Водечките американски медиуми загубија значаен дел од публиката по заминувањето на Трамп

Од:

Најпопуларните американски медиуми изгубија голем број гледачи и читатели по завршувањето на мандатот на поранешниот американски претседател Доналд Трамп.

Демократот Џо Бајден, кого понекогаш медиумите го опишуваат како „здодевен“, го наследи Трамп на претседателската функција.

Телевизијата Си-Ен-Ен е еден од највпечатливите примери за намалената популарност на медиумите. Во периодот од јануари до првата половина на март, телевизијата изгуби повеќе од половина од својата публика во ударно време (од 20:30 до 22:00 часот), покажуваат податоците на компанијата „Нилсен“.

Конкурентните телевизиски мрежи Ем-Ес-Ен-Би-Си и Фокс њуз се справуваат подобро, но нивната публика исто така е намалена.

И американските дневни весници регистрираат тенденција за намалување на читателите. Њујорк Тајмс изгуби речиси 20 милиони посетители на својата веб-страница во јануари и февруари, а Вашингтон пост изгуби околу 30 милиони.

– Информациите, поврзани со претседателот Трамп, беа поинтересни за луѓето отколку актуелните вести“, изјави Адам Чиара, професор на Универзитетот Хартфорд во Конектикат.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Крвав напад со нож во САД, четворица мртви

Трамп започнува необичен бизнис, а партнер му е познат музичар

Горан Наумовски

Акциите на медиумската компанија на Доналд Трамп скокнаа за 50 отсто на отворањето на берзата

Горан Наумовски

САД воведоа санкции за ентитети кои наводно им помагале на Хутите и Хезболах

Трамп би можел да изгуби недвижен имот поради измама

Горан Наумовски

Трамп: Само идиот не би реагирал како Израел на напад на Хамас