Вокер: Крим самиот ќе посака да стане дел од Украина ако земјата влезе во ЕУ

Од:

Кога Украина ќе стане демократски успешна држава, и некогаш стане дел од ЕУ, Крим самиот ќе посака да се врати во нејзиниот состав, изјави Курт Вокер, специјален американски претставник за оваа земја.

Според него, Украина моментално покажува голем напредок и се интегрира со Европа со стремеж за членство во ЕУ и НАТО.

-Овој план е добар во случај да не се исполнат Минските договори. Русите можат да видат како Украинците ја сменија власта поради разочараност од неа, изјави Вокер за рускиот Јутјуб канал „Гордон“.

Според него, не постои можност Украина да го врати Крим со помош на воени средства и го советува украинскиот претседател Володомир Зеленски да воспостави директна комуникација со Москва.

-Размената на затвореници беше успешна поради директниот дијалог на претседателите на двете земји, кои само ја делегираа непосредната организација на помошниците, изјави Вокер.

Би можело да ве интересира

Почина еден од пилотите на рускиот воен авион кој се урна во Ставропол

Горан Наумовски

Украина: Во рускиот напад на областа Дњепропетровск загинаа 8 лица, 29 се повредени

Горан Наумовски

Експлодираше гасовод во регионот на Харков

НАТО соопшти дека не ги гледа условите за поканување на Киев во Алијансата

НАТО: Украина да обезбеди војници, ние испраќаме само средства

Горан Наумовски

Би-Би-Си: Убиени се најмалку 50.000 Руси