Воени бродови на САД и Австралија впловија во спорните води на Јужно Кинеско Море

Од:

Воени бродови на САД впловија во спорните води на Јужно Кинеско Море, јавија американски воени аналитичари.

Присуството на воениот брод „Америка“, амфибиско офанзивно пловило, и „Банкер хил“, крстосувач со наведувачки ракети, укажува на сериозно напнатите односи и соперништво меѓу Кина и САД, и тоа во време кога голем дел од светот е во карантин поради коронавирусот.

Пловилата се наоѓаат во спорните води недалеку од брегот на Малезија. Дописникот на МИА од Вашингтон јави дека истовремено кинески државен брод со денови следи брод на малезиска државна нафтена компанија која врши истражувања и пробно дупчење во регионот.

Во регионот, свој воен брод испрати и Австралија и имаше блиски контакти со кинески пловила.

Присуството на западните земји во овие води доаѓа откако Кина не ги намали активностите во Јужно Кинеско Море, а во време кога се обидува да ја запре пандемијата која се прошири од земјата.

Регионот е еден од главните транзитни зони каде поминува една третина од глобалниот бродски сообраќај. За време на пандемијата, кинеските воено-морски активности во регионот се зголемија, наведуваат аналитичарите.

Би можело да ве интересира

Американски воен брод и неколку комерцијални бродови се нападнати во Црвеното Море

Тајландски воен брод потона, спасени 75 морнари, по 31 се трага

Бродот „Принцот од Велс” се заглави

САД: Бродот „Москва“ погоден со две украински ракети; Киев тврди дека загинал капетанот

А1он

Американски разурнувач вплови во Црното Море

Спречен упад на американски воен брод, тензично на руската граница

А1он