Војната во Украина и ризиците врз светската економија во фокусот на Светскиот економски форумот во Давос

Од:

Војната во Украина и ризиците што судирот ги претставува по светската економија ќе бидат во фокусот на Светскиот економски форум што од денеска се одржува во Давос.

Соборот се враќа во швајцарското зимувалиште по двегодишна пауза поради епидемијата на коронаворусот, три месеци од почетокот на руската воена интервенција во Украина. Минатата година годишниот состанок се одржа онлајн, а поради омикрон-варијантата на Ковид-19 оваа година наместо во јануари се одржува во мај.

„Нашите први мисли се насочени кон војната во Украина“, рече основачот на Форумот, Клаус Шваб на презентацијата на програмата на годинешниот собир.

Доминантни теми на дискусија на годишниот состанок што ќе трае до четврток ќе бидат војната во Украина, пандемијата на коронавирусот и климатските промени. Учесниците на собирот, меѓу другото, ќе разговараат и за ефектите што војната во Украина ги има врз синџирите на снабдување, безбедноста на храната, како и енергетските предизвици.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски се очекува прв да се обрати пред форумот преку видео-линк, додека како гости на состанокот се најавени градоначалникот на Киев Виталиј Кличко и неговиот брат Владимир.

На четиридневниот собир на швајцарските Алпи, речиси 2.500 учесници од политиката и економијата ќе дискутираат за решенија на меѓународните проблеми. Мотото годинешниот собир е „Историјата на пресвртница: владини политики и деловни стратегии“.

„Нашето главно барање до светот е: не престанувајте да ја поддржувате Украина“, порача синоќа пред медиумите Ивана Климпуш, украинска парламентарка која пристигна во Давос. Таа повика да не и се дозволи на Русија да води нова војна против било кого во регионот.

„Ни треба оружје, повеќе од било што друго“, рече другата украинска пратеничка во Давос, Анастасија Радина.

Со оглед на санкциите наметнати на Русија, земјата е исклучена од учество на годинешниот состанок во Давос.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Орбан: Запад на чекор до испраќање војска во Украина

Украина предупредува на трета светска војна пред клучната одлука во Америка

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Украинците објавија снимка: Вака изгледа град кој го напаѓаат Русите

САД одделно ќе гласа за помош на Украина и Израел, републиканците на Трамп се закануваат

Русите ги распоредуваат моќните ракети „Кх-69“

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Американски снајперист во Украина: Мора да го запреме Путин