Војна и(ли) мир

Од:

Вијести – Подгорица

На сцена е вратен фашизмот, национализмот не спласна со новите држави, криминалот стана секојдневие, а криминалците, измамниците и крадците станаа државна елита

Колку секој ден сме се подалеку од една голема и моќна држава како што беше СФРЈ, во мене се поголема и поголема е носталгијата, не поради самата идеологија која во тоа време беше доминантна, туку поради вредностите кои беа промовирани во таа држава. Братство, единство, мир, толеранција, другарство, да се биде добар колега, добар сосед, тоа беа нешта на кои секогаш се ставаше акцент и кои беа промовирани во тогашните медиуми. Потоа сите наши фрустрации ги фрливме на таа и таквата држава и ја побаравме среќата во нови независни државив мислејќи дека тоа е решение за секој проблем.

Епилогот на таквата бракоразводна парница меѓу мнозинството на поранешните републики, а сега држави, е многу полоша состојба од што беше порано. Сега на сцена повторно е вратен фашизмот во лик на величење и рехабилитација на воени злосторници, национализам кој не што не спласна со новите држави, туку во нив и најде поддршка да биде уште поголем, посилен и порадикален. Криминалот стана наше секојдневие, а криминалците, измамниците и крадците станаа општествена елита. Тие вистинските елити кои треба да го трасираат патот со вистински вредности речиси и да ги нема или не може да се слушне и види од турбо фолк старлетите и пеачите кои промовираат нацизам и примитивизам.

Од таквиот амбиент се изродија и такви политичари кои се одржуваат и хранат со воинствени пораки полни со популизам, демагогија, нечесни намери и подготвени на се и сешто, за парче власт. Немаме политичари со визија и со желба да испраќаат пораки за мир и да работат на компромисни решенија на постоечките проблеми. Како зло да не ни беше доста, како војната да ни недостасува. Поединци кои промовираат мир како најважна вредност на човештвото се надвикани од звукот на орди навивачи кои од трибините порачуваат дека треба да се убива, коле и дека етничката чистота е единствена опција, а различностите се порок. Таквите орди ја генерираат политиката која секој ден се повеќе не оддалечува и црта цели кон едни и други.

Паметот замолкна, се завлече во некои свои ќошиња бидејќи се плаши да каже нешто паметно. Бидејќи да се биде паметен и да се зборува мудро во држава на лековерни, е грев кој може да те чини не излез од дома или даночната заштита, туку може да те чини наслов во таблоид или телевизиско исмевање и затоа подобро е да се молчи и чека да се проговори по некоја нова војна и по некои нови прогонства? Мислам дека сите кои го согледуваат патот по кој оди регионот мора да го кренат својот глас, мора да се слушне силен вик, од универзитетските а не од навивачките трибини. На децата мора да се покаже пат на зближување, а не на раздвојување, мора да им се објасни дека богатството на општеството се одликува со разликите и толеранциите. Мора јасно да им се укаже дека мирот нема алтернатива и да не наседнуваат на воени повици на некои политичари на кои ќе им служат како топовско месо. Ние географски сме осудени едни на други и на нас сите во регионот останува да одлучиме дали ќе ги поминеме своите животи во мир и просперитет, или секои 20 години да собираме оружје од Русите и Американците па право во ровови.

Изборот е на нас, а опциите се само две – Војна или Мир.

Би можело да ве интересира

Најмалку 64 жртви на ураганот Хелена во југоисточниот дел на САД

Иран: Нема да се двоумиме, САД мора да ги прифати последиците

Руската воздушна одбрана синоќа уништи 125 украински беспилотни летала

После 10 години, армијата на САД се повлекува од Ирак

Северна Кореја: Американската помош за Украина е „неверојатна грешка и луд чин“

Горан Наумовски

Лавров го предупреди Западот да не се бори до победа со нуклеарна сила

Горан Наумовски