Војниците прават утврдувања на околу 25 км. од Багдад

Од:

Војници прават утврдувања на 25 км. северно од Багдад додека други стражарат на нови контролни пунктови, зајакнувајќи ја одбраната на ирачкиот главен град од можен напад на екстремистите.

Во голема офанзива што ја предводат екстремисти од Исламска држава на Ирак и Левант, заедно со приврзаници на поранешниот ирачки претседател Садам Хусеин, заземени се големи делови од северниот и северни делови од централен Ирак.

Екстремистите се на помалку од 100 км. од Багдад. Портпарол на ИДИЛ најави дека припадниците на таа група се движат кон Багдад и Карбала, град југозападно од престолнината кој се смета за еден од најсветите места кај шиитите.

Ајатолахот Али ал-Систани врховен шиитски лидер, ги повика вчера Ирачаните да земат оружје против сунитските екстремисти кои се движат кон Багдад.

Би можело да ве интересира

Ирачкиот премиер прогласи тридневна жалост за жртвите од американските воздушни напади

(ВИДЕО) САД извршија одмазднички напади во Ирак и Сирија

Нападната американска база во Ирак, има и повредени

А1он

(ВИДЕО) Иран ги нападна Ирак и Сирија: Го уништивме шпионскиот штаб на ционистичкиот Мосад

Пет турски војници загинаа во напад на воена база

Горан Наумовски

Хезболах со дронови нападна американска база во Ирак, САД возвратија