Водачите на Северна Ирска разговараат со Борис Џонсон за ќор-сокакот во формирање извршна власт на регионот

Од:

Политичките лидери на Северна Ирска разговараа со британскиот премиер Борис Џонсон во услови на ќор-сокак околу формирањето на нова извршна власт на регионот.

Демократската унионистичка партија (ДУП) ја повика Владата да дејствува во однос на нејзината загриженост во врска со протоколот за Северна Ирска пред да влезе во извршната власт, додека Шин Фејн повика сега да биде номиниран нов тим министри.

По историскиот изборен резултат изминатиот викенд, Шин Фејн сега е најголемата партија во Стормонт и има право да го номинира првиот националистички или републикански прв министер.

Сепак, ДУП мора да номинира заменик прв министер кој ќе работи заедно во заедничката канцеларија.

Лидерката на Шин Фејн во Стормонт, Мишел О’Нил, рече дека го притискала Џонсон за важноста да се формира нова извршна власт.

– Утрово разговарав со Борис Џонсон. Го потсетив дека одбивањето на ДУП да формира извршна власт ја казнува јавноста, оставајќи ги работниците и семејствата на цедило. Јавноста овде не може да биде пион во играта на „кој прв ќе трепне“ меѓу британската влада и ЕУ. Сега е време да се формира извршна власт, напиша Мишел на Твитер.

Лидерот на ДУП сер Џефри Доналдсон рече дека, за време на неговиот разговор со Џонсон тој „го повтори ставот дека не може да номинираат луѓе за извршната власт додека не се преземе решителна акција за протоколот“.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Британците повеќе не ја сметаат Германија за сигурен сојузник

Велика Британија: Полицијата нуди 23.000 евра за помош за апсење на напаѓачот од Клепам

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Бурата Иша ја погоди Британија, откажани летови, илјадници домови без струја

Хорор во Англија: Пронајдени четири тела во куќа во Костеси

А1он

Ковачевски: Со законот за рестриктивни мерки ќе бидат опфатени наши ентитети, санкционирани од САД и Британија

А1он

Кое оружје го користеа САД и Велика Британија за да ги нападнат Хутите

А1он