознавме, отидовме, но тој не беше таму. За жал, прифаќаме дека Танер и Кристијан Атсу не се пронајдени во моментов“, изјави докторот на Хатајспорт, Ѓурбеј Кахвечи за весникот „Хуријет“.

Тренерот на Хатајспор, Волкан Демирел, беше разочаран од ширењето на претходната информација, која наиде на општо задоволство.

„Ве молам, не пишувајте дека е спасен без да бидете сигурни. Луѓето имаат семејства. Надежите, тагата, болката се зголемуваат“, изјави Демирел за „Хуријет“.

„Сè уште нема вести од Атсу и Танер Савут. Зарем не би ги споделил ако беа во болница? Ќе ги кажам веднаш штом ќе дојде веста“, додаде тој.

Би можело да ве интересира

Нов силен земјотрес ја погоди Турција

Земјотрес ја погоди Турција

Земјотрес во Турција

Силен земјотрес во Турција

Горан Наумовски

Силен земјотрес ја погоди Турција

Силен земјотрес во Турција