Водителката Марија Меркејдер почина од коронавирусот

Од:

Познатата водителка на вести на Си-Би-Ес, Марија Меркејдер почина вчера на 54-годишна возраст, како последица од заразата со коронавирус.

Како што објави „Варајети“, Меркејдер 20 години се борела со вид на рак, па сите тие третмани и операции ја сместиле во ризичната група граѓани, најподложни на вирусот.

– Таа беше повеќе од талентирана новинарка. Ќе ни недостасува нејзиниот објективен дух. Марија беше дел од нашиот живот. Дури и кога ја однесоа в болница и знаеше дека нешто не е в ред, таа се грижеше за Си-Би-Ес. Ќе ни се јавеше за да нѐ бодри, да ни каже „вие го можете тоа“. Марија беше воин. Благослов за сите нас, изјави Сузан Зирински, постара извршна иректорка на Си-Би-Ес њуз.

Последната функција на Меркејдер беше – директорка за стратегија на човечките ресурси.

Би можело да ве интересира

Блинкен: Се надеваме дека повеќе Американци ќе студираат во Кина

Студентски бунт во Америка, 100 академици уапсени во Колумбија

САД испраќа огромен пакет воена помош за Украина

Америка го ограничи движењето на својот дипломатски персонал во Израел

Стејт департментот потврди дека ќе стави вето на приемот на Палестина во ОН во Советот за безбедност

Горан Наумовски

Белата куќа се противи на палестинската државност