Од минута во минута: Путин им се обрати на Русите и Украинците, Заменик-командантот на Азов од челичарница – Ќе се бориме додека сме живи

Од:

Кризата во Украина од минута во минута.

22:32 – ВИДЕО: Повеќе од 170 цивили од Азовстал пристигнаа во Запорожје

Повеќе од 170 цивили од фабриката за челик Азовстал во Мариупол пристигнаа во Запорожје по една недела под руска опсада.

21:43 – Трудо: Повеќе оружје и воена опрема ќе биде испратена во Украина

Канадскиот премиер Џастин Трудо денеска, по ненајавената посета на Киев, истакна дека во Украина ќе биде испратено ново оружје и воена опрема.

20:49 – Американската амбасадорка се врати во Киев

Вршителот на должноста амбасадор на САД во Украина, Кристина Виен и група американски дипломати денеска се вратија во амбасадата во Киев, првпат од 24 февруари, кога започна рускиот напад врз Украина.

19:36 – Шолц: Путин нема да победи во оваа војна, Украина ќе истрае

Во денешното телевизиско обраќање до нацијата по повод одбележувањето на годишнината од крајот на Втората светска војна, германскиот канцелар Олаф Шолц и пренесе уверување на Украина за германска солидарност во нејзината борба против рускиот напад.

19:28 – Г-7 вети дека ќе ја засили кампањата против олигарсите и уште повеќе ќе ја изолира руската економија

Лидерите на Г-7 објавија заедничка изјава во која ветија поголема изолација на руската економија и засилување на кампањата против руските елити кои го поддржуваат претседателот Владимир Путин.

19:24 – САД ќе му даваат разузнавачки информации на Киев

Вашингтон ќе продолжи да обезбедува разузнавачки информации за Киев, но украинската војска мора да одлучи што да прави со нив, изјави денеска за Си-Ен-Ен Линда Томас-Гринфилд, постојан претставник на САД во Обединетите нации.

19:13 – Хајдај: Гранатирана рафинерија за нафта во Лисичанск

Руски гранати ја погодија рафинеријата за нафта во Лисичанск во источна Украина, оштетувајќи ги производствените погони, изјави денеска гувернерот на Луганската област, Сергеј Хајдај.

19:11 – САД воведуваат нови санкции против Русија

САД најавија нови санкции против Русија за време на состанокот на лидерите на Г7 преку видео повик со украинскиот претседател Володимир Зеленски.

18:26 – Канадскиот премиер го посети украинскиот град Ирпин

Канадскиот премиер Џастин Трудо денеска го посети украинскиот град Ирпин, во регионот на Киев, каде што разговараше со градоначалникот Олександар Маркушин.

18:26 – ВИДЕО: Првата дама на САД во ненадејна посета на Украина и средба со Олена Зеленски

Првата дама на САД, Џил Бајден денеска престојуваше во ненајавена посета на западна Украина, каде што се сретна со сопругата на украинскиот претседател Олена Зеленски.

15:53 – Путин им се обрати на Русите и на Украинците: Ќе победиме, исто како во 1945 година

Рускиот претседател Владимир Путин денеска изјави дека „како и во 1945 година, победата ќе биде наша“, давајќи споредба меѓу настаните од Втората светска војна и конфликтот во Украина, во пораката испратена во пресрет на Денот на победата над фашизмот.

15:07 – (ВИДЕО) Командантите на Азов на прес-конференција: Русите се обидуваат да ја освојат челичарницата, не знаеме дали сите цивили се спасени

Заменик-командантот на Азов Свјатослав Паламар на онлајн прес-конференција одржана во Азовстал рече дека руските сили продолжиле да ја напаѓаат фабриката за челик и дека се обидуваат да ја освојат.

14:37 – Зеленски со Пленковиќ за санкциите против Русија и обновувањето на Украина

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска разговараше со хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ за заострување на санкциите против Русија и стратегијата за обнова на Украина.

13:53 – ВИДЕО: Тешки борби кај Змискиот остров, Украинците објавија снимка од уништувањето на руски хеликоптер

И руската и украинската страна потврдија дека борбите се водат на и околу Змискиот остров. И двете страни тврдат дека се успешни во борбите.

12:48 – (ВИДЕО) Русија: Кај Одеса погодивме украински воен брод, урнати се два бомбардера и два хеликоптера

Руското Министерство за одбрана денеска соопшти дека во текот на ноќта со ракети бил уништен брод на украинската морнарица во близина на Одеса.

12:43 – Гувернерот Хаидаи за бомбардираното училиште: Мали се шансите да пронајдеме преживеани

Гувернерот на Луганск, Сергеј Хаидаи, на новинарите им даде повеќе детали за бомбардирањето на училиштето во селото Билохоривка, во чиј подрум се криеја цивили.

12:19 – Пленковиќ пристигна во Киев на средби со Зеленски, Шмихал и Стефанчук

Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ денеска пристигна во Киев на средби со украинскиот претседател Володимир Зеленски, премиерот Денис Шмихал и претседателот на Врховната Рада Руслан Стефанчук, соопшти владата.

11:34 – (ВИДЕО) Русите објавија снимка: Ја лансиравме ракетата Оникс од брегот на Црното Море

Екипажот на крајбрежниот ракетен систем Бастион од брегот на Црното Море лансираше високопрецизна ракета Оникс, соопшти денеска руското Министерство за одбрана.

10:40 – Независниот руски весник „Новаја Газета Европа“ почна да се печати во Летонија

Пилот изданието на новиот руски независен дневен весник „Новаја Газета Европа“, што го лансираа новинарите на овој опозициски весник пристигна во киосците во Летонија и за Денот на победата во Русија, 9 мај, ќе сведочи дека Москва не успеа да го замолчи независното новинарство.

10:34 – Претседателката на германскиот Бундестаг, Бербел Бас, пристигна во Киев

Претседателката на германскиот Бундестаг, Бербел Бас, денеска пристигна во Киев, каде што е планирано да учествува на одбележувањето на 77-годишнината од завршувањето на Втората светска војна во Европа, јави ДПА.

10:11 – (ВИДЕО) Украина за бомбардирањето на училиштето: Брутално воено злосторство пред Денот на сеќавањето и помирувањето

Украинското Министерство за надворешни работи објави видео од последиците од вчерашниот бомбашки напад на училиште во селото Билохоривка во областа Луганск, во чиј подрум се криеле 90 лица. Спасени се 30, а се стравува дека загинале 60.

10:01 – Зеленски објави видео за Денот на победата: „Никогаш повеќе? Кажете ѝ го тоа на Украина“

Во драматичното видео, Зеленски повлекува паралели меѓу борбата на Украина против руската инвазија и борбата против фашизмот и нацизмот во Втората светска војна и вели: „Никогаш повеќе? Обидете се да ѝ кажете на Украина“.

08:48 – Се стравува дека во руско бомбардирање врз училиште загинале 60 лица

Се стравува дека 60 луѓе загинале во воздушен напад врз училиште во областа Луганск, кое служело како засолниште за цивили.

08:05 – Велика Британија вети дополнителни 1,3 милијарда фунти помош за Украина

Обединетото Кралство вети дека ќе обезбеди дополнителни 1,3 милијарда фунти воена поддршка и помош за Украина.

07:56 – Украина ќе биде во фокусот на денешната онлајн средба на лидерите на Г7, повикан и Зеленски

Лидерите на групата индустриски најразвиени земји Г7 денеска имаат закажана видеоконференциска врска, на која се очекува во фокусот на нивните разговори да биде загриженоста од руската инвазија врз Украина, пренесе ДПА.

07:23 – Зеленски: Русија уништи приближно 200 места на украинското културно наследство

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека речиси 200 места од украинското културно наследство биле погодени или уништени откако Русија на 24 февруари ја почна инвазијата врз неговата земја, пренесе ДПА.

08/05/2022

20:58 – Барнс: Путин мисли дека ќе напредува во војната со интензивирање на судирите во Украина

Директорот на американската Централна разузнавачка агенција (ЦИА) Вилијам Барнс изјави денеска дека рускиот претседател Владимир Путин верува дека интензивирањето на воениот конфликт во Украина ќе му донесе подобри резултати во војната.

20:10 – (ВИДЕО) Подготовки на Русија за Денот на победата: Огромен нуклеарен проектил на Црвениот плоштад во Москва

Според британските медиуми, меѓу мноштвото воени возила и опрема во центарот на Москва е забележана термонуклеарна ракета РС-24 Јарс. Станува збор за проектил тежок речиси 50 тони, кој може да носи до 10 боеви глави.

20:03 – Сите жени, деца и стари лица евакуирани од Азовстал

Украина попладнево соопшти дека сите жени, деца и постари лица се евакуирани од Азовстал, фабриката за челик во Мариупол, која е целосно опкружена од руските сили.

20:00 – ВИДЕО: Шест крстосувачки ракети ја погодија Одеса

Шест крстосувачки проектили денеска го погодија украинскиот пристанишен град Одеса, изјави портпаролката на Јужната воена команда на Украина.

19:36 – Сијарто: Последиците од санкциите на ЕУ за руската нафта ќе бидат како нуклеарна бомба

Шефот на унгарската дипломатија, Петер Сијарто, денеска предупреди дека последиците од планираниот пакет санкции на Европската унија за руските фосилни горива ќе бидат како „нуклеарна бомба“ за енергетската безбедност и економијата на Унгарија.

18:55 – УНХЦР: Бројот на бегалци од Украина надмина 5,8 милиони

Во изминатите 24 часа Украина ја напуштиле над 44.000 бегалци , што е вкупно околу 5,8 милиони од почетокот на руската воена инвазија врз оваа земја, соопшти денеска Високиот комесаријат за бегалци на Обединетите нации (УНХЦР).

18:55 – Украинските сили ги зацврстуваат позициите околу големите градови пред очекуваните руски напади за Денот на победата

Како што се приближува 9 мај, Денот на победата, градовите низ Украина се подготвуваат за очекуван раст на руски напади, а властите ги повикаа жителите да внимаваат на предупредувањата за воздушни напади.

18:50 – Првата дама на САД, Џил Бајден, им искажа поддршка на украинските бегалци во Романија

Американската прва дама, Џил Бајден, која за време на престојот во Европа сака да ја покаже поддршката за Украина и земјите кои и помагаат, денеска во Букурешт се сретна со членови на семејствата на украински бегалци од руската инвазија.

18:14 – Томас-Гринфилд: Русија останува постојана членка на Советот за безбедност на ОН

Вашингтон во моментов не очекува Русија да го загуби статусот на постојана членка на Советот за безбедност на Обединетите нации, но ќе продолжи со напорите да ја изолира Москва, изјави американската амбасадорка во Обединетите нации Линда Томас-Гринфилд

17:28 – Новите сателитски снимки го откриваат степенот на уништување на Азовстал

Објавени се нови сателитски снимки од фабриката за челик Азовстал во Мариупол, последното упориште на украинските бранители во разурнатиот град.

17:14 – Советот на Европа ги осудува кршењата на човековите права во војната во Украина

Комесарката за човекови права на Советот на Европа Дуња Мијатовиќ, чија четиридневна посета на Украина, не беше најавена од безбедносни причини, ги повика државите да продолжат да ги поддржуваат напорите на истрагата и обвинителството

17:14 – Володин: Вашингтон ги координира воените операции во Украина, тоа е директно мешање во војната против Русија

Претседателот на руската Државна дума, Вјачеслав Володин, денеска го обвини Вашингтон за координирање на воените операции во Украина, кои ги нарече директно мешање во воените дејствија против Русија.

16:45 – Блинкен: Путин се обидува да ја изврти историјата за да ја оправда бруталната војна во Украина

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен изјави дека рускиот претседател Владимир Путин се обидува да ја „изврти историјата“ во екот на комеморацијата за завршувањето на Втората светска војна „за да ја оправда својата неиспровоцирана и брутална војна против Украина“

16:40 – Лидерот на Ал Каеда, Ајман ал Завахри, ги обвини САД за војната во Украина

Лидерот на Ал Каеда, Ајман ал-Завахри, за кого подолго време се сметаше дека е убиен, а од пред еден месец повторно се појави во јавноста, денеска ги обвини САД за војната во Украина.

16:09 – ВИДЕО: „Russia Today“ тврди дека во близина на Мариупол бил фатен Хрват, а објавена е и снимка

Руската телевизија РТ објави видео од маж за кој вели дека е хрватски државјанин кој се борел во редовите на украинската армија. Тој наводно бил војник на украинската бригада која се криела во градот Мариупол.

15:48 – ВИДЕО: Украина тврди дека уништила уште еден руски брод

Украинската Влада соопшти дека уништила уште еден руски брод, а Министерството за одбрана потврди дека нападот го извршила со дрон Бајрактар ​​ТБ2.

15:25 – Бугарија бара од ЕУ двегодишно одложување, пред целосно да запре увозот на руска нафта

Претседателот на Комитетот за енергетика на Народното собрание на Бугарија, Радослав Рибарски, за „бТВ“ изјави дека Бугарија бара од ЕК за две години да се одложи запирањето на увозот на руска нафта.

15:02 – Полската војска крена ограда на 60 километри од заедничката граница со Белорусија

Полска досега ја зајакна постојната ограда на околу 60 километри од границата со Белорусија, соопшти полската гранична стража.

14:23 – Столтенберг со предупредување до Русија: Нуклеарна војна не се добива, сите ќе бидат губитници

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг ја предупреди Русија да не користи нуклеарно оружје во војната во Украина.

12:48 – Украина: Под истрага се повеќе од 10.000 руски воени злосторства

Повеќе од 10.000 наводни воени злосторства извршени од руските сили во Украина во моментов се под истрага, соопшти денеска Главното обвинителство на Украина.

11:51 – Русија: Уништени големи резерви на воена опрема испратена од САД

Руското Министерство за одбрана денеска соопшти дека руските сили уништиле големо количество воена опрема од САД и европските земји наменети за Украина во близина на железничката станица Богодухов во областа Харков.

11:00 – Зеленски: Во тек се преговори за спасување борци од челичарницата „Азовстал“

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека во тек се дипломатски обиди да се спасат преостанатите украински борци од фабриката за челик „Азовстал“ во Мариупол, која е нивно последно упориште.

10:28 – Украина: Русија загуби повеќе од 25.000 војници

Вкупните загуби на Русија во војната против Украина надминаа 25.000 војници, соопшти денеска Генералштабот на украинските вооружени сили.

10:26 – Пелоси: Русија да се прогласи за спонзор на тероризмот

Претседателката на Претставничкиот дом на американскиот Конгрес, Ненси Пел оси, која неодамна беше во посета на Украина, денеска изјави дека се залага американската администрација да ја прогласи Русија за држава што го спонзорира тероризмот

09:17 – Бајден и Трудо: Русија е целосно одговорна за војната

Американскиот претседател Џозеф Бајден и канадскиот премиер Џастин Трудо се согласија дека Русија е целосно одговорна за нејзината инвазија врз Украина и за натамошните напори за обезбедување безбедносна помош за Киев, соопшти Белата куќа.

09:10 – Прво заедничко соопштение на Советот за безбедност на ОН за Украина

Советот за безбедност на Обединетите нации едногласно го усвои своето прво соопштение од почетокот на руската воена акција на 24 февруари, изразувајќи „силна поддршка“ за напорите на генералниот секретар Антонио Гутереш да се најде мирно решение за „спорот“ во Украина.

08:49 – САД одобрија дополнителна воена помош за Украина во вредност од 150 милиони долари

САД продолжуваат со силната поддршка за храбриот народ на Украина во нивната одбрана на земјата од руската агресија и затоа одобривме уште еден пакет безбедносна помош, изјави синоќа американскиот претседател Џо Бајден.

08:10 – Кличко ги повика граѓаните да останат во своите домови на Денот на победата

Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко ги повика граѓаните да останат во своите домови од утре до понеделник, во периодот кога Русија го одбележува Денот на победата

07/05/2022

21:41 – Верешчук: Евакуирани се 50 лица од Азовстал

Украинската вицепремиерка Ирина Верешчук денеска изјави дека 50 жени, деца и постари лица се евакуирани од фабриката за челик Азовстал во Мариупол.

19:42 – Американски функционер: САД и доставиле на Украина информации за крстосувачот „Москва“

Неименуван американски функционер изјави дека САД и доставиле на Украина разузнавачки информации за локацијата на рускиот крстосувач „Москва“ пред нападот од кој потона, што е спротивно на тврдењата на Пентагон.

19:20 – Самопрогласените „ДНР“ и „ЛНР“ номинираа амбасадори во Москва

Околу два и пол месеци по нивното признавање од страна на Русија, самопрогласените источноукраински народни републики Доњецк и Луганск номинираа амбасадори во Москва, пренесе ДПА.

19:05 – Зеленски: Се уште сум отворен за преговори со Русија, предуслов е враќање на ситуацијата на 23 февруари

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека се уште е отворен за преговори со Русија, но го повтори ставот дека Москва мора прво да ги повлече своите сили на позициите пред инвазијата.

17:28 – Мариупол: Русија го прекрши прекинот на огнот при евакуацијата од Азовстал

Украинските власти во пристанишниот град Мариупол денеска соопштија дека Русија го прекршила прекинот на огнот за време на операцијата за евакуација на цивили од металуршката фабрика „Азовстал“.

16:35 – Зеленски го покани Шолц да го посети Киев на 9 мај – на Денот на победата

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска го повика германскиот канцелар Олаф Шолц да направи „силен чекор“ и да го посети Киев на 9 мај, датумот кога Русија ја одбележува победата на Советскиот Сојуз во Втората светска војна.

15:58 – Грчкиот Црвен крст ја испрати петтата хуманитарна помош за Украина

Грчкиот Црвен крст во присуство на министерот за цивилна заштита и климатска криза на Грција Христос Стлијанидис утрово испрати нова, петта по ред хуманитарна помош за Украина, јави дописничката на МИА од Атина.

15:25 – Германски производител на оружје: Поради војната очекуваме раст на приходите годинава

Германскиот производител на оружје „Рајнметал“ денеска потврди дека поради војната во Украина и најавените инвестиции во Бундесверот очекува силен раст на приходите оваа година, по стагнацијата во првиот квартал.

14:46 – Кремљ: „Воената операција во Украина се одвива според планот“

Спротивно на оценките на многу меѓународни експерти, Кремљ изрази задоволство од она што го направи неговата војска во Украина повеќе од 10 недели по почетокот на војната.

14:38 – Министрите за надворешни работи на Литванија, Летонија и Естонија во Киев

Министрите за надворешни работи на Литванија Габриелиус Ландсбергис, на Летонија Едгарс Ринкевичс и на Естонија Ева-Марија Лимец денеска пристигнаа во Киев.

14:36 – Џонсон: Велика Британија ќе ја интензивира помошта за Украина

Велика Британија сè повеќе ќе и помага на Украина, а тоа ќе трае се додека ѝ треба помошта, изјави британскиот премиер Борис Џонсон на донаторската средба во Лондон наречена „Храбра Украина“.

14:25 – Зеленски ќе се придружи на самиот на Г7 во недела да брифира за украинската војна

Украинскиот претседател Володимир Зеленски в недела на онлајн самитот им се придружи на лидерите на Г7 за да разговараат за ситуацијата во Украина, изјави денеска портпаролот на германската Влада.

14:23 – Печатено издание на Новаја Газета излезе надвор од Русија

Печатеното издание на познатиот весник Новаја Газета, кој е критичар на Кремљ, денеска излезе во европска верзија и тоа во Летонија, јави ДПА.

14:02 – Борел: ЕУ сега конечно се однесува како геополитички актер

Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Жозеп Борел денеска во Фиренца оцени дека Унијата денеска конечно дејствува како геополитички актер, користејќи го јазикот на силата.

13:53 – „Вечерњи лист“: И Хрватска бара изземање од ембаргото на руската нафта

Хрватска се залага за изземање од ембаргото на руската нафта според кое и после тековната година би можела за потребите на рафинеријата во Ријека да го увезува дериватот Vacuum Gas Oil (ВГО) за производство на дизел гориво, пренесува загрепски „Вечерњи лист“.

13:30 – Бугарија ќе стави вето на одлуката на ЕУ за руското нафтено ембарго објави ТВ Нова

Бугарија ќе стави вето на одлуката на ЕУ за руското нафтено ембарго доколку не биде вклучена во списокот на земји кои ќе го одложат воведувањето на оваа санкција, јави локалната ТВ НОВА, врз основа на свои извори.

13:14 – Руското производство на нафта со остар пад, експерти предвидуваат лоши сценарија

Производството на нафта во Русија бележи остар пад. Во март, производството е намалено за половина милион барели дневно, а до крајот на април, вкупното намалување порасна на милион барели дневно, јави OilPrice.com, главниот светски портал специјализиран за енергетика. Извор на информациите е Бернард Луни, директор на British Petroleum.

11:58 – Русија: Нема да користиме нуклеарно оружје во Украина

Кремљ во неколку наврати порача дека не планира да користи нуклеарно оружје во Украина, а сега тоа го повтори и Алексеј Зајцев, портпарол на руското Министерство за надворешни работи.

11:34 – Со масовна мобилизација Путин може да направи грешка што ќе предизвика револуција во Русија, тврди експерт

Независниот истражувач и експерт за Русија, Камил Галев сугерира дека постои реална можност претседателот да се одлучи за таква опција – што според него, би било тешка грешка со можни далекусежни последици за лидерот.

11:22 – ЕУ го менува предлогот за санкции кон Русија поради приговорите за ембаргото за нафта

Два извора од Европската комисија потврдиле за Ројтерс дека предлогот за нов пакет санкции против Русија е изменет за да им се овозможи на Унгарија, Словачка и Чешка подолг период на прилагодување на забраната за увоз на руска нафта.

11:12 – (ВИДЕО) Русија: Уништивме големо складиште за муниција на истокот на Украина

Руското Министерство за одбрана соопшти дека со проектили уништиле големо складиште за муниција во Краматорск, град во источна Украина.

10:53 – Зеленски покрена платформа за помош на Украина

Украинскиот претседател Володимир Зеленски почна глобална платформа за собирање средства со цел да и помогне на Украина да ја победи Русија и да ја обнови инфраструктурата на земјата.

09:43 – Богатите Руси бегаат во Дубаи

Руски милијардери и претприемачи пристигнуваат во Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ), изјавија бизнисмени за „Би-Би-Си“.

09:38 – Орбан е против ембарго за руската нафта: Тоа е атомска бомба за унгарската економија

Унгарија не може да ја поддржи сегашната форма на нов пакет санкции на Европската унија што вклучува ембарго за увоз на нафта, изјави денеска премиерот Виктор Орбан.

09:28 – Во тек е нов обид за евакуација на цивили од Азовстал

Градскиот совет на Мариупол на Телеграм изрази благодарност до сите кои учествуваа во евакуацијата на цивилите од разурнатиот град.

08:25 – Русија ги продолжува нападите на Азовстал

Русија продолжува со обидите целосно да го заземе опколениот југоисточен украински град Мариупол, соопшти британското Министерство за одбрана во дневниот разузнавачки извештај.

08:05 – Речиси 500 луѓе се евакуирани од Азовстал и Мариупол

Во заедничка операција на ОН и Црвениот крст евакуирани се речиси 500 луѓе од Азовстал, Мариупол и околните области, објави на Твитер генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш. Евакуацијата е изведена преку два хуманитарни конвои.

07:43 – Украина: Спасивме 324 граѓани при размена на затвореници со Русија

Во деветте размени на затвореници со Русија, 324 Украинци се спасени од почетокот на војната во февруари, соопшти Службата за безбедност на Украина.

07:42 – Зеленски: Русите уништија стотици болници, нема лекови за болните од карционом, нема инсулин

06/05/2022

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека во руските напади врз Украина биле уништени стотици болници и други институции, а лекарите останале без лекови за лекување на рак и дека не можат да вршат операции.

20:17 – Венедиктова: Идентификувавме 10 Руси за сторени воени злосторства во Буча

Масакрот на цивилите во Буча, кој беше откриен откако руските сили се повлекоа од градот што се наоѓа недалеку од Киев, го шокираше светот. Објавени беа фотографии од масакрирани тела оставени на патот, а голем број очевидци изјавија дека тие биле убиени од руските сили за време на окупацијата.

20:00 – Бела куќа: Бајден и Шолц разговараа за идните акции во Украина

Американскиот претседател Џо Бајден и германскиот канцелар Олаф Шолц денеска разговараа за натамошните активности во врска со руската агресија врз Украина, соопшти Белата куќа, пренесе ДПА.

19:50 – Шолц: Алена Бербок наскоро ќе отпатува за Киев

Шефицата на германската дипломатија Аналена Бербок наскоро ќе ја посети Украина, откако двете земји ги подобрија дипломатските односи, што беа заладени откако Киев одби да го угости германскиот претседател Франк-Валтер Штајнмаер, изјави денеска германскиот канцелар Олаф Шолц, пренесе ДПА.

19:17 – Грифитс: На пат е нов конвој на ОН за евакуација на Азовстал

Нов хуманитарен конвој на ОН е на пат кон фабриката за челик Азовстал во разурнатиот украински град Мариупол.

19:02 – Првпат по две недели Путин го коментираше Азовстал

Рускиот претседател Владимир Путин во телефонски разговор со израелскиот премиер Нафтали Бенет, денеска изјави дека Киев треба да им нареди на украинските борци во фабриката Азовстал во Мариупол да го положат оружјето.

15:50 – Моравјецки: Собрани 6,5 милијарди долари за Украина

На меѓународната донаторска конференција за Украина денеска се собрани 6,5 милијарди долари, објави полскиот премиер Матеуш Моравјецки.

15:26 – Штајнмаер и Зеленски ги надминале недоразбирањата околу посетата на Киев

Германскиот претседател Франк-Валтер Штајнмаер денеска телефонски разговарал со украинскиот претседател Володимир Зеленски и го надминал спорот околу идната посета на Киев, што првично беше одбиена, соопшти претседателскиот кабинет во Берлин, пренесе ДПА.

15:06 – Лајен: ЕК ќе даде уште 200 милиони евра за украинските бегалци и протерани

На меѓународната донаторска конференција во Варшава, Европската комисија објави пакет помош од 200 милиони евра за украинските бегалци и раселени лица.

15:03 – Украина нема да почне контраофанзива пред средината на јуни

Малку е веројатно дека Украина ќе почне контраофанзива пред средината на јуни, кога треба да добие повеќе оружје од своите сојузници, најави денеска советникот на украинскиот претседател Алексиј Арестович.

14:23 – Новинар на Киев Индепендент: Уништен најсилниот и најмодерниот тенк на Русија

Руската инвазија на Украина не одеше баш според планот, а тоа се однесува и на загубите на руската воена опрема. Меѓу највпечатливите загуби беше потонувањето на „Москва“, командниот брод на Црноморската флота.

14:14 – Песков: Знаеме дека Западот и праќа разузнавачки информации на Украина

Руската армија знае дека САД, НАТО и Велика Британија и доставуваат на Украина не само оружје, туку и разузнавачки информации и прави сè што е потребно во таа ситуација, изјави денеска портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков.

14:11 – Евробарометар: Огромно мнозинство граѓани на ЕУ ги одобруваат санкциите против Русија

Најновото истражување на јавното мислење на граѓаните на ЕУ покажува широка поддршка за начинот на кој Унијата се справува со Русија и војната во Украина

14:10 – Земјите-членки на ЕУ добија насоки за делумна суспензија на безвизниот режим со Русија

Европската Комисија им поднесе насоки на земјите-членки на ЕУ како да ги имплементираат одлуките за делумна суспензија на безвизно патување на одредени руски граѓани

14:09 – Лукашенко тврди дека правел се за да ја запре војната во Украина

Белорускиот претседател Александар Лукашенко денеска изјави дека „направил се за да ја запре војната во Украина“.

13:27 – Полска: На милиони Украинци итно им е потребна помош

Полската Влада во пресрет на денешната Меѓународна донаторска конференција во Варшава објави дека потребите на Украина се огромни и дека на милиони Украинци итно им е потребна помош.

13:25 – Зеленски: Специјална и забрзана процедура за членство на Украина во ЕУ

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, се обрати попладнево на донорската конференција на ЕУ за Украина со барање за средства и забрзана процедура за членство во ЕУ.

12:26 – ВИДЕО: Сепаратистите објавија снимка од нападот врз Азовстал

Се чини дека видеото објавено од сепаратистичка група поддржана од Русија покажува напад на фабриката за челик Азовстал во Мариупол.

12:23 – Кулеба објави порака од 8-годишно дете: Од 24 февруари умреа моите две кучиња, баба ми и мојот сакан Мариупол

Украинскиот министер за надворешни работи Дмитро Кулеба сподели шокантна порака напишана од осумгодишно момче од Украина. Кулеба рече дека осумгодишното дете по име Јехор ги бележел своите сеќавања додека се криел од руските бомби.

12:19 – ВИДЕО: Снимен моментот кога проектил удира во мостот во Дњепар

На социјалните мрежи се шири видео кое го прикажува моментот кога проектилот удира во мостот во украинскиот град Дњепар.

11:26 – Мек Грегор: Европа ќе има проблем без рускиот гас

Француската енергетска компанија Енжи се уште одбива рускиот гас да го плаќа во рубљи, а следната уплата доспева на крајот на мај.

11:24 – Конашенков: Во текот на ноќта уништени повеќе украински цели, убиени 600 војници

Артилерија на руските вооружени сили во текот на ноќта уништи 32 украински командни пунктови, пет складишта за муниција, 403 упоришта и 61 парче опрема, изјави денеска портпаролот на руското Министерство за одбрана, генерал-мајор Игор Конашенков

11:23 – Украина: Руските сили извршија ракетен напад врз железница во Дњепар

Руските сили истрелаа ракети врз објект на железничката инфраструктура во Дњепар, соопшти денеска прес-службата на Украинските железници.

10:55 – Русија: Украина гранатираше две белгородски села, нема жртви

Украина ги гранатираше руските белгородски села Журавлевка и Нехотејевка. Нема жртви, објави гувернерот на Белгородската област, Вјачеслав Гладков на Телеграм.

10:42 – Зеленски и Нафтали Бенет разговарале за „скандалозните и неприфатливи“ изјави на Лавров за антисемитизмот

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека разговарал со премиерот на Израел Нафтали Бенет за „скандалозните“ изјави на рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров, кој рече дека нацистичкиот лидер Адолф Хитлер имал еврејска крв.

10:40 – Најмалку 25 повредени цивили во ракетен напад врз Краматорск

Најмалку 25 цивили се повредени во ракетен напад врз Краматорск, Доњецк, извршен од страна на руските сили, соопшти Советот на градот на Телеграм.

09:41 – Британското Министерство за одбрана објави нови разузнавачки информации, пишува и за Белорусија

Британското Министерство за одбрана го објави најновиот извештај на разузнавачките служби, во кој се обработуваат информации за ситуацијата во Белорусија, каде вчера беше објавено дека се одржуваат големи воени вежби.

09:39 – Одбраната на „Азовстал“ е главен приоритет за Украина

Фабриката за челик „Азовстал“ стана „приоритет број еден“ за политичкото и военото раководство на Украина, изјави за Би-Би-Си советникот на украинскиот министер за одбрана, Јуриј Сак.

09:38 – Руските сили во Калининград вежбаа симулирани нуклеарни ракетни напади

Руското Министерство за одбрана денеска објави дека нејзините сили вежбаат симулирани нуклеарни ракетни напади во Калининград, западна енклава лоцирана меѓу Полска и Литванија.

09:29 – Линде: Шведска ќе добие своевидни безбедносни гаранции од САД доколку аплицира за членство во НАТО

Шведска доби уверување од САД дека ќе и обезбеди поддршка во периодот на разгледување на евентуалното барање за членство во НАТО, изјави шведската министерка за надворешни работи Ен Линде по средбата со американскиот државен секретар Ентони Блинкен во Вашингтон.

09:27 – Најмалку петмина цивили загинаа при руското гранатирање во Луганск

Загинаа петмина цивили во руско гранатирање изминатото деноноќие, изјави гувернерот на Луганск, Серхиј Гајдај.

08:08 – Украинската армија ја враќа контролата врз населби во близина на Херсон

Украинските трупи ја вратиле контролата врз неколку населени места околу Миколаев и Херсон на југот на земјата, соопштија претставници на Украинската армија.

07:55 – Руските сили презедоа сеопфатен напад врз Азовстал

Украински претставници денеска изјавија дека руските сили покренале сеопфатен напад врз челичарницата Азовстал во Мариупол.

07:37 – Руски хеликоптер влегол во финскиот воздушен простор

Руски хеликоптер го нарушил финскиот воздушен простор. Инцидентот се случил во јужниот дел на земјата, соопшти Министерството за одбрана на Финска.

07:30 – ВИДЕО: Загина украински новинар кој се бореше против руските сили

Загина украински новинар, кој се пријави во војска по руската инвазија на Украина, информираше украинскиот претседател Володимир Зеленски.

07:27 – Полско-шведска иницијатива за хуманитарна помош за Украина

Во Варшава денеска ќе се одржи меѓународна донаторска конференција во коорганизација на премиерите на Полска и Шведска, Матеуш Моравјецки и Магдалена Андерсон, во партнерство со претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел и претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен

05/05/2022

21:42 – Руската војска за утре најави отворање хуманитарен коридор од Азовстал

Руската војска најави дека утре ќе отвори хуманитарен коридор од опколената фабрика за челик Азовстал. Коридорот ќе биде отворен три дена, соопшти руската армија, која наведува дека рутите ќе бидат отворени од 8 до 18 часот по московско време.

20:55 – Сирени за тревога и експлозии од Лавов до Запорожје

Сирените за тревога се огласија во голем број украински градови – од Лавов на крајниот запад на земјата до Днепар, Черкаси и Запорожје на југоисток. Во последните три града се слушнале експлозии.

19:32 – Хрватска ќе додели пет милиони евра хуманитарна помош за Украина

Владата на Република Хрватска донесе Одлука за испраќање хуманитарна помош за населението на Украина по повод Меѓународната донаторска конференција, со придонес од пет милиони евра.

19:13 – Кулеба: Азовстал сè уште се држи

Украинскиот министер за надворешни работи Дмитро Кулеба ги отфрли руските тврдења дека јужниот град Мариупол сега е под целосна руска контрола.

19:09 – Силни експлозии во челичарницата Азовстал

На социјалните мрежи е објавено видео на кое се гледаат повеќе силни експлозии во челичарницата во Мариупол, јави Би-Би-Си.

17:51 – Шојгу: Го враќаме мирот во Мариупол

Рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу денеска на брифинг во Кремљ зборуваше за ситуацијата во Мариупол.

17:19 – Изгубен e контактот со украинските борци во челичарница во Мариупол

Градоначалникот на Мариупол Вадим Бојченко изјави дека се водат тешки борби во челичарницата Азовстал, „каде што украинските сили го бранат својот последен џеб на контрола во градот“.

16:54 – Отворен камп со украински бегалци кај Мексико Сити

Стотици украински бегалци отворија камп кај Мексико Сити и чекаат дозвола од владата на САД за влез во земјата, јавија американските медиуми.

16:39 – Захарова: Израелски платеници заедно со Азов се борат во Украина

Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи Марија Захарова денеска изјави дека „израелски платеници практично се рамо до рамо со екстремистите од Азов во Украина“.

16:37 – Членките на ЕУ не се договорија за ембарго на нафта

Постојаните претставници на земјите-членки на ЕУ не успеаја да постигнат договор за ембарго за увоз на руска нафта. Покрај Унгарија, против забраната за руската нафта се изјаснија и Словачка, Чешка и Бугарија.

15:49 – Киев не се согласува на замрзнат конфликт со Русија

Украина нема да се согласи на замрзнат конфликт со Руската Федерација, изјав и денеска украинскиот претседател Володимир Зеленски во видеообраќање на седницата на Бордот на извршни директори на Волстрит Џурнал.

13:40 – Песков: Западот ќе плати висока цена за антируските санкции

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков изјави денеска дека граѓаните на западните земји веќе плаќаат висока цена поради антируските санкции што ги воведоа нивните држави и предупреди дека цената ќе расте секој ден.

13:39 – Кремљ негира дека руската армија ја напаѓа фабриката за челик Азовстал во Мариупол

Кремљ денеска негираше дека руските сили извршиле напад врз фабриката за челик Азовстал, последното упориште на украинските сили во пристаништето Мариупол, во југоисточна Украина.

13:18 – ЕК: Санкциите врз руската нафта сега треба да ги одобрат земјите членки на ЕУ

Европската Комисија разјасни дел од најавите на претседателката фон дер Лајен за шестиот пакет санкции против Русија, кој предвидува рестрикции врз нафтениот сектор

13:10 – Шојгу: Оружјето што НАТО го испраќа во Украина, Русија ќе го смета за цел што треба да се уништи

Рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу изјави дека пратките со оружје што НАТО ги испраќа во Украина Русија ќе ги смета за цели што треба да се уништат, пренесе агенцијата РИА.

12:33 – Русија им забрани влез во земјата на Кишида и други официјални лица од Јапонија

Руското Министерство за надворешни работи денеска информираше дека воведена е забрана за влез на неколку десетици официјални лица од Јапонија, вклучувајќи го и премиерот Фумио Кишида, откако Токио се приклучи кон меѓународните санкции против Москва

12:32 – Европски парламент: Солидарноста во ЕУ е клучна за помош на Украина и ставање крај на војната

Во дебатата со Француската делегирана министерка за интеграција Брижит Клинкерт и претседателката на Комисијата Урсула фон дер Лајен, европратениците рекоа дека внатрешното единство и солидарност на ЕУ се клучни сега и за идната реконструкција на Украина

12:20 – Сикела: ЕУ „заборави“ да предложи механизам за замена на руска нафта

Забраната за увоз на руска нафта предложена од Европската Унија не вклучува механизми за споделување товар и заеднички набавки од други извори, изјави денеска чешкиот министер за индустрија и трговија Јозеф Сикела.

11:58 – Будимпешта: Планот на ЕУ за забрана на руската нафта не нуди „гаранции“ за енергетска безбедност на Унгарија

Унгарските власти денеска соопштија дека не гледаат гаранции за својата енергетска безбедност во предложената ембарго на ЕУ за руската нафта.

11:55 – Шефот на кабинетот на Зеленски: Изјавата на Лавров докажува дека Русија е закана за Евреите

Неодамнешните изјави на рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров за еврејската крв на Адолф Хитлер докажуваат дека Москва претставува закана за Евреите насекаде и се граничи со негирањето на Холокаустот, изјави Андриј Јермак, шеф на кабинетот на украинскиот претседател Володимир Зеленски.

10:45 – Унгарија и Словачка може да добијат дозвола да купуваат руска нафта до крајот на 2023 година

Унгарија и Словачка ќе можат да продолжат да купуваат руска сурова нафта до крајот на 2023 година согласно постоечките договори, тврди извор од Европската Унија за британски медиуми

10:29 – Шести пакет санкции на ЕУ против Русија, во Украина се интензивираат борбите

Европската унија денеска објави шести пакет санкции против Русија, чии сили напаѓаат цели во источна Украина и истрелуваат ракети кон фабриката за челик, последното упориште на отпорот во пристанишниот град Мариупол.

10:20 – (ВИДЕО) РИА: Украина гранатираше складишта за нафта, едно лице загина

Руската новинска агенција РИА јавува дека едно лице загинало, а две се повредени во гранатирање на складиште за нафта во Макејевка, лоцирано во областа контролирана од Русија на самопрогласената Народна Република Доњецк во источна Украина.

09:49 – Русија ќе го бојкотира состанокот на ОН со ЕУ, тврдат дипломати

Русија денеска ќе го бојкотира состанокот на Советот за безбедност на ОН со Политичкиот и безбедносен комитет на Европската Унија, што ќе биде ново влошување на односните меѓу Москва и партнерите од ОН, тврдат дипломати во изјава за западни медиуми.

09:42 – Со нови санкции ЕУ таргетира руски државни радиодифузери

Европската унија ќе таргетира уште три руски државни радиодифузери во новите санкции поради инвазијата на Украина

09:41 – Австралија со нови санкции против пратеници и министри поради ситуацијата во Украина

Австралиската Влада воведе нови санкции против 75 пратеници од Русија и 32 министри на самопрогласените народни републики, Доњецк и Луганск, поради ситуацијата во Украина, информираше денеска Министерството за надворешни работи на Австралија.

09:15 – Фон дер Лајен бара забрана за увоз на руска нафта до крајот на годината

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен го претстави планот ЕУ да го запре увозот на руска нафта до крајот на годината, како дел од најновиот пакет санкции на блокот против Москва.

09:14 – ЕУ предлага санкции за поглаварот на Руската православна црква

Европската комисија предлага санкционирање на поглаварот на Руската православна црква, патријархот Кирил, во последниот бран економски мерки против Русија

08:47 – Зеленски: За обнова на Украина ќе бидат потребни 600 милијарди долари

На Украина ќе и бидат потребни околу 600 милијарди долари за обнова на економијата и инфраструктурата по завршувањето на руската операција, изјави претседателот Володимир Зеленски на средба на високо ниво организирана од Волстрит журнал.

08:46 – Украинците ги потиснаа руските сили на 40 километри источно од Харков

Значајната украинска контраофанзива ги потисна руските сили на приближно 40 километри источно од градот Харков, соопшти Институтот за проучување на војната во својот најнов разузнавачки извештај.

08:10 – Јохансон: ЕУ мора да помогне за извоз на стоки од Украина

Европската унија мора да помогне во извозот на стоки од Украина, што е во застој како резултат на руската агресија, изјави синоќа еврокомесарката за внатрешни работи Илва Јохансон.

08:10 – Киев: Руските ракетни напади насочени кон уништување на транспортната инфраструктура

Генералштабот на вооружените сили на Украина утринава соопшти дека руските сили извршиле ракетни напади врз цели во многу региони на Украина, со цел уништување на транспортната инфраструктура.

07:43 – Украина тврди дека Русија одзела 400.000 тони жито

Украина соопшти дека руските власти украле 400.000 тони жито од окупираната украинска територија, соопшти синоќа во Киев заменикот-министер за земјоделство Тарас Висоцки.

07:43 – Европската комисија предложи нови санкции за руската нафта

Европската комисија предложи нови санкции за извозот на руска нафта поради инвазијата врз Украина, потврдија за ДПА претставници од извршната власт на ЕУ.

04/05/2022

21:15 – САД: Кошаркарката Бритни Грејнер е задржана од Русија противзаконски  

Стејт департментот денеска соопшти дека случајот со американската кошаркарка Бритни Грејнер се квалификува како противзаконско задржување од страна на Русија и дека нејзиниот случај е предаден во канцеларијата на специјалниот претставник на претседателот за заложници (СПЕХА), јави дописникот на МИА од Вашингтон.

20:16 – Макрон, во двочасовен телефонски разговор, го повика Путин да дозволи евакуација од Азовстал

Францускиот претседател Емануел Макрон во двочасовен телефонски разговор го повика рускиот претседател Владимир Путин „да дозволи продолжување на евакуацијата“ од фабриката за челик Азовстал во Мариупол.

19:48 – Кириленко: Најмалку 10 загинати во руското гранатирање фабрика на исток

Најмалку десет лица загинаа денеска, а 15 се повредени во руското гранатирање на хемиска фабрика во градот Авдеевка во источна Украина, изјави гувернерот на областа Доњецк, Павло Кириленко.

19:43 – ОН: Во Азовстал сè уште има цивили

На територијата на фабриката Азовстал има уште цивили но нивниот број засега не е познат, изјави на брифинг координаторката на ОН во Украина Оснат Лубрани.

19:16 – Германски авиони пресретнале руски извидувачки авион над Балтичкото Море

Германски борбени авиони пресретнале руски извидувачки авион над Балтичкото Море додека се приближувал до германскиот воздушен простор, јавија локалните медиуми, пренесува агенцијата Анадолија.

18:16 – Украински разузнавачи тврдат дека пресретнале информации за тоа колку ќе трае војната

Украинското разузнавање објави информации што ги собрале од руска страна, според кои „специјалните воени операции ќе бидат до септември 2022 година“.

17:26 – ОН: Првиот конвој цивили од Азовстал пристигна во град под контрола на украинските сили

Првиот конвој цивили кои со денови беа блокирани во челичарницата Азовстал во Мариупол пристигна денеска во блискиот град Запорожје, кој е под контрола на украинските сили, информираа Обединетите нации.

17:05 – Телефонски разговор Путин-Макрон

Западот треба да престане да испраќа оружје во Украина, изјави денеска рускиот претседател Владимир Путин во телефонски разговор со неговиот француски колега Емануел Макрон, соопшти Кремљ.

17:00 – Бајден во посета на фабриката за производство на Џавелин ракетите што ги добива Украина 

Американскиот претседател Џо Бајден денеска е во посета на фабриката на „Локид Мартин“ (Lockheed Martin) во Троја, Алабама, каде се произведуваат такви вооружени системи како противтенковските ракети Џавелин (Javelin), ефективно користени од Украина за заштита од руската инвазија, јави дописникот на МИА од Вашингтон.

16:45 – Руските сили почнаа да го гранатираат „Азовстал“

Руските сили почнаа со гранатирање на фабриката за челик „Азовстал“ во јужниот украински пристанишен град Мариупол, откако украинските војници го искористија прекинот на огнот за да заземат позиции, објави денеска агенцијата РИА Новости, повикувајќи се на руското Министерство за одбрана.

16:31 – Моди повика на итен прекин на огнот во Украина и мировни преговори

Индискиот премиер Нарендра Моди повика денеска на прекин на огнот во Украина и на мировни преговори меѓу Киев и Москва.

15:22 – Џонсон: Украина ќе ја победи Русија и повторно ќе биде слободна земја

Украина ќе ја победи Русија и повторно ќе биде слободна земја, изјави денеска британскиот премиер Борис Џонсон во своето обраќање во украинскиот Парламент преку видео врска.

14:36 – СЗО: Евакуирани луѓе од Азовстал се на пат кон безбедност под украинска контрола

Луѓето евакуирани од опколената фабрика за челик Азовстал во Мариупол се „на пат“ кон областите под контрола на украинската влада, подалеку од најинтензивните борбени зони, рече претставничката на СЗО за регионални вонредни ситуации.

14:34 – Москва: Во областа Харков е откриено големо складиште за оружје

Припадници на руската Национална гарда открија голем магацин со оружје и муниција во регионот Харков, кој им припаѓа на украинските сили за специјални операции, соопшти прес-службата на Националната гарда.

13:22 – Путин потпиша указ за економски мерки за непријателски земји

Рускиот претседател Владимир Путин денеска потпиша указ за реципрочни економски мерки, како одговор на „непријателските дејствија на одредени странски држави и на меѓународни организации“, соопшти денеска Кремљ.

12:42 – Макрон и Путин денеска ќе разговараат телефонски

Од Кабинетот на францускиот претседател информираа дека Емануел Макрон денеска ќе разговара телефонски со рускиот колега Владимир Путин.

12:32 – Бојченко се надева дека евакуираните од Азовстал денеска ќе стигнат до Запорожје

Градоначалникот на Мариупол, Вадим Бојченко изрази надеж дека првата колона евакуирани од урнатините на челичарницата Азовстал денеска ќе стигнат до градот Запорожје, контролиран од Украина.

12:06 – Украина: Убивме 24.200 руски војници

Генералштабот на вооружените сили на Украина ја објави најновата проценка на руските загуби од почетокот на инвазијата.

11:50 – Папата: Орбан ми кажа дека Путин планира да ја заврши војната на 9 мај

Папата Франциско рече дека унгарскиот премиер Виктор Орбан му кажал на неодамнешниот состанок кон крајот на април, дека рускиот претседател Владимир Путин планира да стави крај на инвазијата на Украина на 9 мај

11:35 – (ВИДЕО) Русите објавија снимка: „Нашите Су-24 ги бомбардираа камуфлираните позиции на Украинците“

Руското Министерство за одбрана објави снимка за која тврди дека покажува воздушен напад на руски борбен авион Су-24 врз, како што велат, врз камуфлираните утврдени позиции на украинската армија.

11:14 – Градоначалникот на Мариупол: Најмалку 200 цивили остануваат во челичарницата

Градоначалникот на Мариупол, Вадим Бојченко рече дека има уште околу 100.000 цивили во разурнатиот град, а околу 200 во фабриката за челик Азовстал, последното упориште на украинските бранители.

09:31 – ЕУ се соочува со опасноста од прекин на испорака на рускиот гас

Европа се соочува со потенцијална криза кон средината на месецов, кога државите од Европската Унија ќе треба да ги отрфлат барањата на Москва, плаќањето за гориво да се врши во рубљи, иако немаат алтернативни решенија во врска со гасот, предупреди Брисел

08:51 – Папата Франциск бара средба со Путин, Москва засега без одговор

Поглаварот на Римокатоличката црква, папата Франциск потврди дека побарал средба со рускиот претседател Владимир Путин во Москва за да се обиде да ја запре војната во Украина, но дека се уште не добил одговор.

08:10 – Зеленски за изјавата на Лавров дека и Хитлер имал еврејско потекло

Украинскиот претседател Володомир Зеленски ја критикуваше изјавата на шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров, според кој „Адолф Хитлер имал еврејска крв“ и „најжестоките антисемити обично се Евреите“.

07:50 – Киев: Во ракетирањето на Одеса убиен тинејџер

Станбена зграда и црква во црноморското пристаниште Одеса во југозападна Украина беа погодени од ракетен напад синоќа, при што загина момче на возраст од 14 години, соопштија властите, пренесува Скај Њуз.

07:49 – Џонсон во Врховната Рада ќе го поздрави украинскиот отпор на „руската тиранија“

Премиерот на Велика Британија, Борис Џонсон денеска ќе одржи говор во украинската Врховна Рада. Тој е прв светски лидер кој ќе зборува во украинскиот Парламент, од почетокот на руската воена операција на 24 февруари.

07:49 – Велика Британија ќе обезбеди 356 милиони евра воена помош за Украина

Британските власти соопштија дека ќе обезбедат 356 милиони евра дополнителна воена помош за Украина, покрај досегашната помош во вредност од околу 237 милиони евра.

07:34 – Шолц: Санкциите кон Русија ќе бидат во сила се до потпишување на мировен договор со Украина

Санкциите наметнати на Русија како одговор на нејзината инвазија врз Украина нема да бидат укинати додека Москва не постигне мировен договор со Киев, изјави синоќа германскиот канцелар Олаф Шолц, додавајќи дека мировните услови треба да ги одреди Украина.

07:32 – Карпентер: Русија планира да ги припои Доњецк и Луганск

Русија наскоро планира да ги припои самопрогласените народни републики Доњецк и Луганск, тврди американскиот амбасадор во ОБСЕ, Мајкл Карпентер.

07:23 – Германија досега во Украина испрати оружје и опрема во вредност од 190 милиони евра

Германија испрати оружје и опрема во вредност од повеќе од 190 милиони евра во Украина во првите осум недели од руската инвазија.

07:21 – Словачка ќе бара изземање од санкциите за руската нафта

Словачка ќе инсистира да биде изземена од ембаргото за купување руска нафта доколку руската нафта биде санкционирана од 2023 година, изјави вицепремиерот и министер за економија Ричард Сулик по вонредниот состанок на министрите за енергетика на ЕУ.

07:20 – Борел најави ново исклучување од SWIFT на руски банки

Високиот претставник на ЕУ за надворешни работи Жозеп Борел најави дека и други руски банки ќе бидат исклучени од SWIFT. За време на посетата на Јужна Америка, Борел не прецизираше кои нови руски банки ќе бидат исклучени од тој банкарски систем.

03/05/2022

21:26 – Марченко: Одеса под руски ракетен напад, има жртви

Црноморскиот пристанишен град Одеса на југозападот на Украина вечерва беше погоден од руски ракети, изјави локалниот гувернер Максим Марченко.

16:33 – ОН: Бројот на цивили загинати во Украина е над 3.000

Канцеларијата на ОН за човекови права (ОХCР) денеска соопшти дека бројот на цивили убиени во Украина од почетокот на руската инвазија на 24 февруари надмина 3.000.

15:52 – Зеленски утре со видео порака ќе се обрати до албанските пратеници

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, со видео порака утре ќе се обрати пред албанските народни избраници.

15:12 – Американските дипломати се надеваат дека ќе се вратат во Киев до крајот на месецот

САД се надеваат дека нивните дипломати ќе можат да се вратат во главниот град на Украина Киев, каде Вашингтон ја затвори својата амбасада неколку дена пред руската инвазија, „до крајот на месецот“, изјави денеска вршителката на должноста амбасадор Кристина Квиен.

12:54 – ВИДЕО: Голема експлозија ја југот на Украина на аеродром кој е под руска контрола

Голема експлозија се случила во близина на аеродромот под контрола на руските сили на југот на Украина, јавува Си-Ен-Ен.

12:37 – Украина: Русите го убија припадникот на Азов кој се предате, сликите од телото ги испратија на мајка му

Антон Герашенко, советник на украинскиот министер за внатрешни работи, потсети дека Русите снимиле пропагандно видео во кое ги гарантираат животите на сите украински борци кои ќе им се предадат на руските сили.

10>34 – Данска повторно ја отвори амабсадата во Киев

Данска денеска повторно ја отвори својата амбасада во Киев, објави министерот за надворешни работи Јепе Кофод за време на ненадејната посета на украинскиот главен град.

10:22 – Џил Бајден оваа недела во Романија и Словачка

Првата дама на САД Џил Бајден оваа недела ќе отпатува во Романија и Словачка за да се сретне со семејствата на украинските бегалци, американските хуманитарни и воени работници и вработените во амбасадата, соопшти денеска нејзиниот кабинет.

10:06 – Состанок на министрите за енергетика на ЕУ откако Русија прекина со испорака на гас за Полска и Бугарија

Министрите за енергетика на Европската унија на специјален состанок во Брисел денеска треба да разговараат за одлуката на Русија да ја прекине испораката на гас за Полска и Бугарија.

10:04 – Ердоган за оваа недела најави разговор со Путин

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган најави продолжување на телефонските разговори со неговиот руски колега Владимир Путин.

09>58 – Унгарија е против забраната за увоз на руски гас и нафта

Унгарија продолжува да се спротивставува на идејата ЕУ да го забрани увозот на руски гас и нафта, изјави портпаролот на унгарската влада Золтан Ковач.

09:19 – (ВИДЕО) Украина објави снимка: Русија со проектил погоди складиште со жито

Шефот на регионалната администрација на Днепропетровск, Валентин Режинченко, објави дека руска ракета уништила складиште за жито во регионот. Според првите информации, во нападот нема загинати.

08:25 – Баербок: Германија го поддржува ембаргото за руската нафта

Министерката за надворешни работи Аналена Баербок повтори дека Германија е за ембарго на нафта против Русија.Германија сега е „подготвена“ да се снаоѓа без руска нафта неколку години, изјави таа за јавната телевизија АРД.

08:23 – Украина: Откривме руски шпиони во штабот на украинската војска

Украинската разузнавачка служба објави дека открила руски шпионски ланец.

08:08 – (ВИДЕО) Сведоштво на евакуираните од Азовстал: Не видовме сонце два месеца

Десетици цивили се евакуирани од Мариупол по неколку недели опсада во фабриката за челиk Азовстал. Жена кој беше меѓу евакуираните вчера вели дека не видела сончева светлина два месеца, додавајќи дека мислела дека нема да преживее.

08:06 – Лавров ја обвини Украина дека ги саботира преговорите

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров ја обвини Украина дека ги саботира преговорите со Русија.

08:03 – Нови експлозии во руската област Белгород

Две експлозии одекнаа рано утринава во Белгород, регион во јужна Русија што граничи со Украина, објави регионалниот гувернер Вјачеслав Гладков.

08:00 – Стотици цивили уште се заглавени во Азовстал

Стотици луѓе се уште се во опколената челичарница Азовстал во Мариупол, изјави синоќа Денис Шлеха од Украинската национална гарда. Тој додаде дека ќе бидат потребни уште најмалку две евакуации како вчерашната за да се извлечат сите.

02/05/2022

20:48 – Украинците тврдат дека е повреден главниот командант на руската војска

Валериј Герасимов, врховниот командант на руската армија, наводно бил ранет во Украина.

19:43 – Евакуација само на цивили од Азовстал, останатите жители на Мариупол ќе се извлекуваат утре

Покрај борците и цивилите заробени во челичарницата Азовстал во Мариупол, се проценува дека има и околу 100.000 жители во другите делови на градот.

19:15 – ВИДЕО: Гори воен објект во Русија

Едно лице е повредено во пожар што избувна во воен комплекс во рускиот град Белгород на границата со Украина, изјави гувернерот на Белгородската област.

18:38 – Европската унија до крајот на годината може да воведе забрана за увоз на руска нафта

До крајот на годината ЕУ најверојатно ќе воведе постепено забрана за увоз на руска нафта како дел од новата рунда санкции против Русија поради нејзината инвазија на Украина, изјавија извори за француски медиуми.

18:07 – Украинскиот амбасадор во Германија: Третата светска војна веќе е почната

Светлината исчезна. Одењето и уживањето во сонцето изгледаат несоодветни. Животот се дели на пред и по 24 февруари, рече украинскиот амбасадор во Германија Андриј Мелник во инервју за Билд.

16:05 – Евакуацијата на цивилите од Мариупол ја потврдија и Обединетите нации и Црвениот крст

Во тек е евакуација на цивилите од Мариупол потврди портапролот на Обединетите нации.

14:55 – Путин потпиша нов закон, Русија не ги признава дипломатските пасоши на ЕУ

Рускиот претседател Владимир Путин потпиша закон за суспензија на поедноставеното издавање визи за граѓаните на повеќето европски земји.

14:41 – Папата ја критикуваше Русија: Мариупол е варварски бомбардиран

Папата Франциско денеска го повтори повикот за воспоставување хуманитарни коридори за евакуација на цивилите од украинскиот град Мариупол, кој, како што рече, беше „варварски бомбардиран и уништен“.

14?02 – Украина: Повторно го нападнавме Змискиот остров, убиени се 42 руски војници

Украинската армија соопшти дека повторно ги ракетирала руските позиции на Змискиот Остров.

13:43 – Од челичарницата Азовстал евакуирани 46 цивили

Руското Министерство за одбрана денеска соопшти дека вчера од челичарницата Азовстал во Мариупол евакуирани се 46 цивили.

11:26 – Германија поддржува ембарго за увоз на руска нафта

Германија ја поддржува Европската унија во нејзината намера да воведе ембарго за увоз на нафта од Русија. За време на последните прелиминарни разговори за шестиот пакет санкции против Русија, Германците гласаа за забраната, јави агенцијата ДПА, повикувајќи се на дипломатски извори.

11:04 – Русија ја обивинува Украина за гранатирање на сопствените цивили

Руското Министерство за одбрана соопшти дека украинските сили гранатирале цели во украинскиот јужен регион Херсон.

11:04 – Во Херсон од денеска ќе се користат рубљи најави проруската власт

Окупираниот украински град Херсон денеска ќе премине на рубљи, тврди проруската администрација. Британското Министерство за одбрана ги објави најновите податоци од теренот во Украина, овојпат со акцент на ситуацијата во Херсон.

08:54 – (ВИДЕО) Ненси Пелоси во Киев: Вашата борба е борба за сите

Претседателката на претставничкиот дом на Сенатот Ненси Пелоси беше во посета на Киев.

08:45 – Британците откриле руска фабрика за тролови која шири лажни вести за војната во Украина на социјалните мрежи

Британското Министерство за надворешни работи соопшти дека Русија користи фабрика за тролови за да шири дезинформации за војната во Украина на социјалните мрежи и за политичарите во голем број земји, вклучително и Велика Британија и Јужна Африка.

08:15 – Кулеба: Само целосниот суверенитет врз целата земја носи мир

Единствениот начин да се врати мирот во Украина е да се врати украинскиот суверенитет на целата територија на земјата, изјави украинскиот министер за надворешни работи Дмитриј Кулеба во интервју за кинеската државна новинска агенција Ксинхуа.

08:06 – (ВИДЕО) Зеленски: Секој руски војник може да си го спаси животот, подобро да преживеете во Русија отколку да умрете тука

Од почетокот на руската инвазија на 24 февруари, повеќе од 23.000 руски војници загинале во Украина, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски.

08:03 – За два месеца Русите убија двојно повеќе луѓе отколку нацистите вели градоначалникот на Мариупол

Градоначалникот на Мариупол Вадим Бојченко изјави дека во двете години окупација на Мариупол за време на Втората светска војна, нацистите убиле десет илјади луѓе.

01/05/2022

21:44 – ВИДЕО: 20 цивили се евакуирани од челичарницата Азовстал во Мариупол

Украинските борци опколени од руските сили во фабриката за челик Азовстал во Мариупол потврдија дека група цивили успеале да ја напуштат локацијата.

20:59 – Германија остро и одговори на Русија: Немаме намера да го плаќаме гасот во рубљи

Германија не планира да го плаќа рускиот гас во рубљи и во моментов прави се што може за да ја прекине зависноста од руските енергенси.

19:46 – Русите продолжуваат со нападите на Мариупол, украинската војска презеде дел од Харков

Украинската армија тврди дека руските сили денеска продолжиле да го напаѓаат веќе разурнатиот Мариупол.

19:16 – Русите го нападнаа аеродромот во Одеса, оштетена е пистата

Руските сили извршија ракетен напад на аеродромот во Одеса, при што пистата е оштетена и сега е неупотреблива, соопшти денеска украинската армија.

17:56 – Русија ја засилува воената офанзива во Источна Украина

Портпаролот на украинското Министерство за одбрана Александар Мотузјаник денеска изјави дека руските сили истовремено го засилуваат интензитетот на вооружените дејствија во источна Украина во сите правци на дејствување.

17:54 – Во Буча пронајдени уште тела

Телата на тројцата мажи се пронајдени во јама во близина на Буча, место кај Киев кое стана синоним за руските воени злосторства, соопшти украинската полиција.

17:03 – ВИДЕО: Анџелина Џоли пристигна во Лавов

Џоли е специјална претставничка на UNCHR за бегалци.

15:55 – Русија досега врз Украина истрелала проектили вредни 7,5 милијарди долари објави Форбс

Руските сили испукале 1.300 проектили врз Украина, и тоа неа ја чини најмалку 7,5 милијарди долари, објави магазинот Форбс.

14:41 – Франција ќе го „интензивира“ снабдувањето со воена и хуманитарна помош за Украина

Францускиот претседател Емануел Макрон изјави дека Франција ќе „интензивира“ снабдување со воена и хуманитарна поддршка по разговорот со неговиот украински колега Володимир Зеленски.

14:40 – Русија: Во последниот напад убивме 120 војници

Русија објави дека во последните ракетни напади во источна Украина, тие биле насочени кон складишта за муниција и гориво. Четири такви цели биле погодени во близина на градовите Барвинкова, Покровскоје, Воздвиженка и Березово.

12:39 – Зеленски: Русија прави се за да го уништи животот во Донбас

Русија прави се што може за да го уништи животот во регионот на Донбас во источна Украина, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски.

12:30 – Украина обвинува дека Русите крадат жито од окупираните територии

Руските сили украле значително количество жито од окупираните територии на Украина, изјави заменик министерот за земјоделство на Украина Тарас Висоцки.

11:09 – Конашенков: Во Украина погодени 389 цели и убиени 120 националисти

Руската артилерија синоќа погоди уште 389 цели во Украина, вклучително и 15 магацини со ракетно и артилериско оружје и муниција, изјави денеска портпаролот на руското Министерство за одбрана, генерал-мајор Игор Конашенков.

10:31 – Лавров: Укинувањето на санкциите против Русија е дел од преговорите со Украина

Укинувањето на санкциите наметнати на Русија е дел од мировните преговори меѓу Москва и Киев, кои се тешки, но продолжуваат на дневна основа, изјави шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров.

09:49 – ВИДЕО: Украинците објавија снимка од жестоко бомбардирање на руските позиции

Украинските сили на еден од официјалните канали на Фејсбук објавија видео од бомбардирањето на руските позиции во близина на Изум на истокот на земјата.

09:34 – Британското разузвање ги прецизира главните руски проблеми

Британското Министерство за одбрана објави нов извештај за ситуацијата на бојното поле во Украина. Денес, нивниот фокус е на ситуацијата во руската армија.

08:22 – ВИДЕО: Загина американски маринец кој се бореше на страната на Украина

Семејството на Вили Кенсел вчера соопшти дека тој загинал во Украина, и дека е првиот Американец кој загинал затоа што се борел на страната на украинската војска.

08:07 – (ВИДЕО) Зеленски: Мариупол е концентрационен логор среде урнатини

Во своето редовно ноќно видеообраќање, украинскиот претседател Володимир Зеленски го опиша уништениот град Мариупол како „руски концентрационен логор среде урнатини“.

08:06 – Лавров: Со поддршката на режимот во Киев и испраќањето оружје, земјите на НАТО спречуваат политички договор

Повеќе од еден милион луѓе се евакуирани од Украина во Русија од 24 февруари, денеска рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров. Меѓу тие 1,02 милиони, 120.000 странци и жители беа евакуирани од одметнатите проруски региони Донецк и Луганск.

30.04.2022

21:16 – Словачка и Полска подготвуваат испорака на борбени авиони за Украина

Словачка и Полска постигнаа договор за испорака на словачки борбени авиони МиГ-29 на Украина, објавија во Братислава министрите за одбрана на двете држави.

19:10 – САД не гледаат закана дека Русија ќе употреби нуклеарно оружје и покрај реториката, тврди официјален претставник од одбраната

САД не веруваат дека постои закана Русија да употреби нуклеарно оружје, и покрај неодамнешното заострување на реториката на Москва, изјави денеска неименуван висок претставник на американската одбрана.

18:57 – Гутереш: ОН ќе ги удвојат напорите за спас на животи и намалено страдање во Украина 

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, во твит денеска напиша дека ОН нема да се предадат и дека ќе ги удвојат своите напори да спасат животи и да го намалат страдањето во Украина.

13:39 – Новинарка на Радио Слободна Европа загина при напад врз Киев

Украинските спасувачи денеска го извлекоа безживотното тело на продуцентката на Радио Слободна Европа, Вира Хирич од под урнатините на зграда во Киев, што беше погодена од проектил.

13:24 – Русија не покани странски лидери на прославата на Денот на победата

Русија не покани странски лидери на прославата на Денот на победата во Москва на 9 мај, бидејќи тој датум во 2022 година не е јубилеен, изјави денеска портпаролот на рускиот претседател Дмитриј Песков.

13:20 – Русите првпат ја нападнаа Украина од подморница

Дизел подморницата стационирана во Црното Море првпат е употребена за напад на украински цели со крстосувачки ракети „Калибар“.

12:54 – Лукашенко: Западот со санкции нема да ги фрли на колена Минск и Москва

Западот со санкции нема да успее да ги фрли на колена Минск и Москва, изјави денеска белорускиот претседател Александар Лукашенко.

11:38 – Гранатиран контролен пункт во руско село

Контролен пункт во руско село што граничи со Украина денеска е гранатиран, изјави гувернерот на областа Курск, Роман Старовојт.

10:37 – Русија: Уништена воена фабрика во Киев

Министерството за одбрана на Русија денеска соопшти дека руските сили ги уништиле производствените капацитети на воената фабрика Артјом во украинскиот главен град Киев со високо прецизни ракети со голем дострел.

10:25 – Борел: Мариупол е европскиот Алепо

Високиот претставник на Европската Унија за надворешна политика, Жозеп Борел смета дека Мариупол е европскиот Алепо.

09:50 – За денеска е планирана евакуација на цивили од „Азовстал“

За денеска е планирана операција за извлекување на цивили од фабриката „Азовстал“, соопшти кабинетот на претседателот на Украина, Володимир Зеленски.

09:34 – Гилдеј: Нема да испраќаме воени бродови во Црното Море

Соединетите Американски Држави не планираат да испратат воени бродови во Црното Море во догледна иднина за да избегнат понатамошна ескалација на тензиите со Русија, изјави началникот на Генералштабот на американската морнарица, адмирал Мајкл Гилдеј.

08:31 – ОБСЕ официјално ја заврши осумгодишната мисија во Украина

Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ) соопшти дека и официјално по осум години ја завршува својата набљудувачка мисија во Украина, откако Русија стави вето на нејзиното продолжување.

08:27 – Киев: Најмалку едно лице загина, неколкумина се повредени

Најмалку едно лице загина, а неколкумина се повредени, вклучувајќи ги и оние кои останаа заробени под урнатините, откако руските сили вчера го нападнаа главниот град на Украина, соопштија спасувачките екипи.

08:26 – Санду: Молдавија се подготвува за можен прекин во испораката на гас од Русија

Молдавските власти се подготвуваат за можен прекин во испораката на гас од Русија, изјави претседателката на Молдавија, Маја Санду.

08:19 – Гутереш: Нуклеарната војна е незамислива

Нуклеарната војна е незамислива, изјави генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш во Киев, зборувајќи за можна трета светска војна.

08:17 – Лешченко: Путин ќе ги нападне и земјите од НАТО

Советникот на украинскиот претседател, Сергеј Лешченко е уверен дека Русија ќе ги нападне и земјите членки на НАТО.

08:14 – Песков: Цивилите можат да го напуштат „Азовстал“, милитантите да го положат оружјето

Рускиот претседател Владимир Путин еднаш изјави дека цивилите можат слободно да ја напуштат фабриката за челик „Азовстал“, додека милитантите мора да го положат оружјето, изјави синоќа портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

08:05 – Ананд: Канадски воени специјалисти ги обучуваат украинските сили „за да се борат и победат“

Министерот за одбрана на САД, Лојд Остин, по средбата со својата канадска колешка Анита Ананд се заблагодари на Канада за помошта што ја дава на Украина, вклучително и обуката на украинските војници преку програмата „Јуниформ“.

29/04/2022

21:41 – Советот на Европа бара да се формира казнен суд за злосторства во Украина

Парламентарното собрание на Советот на Европа повика на формирање „ад хок меѓународен кривичен суд“ што ќе им суди на „сторителите на злосторствата во агресијата против Украина“, нападната од Русија пред два месеца.

21:07 – Во Софија се одржа митинг за поддршка на Украина

Голем број луѓе се собраа на марш за воена помош и солидарност со Украина, јави дописникот на МИА од Софија. Бројни бугарски интелектуалци, писатели, јавни личности, припадници на украинската дијаспора и бегалци од Украина се собраа пред зградата на претседателската администрација, веејќи бугарски, украински и европски знамиња и транспаренти за поддршка на борбата на Украина против руската агресија.

20:29 – Експлозии во Киев по состанокот на Зеленски со Гутереш

Најмалку две експлозии беа регистрирани вечерва во главниот град на Украина, Киев, веднаш по средбата меѓу украинскиот претседател Володимир Зеленски и генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш.

18:46 – Некои руски сили го напуштаат Мариупол, тврди американски официјален претставник

САД видоа некои навестувања за повлекување на дел од руски сили од украинскиот град Мариупол, како и нивното движење кон северозападниот дел на земјата, иако борбите за пристанишниот град продолжуваат, тврди неименуван висок претставник на американската одбрана, јавија американските медиуми.

18:14 – Бајден: Подготвени на сѐ што Русија прави и се заканува да го направи

Во обараќање до јавноста денеска од Белата куќа, американскиот претседател Џо Бајден укажа дека Русија бара изговор за своите загуби со тоа што тврди дека НАТО и САД ја напаѓаат Русија во „прокси“ војна, иако тоа го извршуваат воените сили на Украина.

16:21 – Наришкин со обвинување до Вашингтон и Варшава дека планираат поделба на Украина

Шефот на руската Агенција за разузнавање денеска ги обвини САД и Полска дека планираат да добијат сфера на влијание во Украина, што е најсилниот сигнал од Москва дека војната може да заврши со присилна поделба на Украина меѓу Западот и Русија.

16:18 – Киев: Во Украина загинаа најмалку 22.800 руски војници

Најмалку 22.800 руски војници досега се убиени во Украина, соопшти денеска украинската војска.

14:24 – Киевската полиција: Во регионот пронајдени се 1.150 мртви цивили од почетокот на конфликтот

Од почетокот на конфликтот во регионот на Киев пронајдени се 1.150 безживотни тела на цивили. Од 50 до 70 отсто од нив, имале повреди од куршуми од мало оружје, соопшти денеска киевската полиција.

13:08 – Захарова: Русија остро ќе одговори на охрабрувањето на Украина да нападне руски цели

Русија остро ќе одговори на натамошните обиди да се охрабрат украинските вооружени сили да нападнат руски воени објекти, предупреди денеска портпаролката на Министерството за надворешни работи, Марија Захарова.

13:06 – Долниот дом на Бундестагот поддржи испорака на оружје за Украина

Долниот дом на Бундестагот денеска со мнозинство гласови ја поддржа петицијата за помош на Украина, што подразбира испорака на оружје, вклучувајќи и тешко вооружување за одбрана од руските напади, објавија западни медиуми.

12:32 – Гутереш: Русија да соработува со Меѓународниот кривичен суд

Генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш за време на престојот во Украина го посети градот Буча, каде по повлекувањето на руските војници беа убиени стотици цивили.

12:30 – Русија го казни Твитер со три милиони рубљи

Судот во Москва денеска го казни Твитер со три милиони рубљи (околу 37.000 евра), бидејќи, како што се наведува во образложението, одбил да ги отстрани објавите со упатства за подготовка на „молотови коктели“ и нацистички кукасти крстови.

12:23 – Зеленски во вторник со видео порака ќе се обрати до албанските пратеници

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски се очекува да се обрати пред албанскиот Парламент на следната пленарна седница

12:07 – Гроси: Ситуацијата во нуклеарната централа Запорожје е неодржлива

Ситуацијата во украинската нуклеарна централа Запорожје, окупирана од руските сили, не е одржлива и може да се покаже како опасна, предупреди генералниот директор на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), Рафаел Гроси.

12:05 – Брнабиќ: Американските власти не и поставија ултиматуми на Србија за санкции кон Русија

Премиерката на Србија Ана Брнабиќ изјави дека американските претставници кои неодамна го посетија Белград не и поставија ултиматуми на Србија во врска со воведувањето санкции против Русија

12:04 – Бугарскиот премиер Петков во посета на Украина

Бугарскиот премиер Кирил Петков пристигна во посета на Киев

11:43 – Фајненшл тајмс: Најголемите европски увозници на гас се подготвуваат за плаќање во рубљи

Најголемите европски увозници на гас се подготвуваат да се согласат со барањето на рускиот претседател Владимир Путин да го платат гасот во руски рубљи, објави „Фајненшл тајмс“.

11:41 – Захарова: Ќе одговориме на сите мерки од САД, дури и на „идиотските“

Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи Марија Захарова коментирајќи го предлогот на американскиот Конгрес, Русија да се прогласи за „спонзор на тероризмот“, изјави дека Москва ќе одговори на сите мерки, вклучително и „идиотските“.

11:39 – Волас: Можно е Русите во Украина да станат некој вид „растечки тумор“

Британскиот министер за одбрана, Бен Волас, денеска оцени дека рускиот претседател Владимир Путин не успеал да ги оствари главните цели во Украина, предупредувајќи дека затоа би можел да и нареди на војската да ги зацврсти позициите во Украина и на тој начин да стане, како што рече, некаков „растечки тумор“.

11:26 – САД нудат награда од 10 милиони долари за информации за руските хакери од ГРУ

Американскиот Стејт департмент објави награда од 10 милиони долари за информации за шесте руски хакери, припадници на руското воено разузнавање (ГРУ), кои „ја таргетирале критичната американска инфраструктура преку кибер операции“.

10:46 – Британски генерал: Западот мора да се подготви за војна

По вчерашната изјава на британската министерка за надворешни работи Лиз Трас која нагласи дека руските сили треба да бидат протерани од цела Украина, поранешниот заменик-командантот на НАТО за Европа, генералот Ричард Ширеф, денеска истакна дека тоа е „апсолутно правилен пристап“.

10:45 – Русија суспендирана од Светската туристичка организација

Руската Федерација е суспендирана од Светската туристичка организација (UNWTO), со што веднаш ги губи правата и привилегиите како членка на специјализираната агенција на ОН за туризам.

10:44 – Русија свикува неформален состанок на Советот за безбедност на ОН за Украина на 6 мај

Русија на 6 мај ќе свика неформален состанок на Советот за безбедност на Обединетите нации за ситуацијата на теренот во Украина, најави Сергеј Леонидченко, виш советник на постојаниот претставник на Русија во Обединетите нации.

10:18 – Русија сериозно и се закани на Јапонија

Русија ја предупреди Јапонија и се закани со „одмазднички мерки“ доколку заедничките поморски вежби со САД се прошират кон источните граници на Русија, пишува Си Ен Ен.

08:27 – Британија: Руската морнарица сè уште е закана од Црното Море

Црноморската флота на Русија сè уште може да нападне украински цели, се наведува во најновиот извештај на британското Министерство за одбрана.

08:17 – Канадските пратеници ги прогласија за „геноцид“ руските напади врз Украина

Пратениците во Долниот дом на канадскиот Парламент синоќа едногласно ги прогласија како „геноцид“ руските напади врз Украина, забележувајќи дека има „доволно докази за систематски и масовни воени злосторства против човештвото“ извршени од Москва.

08:15 – Активирани системите за противвоздушна одбрана во рускиот град Белгород

Системите за противвоздушна одбрана и алармите за предупредување за воздушни напади рано изутринава се активираа во рускиот град Белгород, соопштија локалните власти.

08:11 – Украинскиот град Херсон ќе ја користи рубљата од 1 мај, тврдат руски претставници

Градот Херсон во јужниот дел на Украина, за кој Русија тврди дека е под нејзина контрола, ќе премине кон користење на рубљата од 1 мај, објавија руски државни медиуми.

08:08 – ВИДЕО: Експлозии во центарот на Херсон, во близина на телевизиската кула

Серија силни експлозии одекнаа во центарот на Херсон, во близина на телевизиската кула, која е под контрола на руските сили, јави Си-Ен-Ен.

28/04/2022

20:33 – Гутереш во Украина за да обезбеди хуманитарни коридори

Генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш соопшти дека денеска пристигнал во Киев по разговорите во Москва со рускиот претседател Владимир Путин.

19:01 – Зеленски добил покана од Видода да присуствува на Самитот на Г-20

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски денеска на Твитер објави дека индонезискиот претседател Јока Видода го поканил на Самитот на Г-20, што кон крајот на годината се одржува во Индонезија.

18:39 – Гардијан: Приднестровие – регион во Молдавија каде би можела да се прелее војната

Приднестровие (или Транснитрија) – е името на регион во Молдавија (на границата со Украина) за кој постои огромен страв дека може да се вклучи во војната во Украина. Односно дека може да биде вовлечен во неа, пишува денеска Гардијан.

18:10 – Путин се закани со „молскавичен одговор“ на каква било надворешна интервенција во војната

Рускиот претседател Владимир Путин вети „молскавичен одговор“ доколку некој сака да интервенира надвор од Украина и да претставува стратешка закана. Тој го истакна ова пред пратениците во Санкт Петербург, кои се собраа во палатата Таурид.

17:33 – Украина соопшти дека ги нападнала руските позиции на Змискиот остров

Украинската војска соопшти дека ги бомбардирала руските позиции на Змискиот остров во Црното Море, симбол на украинскиот отпор од почетокот на инвазијата на руските сили на 24 февруари.

17:03 – Потпретседателот на „Газпромбанк“, Волобујев се придружи на украинската армија

Потпретседателот на руската државна банка „Газпромбанк“, Игор Волобујев пребегал од Русија за да им се придружи на украинските сили кои се борат против руската инвазија.

16:32 – Патрушев: САД имаат биолаборатории ширум светот

Секретарот на Советот за безбедност на Русија, Николај Патрушев изјави дека САД ширум светот, вклучително и во Украина развиле цела мрежа на биолаборатории и фактички во нив создавале ново биолошко оружје.

15:01 – Фон дер Лајен: Со одлуката на Гаспром, Русија се повредува себеси

Претседателката на Европската Комисија се обрати кусо пред новинарите по одлуката на Гаспром да ја прекине испораката на гас во Полска и Бугарија, и вети силен и обединет одговор од ЕУ.

14:56 – Песков: Русија може да ја стопира испораката на гас и за други европски држави

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков денеска изјави дека Русија, по Полска и Бугарија, би можела да ја стопира испораката на гас и за другите европски купувачи ако и тие одбијат да плаќаат во рубљи.

14:24 – САД одделуваат средства за справување со руското влијание во Македониja, БиХ и Црна Гора

Како дел од најновиот пакет на американската воена помош за Украина, планирани се дополнителни пари за „земјите партнери“ во Источна Европа и на Балканот, вклучувајќи ги Босна и Херцеговина, Црна Гора и Северна Македонија, кои ќе бидат искористени за борба против руското влијание.

13:42 – Прекинот на испораката на гас за Бугарија не влијае на испораките за Унгарија

Унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто денеска изјави дека одлуката на руски Гаспром да ја прекине испораката на гас за Полска и Бугарија не влијае на испораката на гас од Русија за неговата земја.

13:10 – (ВИДЕО) Русија: Погодивме украинско складиште и уништивме големи количини оружје од Западот

Руското Министерство за одбрана соопшти дека руски ракети погодиле складиште за оружје во областа Запорожје во Украина. Русите тврдат дека е уништено оружје од САД и западните земји.

11:45 – Подољак: Лоши вести за Русија, украинската војска се засилува

Советникот на украинскиот претседател Михајло Подољак денеска ги поздрави ветувањата на САД и нивните сојузници дека ќе испратат уште тешко оружје во Киев, по разговорите во германската воздухопловна база Рамштајн и порача дека „Украина станува посилна “.

11:43 – Австрија ја прифати новата руска шема за плаќање на гасот во рубљи

Виена засега се согласи со австриската компанија за нафта и гас ОМВ да ги плати испораките на руски гас во рубљи со отворање сметка во руска банка. Ова го соопшти австрискиот канцелар Карл Нехамер.

10:52 – Фон Дер Лајен: Русија ја уценува Европа со гасот

Одлуката на Русија да престане да испорачува гас за клиентите во Европа е „инструмент за уцена“, изјави шефицата на Европската комисија Урсула фон дер Лајен.

10:44 – Петков: Бугарија нема да подлегне на рекетот на Русија

Бугарскиот премиер Кирил Петков на почетокот на седницата на бугарската влада рече дека таа е подготвена за сценарио за прекин на испораката на рускиот природен гас, а од своја страна во моментов го разгледува договорот за транзит низ неговата земја.

10:22 – Русите повторно ја напаѓаат челичарницата Азовстал, нема договор за евакуација на цивили од Мариупол

Руските сили денеска ја нападнаа фабриката за челик Азовстал, во која се сместени украински борци и голем број цивили од Мариупол, изјави помошникот градоначалник, Петро Андриушченко.

09:32 – Полска потврди, запрена е испораката на гас од Русија

Полскиот снабдувач со гас PGNiG сега потврди дека испораките на руски гас во земјата се прекинати.

09:16 – Кулеба: Почнува траснформацијата на украинските оружени сили според стандардите на НАТО

Украина влегува во нова фаза и ги прилагодува своите воени единици на оружје според стандардите на НАТО, соопшти денеска министерот за надворешни работи на Украина, Дмитро Кулеба.

08:32 – Рускиот гас повтоно оди кон Полска

Испораките на руски гас за Полска се обновени откако беа прекинати рано утринава, покажуваат податоците на ЕУ, јавува Би-Би-Си.

08:20 – Русите напредуваат, станаа поразумни проценува Институтот за војна од Вашингтон

Организацијата со седиште во Вашингтон објави дека руските трупи се движеле пометодично и побавно отколку во претходните фази на војната и дека почнале да донесуваат поразумни воени одлуки.

08:02 – Меѓународната агенција за атомска енергија ќе помогне во санацијата на штетите во Чернобил

Рафаел Гроси, шефот на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) како мошне опасна ја окарактеризира руската привремена окупација на нуклеарната централа „Чернобил“, понудувајќи и на Украина помош за поправка на направените штети во централата.

08:00 – Шефицата на британската дипломатија Лиз Трас ќе побара удвојување на воената поддршка за Украина

Земјите што се спротивставуваат на руската инвазија на Украина мора да ја удвојат поддршката за Киев, вклучително и снабдувањето со тешко оружје, тенкови и авиони, ќе порача денеска британската министерка за надворешни работи, Лиз Трас.

07:58 – Серија експлозии во рускиот град Белгород, гореше складиште за муниција

Серија експлозии се слушнале рано утрово во рускиот град Белгород во близина на границата со Украина, изјави гувернерот на регионот Вјачеслав Гладков.

07:57 – (ВИДЕО) Зеленски: Целта на Русија е да ја распарчи Европа и да и зададе удар на демократијата

Украинскиот претседател Володимир Зеленски рече дека целите на Русија се многу подалеку од сегашната војна против Украина.

27/04/2022

21:38 – Руското Министерство за одбрана тврди дека Украина ја изгубила контролата врз Херсон

Руското Министерство за одбрана тврди дека Украина ја изгубила контролата врз целата област Херсон, пренесува Скај Њуз.

19:47 – Блинкен: Се обидовме да ги ангажираме Русите со дипломатија да се избегне војна

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен денеска на сведочење пред Комитетот за надворшена политика на Сенатот, изјави дека рускиот претседател Владимир Путин не покажал сериозен однос кон дипломатијата за окончување на војната во Украина, наспроти низа меѓународни напори да се стори тоа.

19:24 – Функционер од Кремљ: Украина би можела да биде поделена на неколку делови

Високиот функционер на Кремљ Николај Патрушев денеска изјави дека Украина може да биде поделена на неколку делови.

18:36 – Остин: Светот е обединет и ја поддржува Украина во борбата против руската империјална агресија

На денешната средба во американската воена база Рамштајн, во близина на Франкфурт, претставници од повеќе од 40 држави се согласија непречено да се доставува оружје во Украина.

18:08 – Пентагон: Русија стана послаба како резултат на војната со Украина

Со војната во Украина ослабнати се како вооружените сили на Русија така и руската држава, изјави портпаролот на Пентагон Џон Кирби, а во пресрет на средбата на сојузниците и партнерит по НАТО во Германија што се одржува денеска.

17:26 – Во Киев се отстранува споменикот на пријателството помеѓу Русите и Украинците

Во Киев денеска се отстранува бронзениот споменик висок осум метри, кој прикажува два советски работници. Споменикот беше подигнат во 80-тите години од минатиот век и го симболизираше пријателството помеѓу рускиот и украинскиот народ.

17:00 – Путин: Мариупол е ослободен, нема веќе борби

Мариупол е „ослободен“ и таму нема повеќе борби, изјави денеска рускиот претседател Владимир Путин во разговор со турскиот колега Реџеп Тајип Ердоган и ги повика украинските борци Азов и маринци да се предадат и порача дека животот им е загарантиран.

16:55 – Гутереш предлага трилатерална група за хуманитарните прашања, Лавров вели дека е рано за посредници

Генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш, денеска во Москва предложи трилатералната група составена од ОН, Украина и Русија да се занимава со хуманитарни прашања во Украина, но рускиот министер за надворешни работи Сергеј лавров оцени дека е прерано за посредници во разговорите.

15:49 – Лавров: Ситуацијата во Украина е резултат на неконтролираното ширење на НАТО

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров денеска изјави дека му рекол на генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш оти ситуацијата во врска со Украина во голема мера е резултат на неконтролираното ширење на НАТО.

15:34 – Украинците предупредија дека руски проектили загрозуваат нуклеарна централа

Украинската државна компанија за нуклеарна енергија „Енергоатом“ соопшти дека руски ракети денеска летале ниско над најголемата европска нуклеарна централа во Запорожје, јужна Украина и ги повтори предупредувањата дека руската инвазија може да доведе до „нуклеарни катастрофи“.

15:01 – Гутереш: Потребна е независна истрага за кршење на меѓународното право во Украина

Сите извештаи за кршење на меѓународното хуманитарно право, како и за потенцијални воени злосторства во Украина, бараат спроведување независна истрага, изјави генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш на заедничката прес-конференција со рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров.

14:12 – Разговор Ердоган-Путин: Турција ќе продолжи со напорите за траен мир меѓу Русија и Украина

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во телефонски разговор со рускиот претседател Владимир Путин истакна дека Турција ќе продолжи да вложува напори колку што е можно, за воспоставување траен мир меѓу Русија и Украина, јави агенцијата Анадолија.

13:53 – Гутереш од Москва: Прекин на огнот што е можно поскоро

Генералниот секретар на Обединетите Нации, Антонио Гутереш бара начини да ги запре борбите во Украина што е можно побргу. Гутереш го изјави ова за време на денешната посета во Москва.

12:28 – Захарова: Стотици руски дипломати протерани од земјите-членки на НАТО

Неколку стотици руски дипломати се вратија во Русија од земјите-членки на НАТО, изјави портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова за радиото „Русија“.

12:26 – Борел: Пченицата може да биде следното економско оружје на Русија

Шефот на европската дипломатија, Жозеп Борел укажа на неопходноста сите држави-членки на ЕУ да се ослободат од енергетската зависност од Москва. Според него, пченицата би можела да биде следното економско оружје на Русија.

11:49 – ВИДЕО: Русија тврди дека во текот на ноќта убила 500 украински војници

Руското Министерство за одбрана тврди дека руската армија убила 500 украински војници во текот на ноќта откако нејзината авијација погодила 87 воени цели во Украина. Се вели дека меѓу погодените цели се и две складишта за оружје во регионот на Харков.

09:46 – Русија: Испораките на оружје за Украина значат дека НАТО е вклучен во војната

Испораките на оружје од западните земји во Украина значат дека НАТО е „всушност вклучен во војната со Русија“, а Москва го смета тоа оружје за легитимна цел, вели рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров во интервју емитувано во понеделникот.

09:36 – Кулеба по интервјуто на Лавров: Москва го претчувствува поразот

Украинскиот министер за надворешни работи Дмитро Кулеба смета дека руското ширење страв е знак на слабост. Русија ја изгуби „последната надеж дека ќе го оттргне светот од поддршка за Украина“, напиша Кулеба на Твитер, по објавеното интервју со Лавров.

08:15 – Гутереш во Москва на средба со Путин

Генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш денеска треба да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин во Москва, но очекувањата од состанокот се мали по неколку неуспешни дипломатски напори досега.

07:53 – САД организираат голем состанок во Германија за помош на Украина

Соединетите Држави ќе бидат домаќини на состанок во германската воздухопловна база Рамштајн, каде претставници на повеќе од 40 земји треба да се соберат за да разговараат за начините како да и помогнат на украинската војска да се одбрани од очекуваната руска офанзива во источна Украина, соопштија американски воени претставници.

07:48 – Лавров: Ризикот од нуклеарна војна е сериозен и реален

Русија се обидува да ја елиминира заканата од нуклеарна војна, изјави рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров и предупреди дека заканата од Трета светска војна е сериозна и реална.

07:44 – (ВИДЕО) Зеленски: Победата на Украина е неизбежна, но не може да се предвиди кога ќе заврши војната

Украинската победа е неизбежна, но невозможно е да се предвиди кога војната ќе заврши, истакна украинскиот претседател Володимир Зеленски во своето обраќање до јавноста доцна синоќа.

26/04/2022

20:34 – Песков го потврди утрешниот разговор меѓу Ердоган и Путин

Лидерите на Руската Федерација и Турција, Владимир Путин и Реџеп Таип Ердоган утре телефонски ќе разговараат, потврди портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков.

19:56 – Фон дер Лајен: Руската агресија врз Украина е закана за европската безбедност

Руската агресија врз Украина е директна закана за европската безбедност, изјави денеска претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен за време на нејзината посета на Индија.

19:00 – Валас: Велика Британија испраќа помал број оклопни возила во Украина

Велика Британија ќе и испрати на Украина помал број оклопни возила „стормер“ опремени со лансери на противвоздушни ракети, изјави денеска британскиот министер за одбрана Бен Валас.

18:33 – Украина: Руските сили ја кршат наредбата на Путин и го напаѓаат Азовстал

Украинското Министерство за одбрана денеска соопшти дека украинската армија ги одбила нападите на руската армија во источниот дел на земјата.

17:32 – Најмалку пет жртви во руските напади во Виничката област во Украина

Најмалку пет лица загинаа, а 18 се повредени во денешните руски напади врз железничките објекти во Виничката област во Украина, соопшти локалното обвинителство.

17:23 – Меѓународниот кривичен суд почна истрага за воени злосторства во Украина

Меѓународниот кривичен суд (МКС) ќе се приклучи на тимот на ЕУ формиран минатиот месец за да ги испита наводите за воени злосторства во Украина.

17:15 – Петков најави започнување на јавна кампања за купување оружје за Украина

Бугарскиот премиер Кирил Петков во пост на својот Фејсбук профил објави дека започнува јавна кампања за собирање средства што ќе и бидат доставени на украинската Влада.

16:22 – Русија протера 40 германски дипломати

Германскиот амбасадор Геза Андреас фон Геир денеска бил повикан во руското МНР, пренесе Бгнес. Таму му било изразени незадоволство поради протерувањето на руски дипломати и му било соопштено дека Москва, како одговор, прогласила за персона нон грата 40 вработени во германската амбасада во Русија.

15:09 – Украина бара безбедносни гаранции од Русија за евакуација на Мариупол

Украина нема постигнато никаков договор со Русија за воспоставување хуманитарен коридор за цивилите од јужниот град Мариупол, изјави украинската вицепремиерка Ирина Верешчук.

14:15 – Активисти на Гринпис блокираа руски танкер во Норвешка

Активисти на Гринпис блокираа руски танкер со нафта во Норвешка за да спречат испорака на гориво кое, како што велат, „ја финансира војната на Путин“, соопшти денеска невладината организација.

13:53 – Помош од ЕУ за евакуација на болни бегалци од Украина

ЕУ мобилизира помош за евакуација на бегалците од Украина на кои им е потребна медицинска помош преку Механизмот за цивилна заштита

13:42 – Законски измени во ЕУ за поефикасно гонење на воените злосторства во Украина

Европската Комисија сака законски измени во агенцијата Евроџаст за да може оваа агенција да собира и споделува докази за воени злосторства

13:29 – САД најавија враќање на своите дипломати во Украина, Блинкен и Остин ветија воена помош

За време на вчерашната посета на Киев, американскиот државен секретар Ентони Блинкен и американскиот секретар за одбрана Лојд Остин најавија постепено враќање на американските дипломати во Украина и посочија дека ќе биде номиниран нов амбасадор.

13:15 – Жовка: Гутереш нема овластување да зборува во име на Украина

Игор Жовко, советник на украинскиот претседател, го критикуваше генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш за неговата претстојна средба во Москва со рускиот претседател Владимир Путин

13:14 – ЕК: Набргу ќе има шести пакет санкции против Русија

Европската Комисија потврди дека се работи на шести пакет санкции против Русија, но никакви детали за нивната содржина не се соопштуваат, јави дописничката на МИА од Брисел.

13:08 – Украина: Гранатирани пет железнички станици

Пет железнички станици во западниот и централниот дел на Украина беа цел на руски напади, соопшти украинската железничка компанија.

12:40 – Руската војска гаѓаше рафинерија за нафта во Кременчук

Русија со проектили со долг дострел погоди воени објекти во украинската нафтена рафинерија во Кременчук, соопшти денеска руското Министерство за одбрана.

12:39 – Зеленски разговарал со Остин и Блинкен за воена помош и санкции против Русија

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека со американскиот државен секретар Ентони Блинкен и американскиот секретар за одбрана Лојд Остин разговарал за воената и финансиска помош за Киев

12:09 – Русија: Отворен пат за евакуација од челичарницата во Мариупол

Русија денеска ќе отвори хуманитарен коридор за цивилите да ја напуштат челичарницата Азовстал во јужниот град Мариупол, јавува новинската агенција Интерфакс, пренесува Скај Њуз.

11:43 – Британско МО: Русија планира „лажен“ референдум во Херсон

Русија планира „манипулиран референдум“ во јужниот град Херсон за да ја оправда својата окупација, се вели во извештајот на британското Министерство за одбрана.

11:16 – Москва бара САД да запре да испорачува оружје

Москва упати барање до Вашингтон, САД да престанат со снабдување со оружје за Киев.

10:53 – Германија призна дека направила сериозна грешка во однос на Украина

Германскиот вицеканцелар Роберт Хабек синоќа изјави дека е голема грешка што неговата земја воено не ја поддржала Украина многу порано. Во интервју за германскиот јавен сервис, тој рече дека поддршката за Украина требало да започне пред многу години.

10:34 – Путин со честитки за победата на Макрон

Рускиот претседател Владимир Путин му честиташе на францускиот претседател Емануел Макрон за неговиот реизбор и тоа што ја порази кандидатката на екстремната десница Марин Ле Пен, соопшти денеска Кремљ.

10:09 – Украина: Штетата од војната изнесува околу еден трилион долари

Штетата и загубите за Украина како резултат на руската агресија во двата месеци од војната веќе изнесуваат околу еден трилион долари, изјави економскиот советник на украинскиот претседател Олег Устенко.

08:57 – Зеленски му ја честиташе изборната победа на Макрон

Украинскиот претседател Володомир Зеленски, кој пред вториот круг повика да се гласа за Емануел Макрон, синоќа му го честиташе реизборот на францускиот претседател.

08:55 – Разузнавање: Русите имаат помал успех, Украинците ги исцрпија во Мариупол

Британското Министерство за одбрана објави нов извештај за ситуацијата на боиштата во Украина.

08:51 – Би-Би-Си: Блинкен и Остин во Киев – посета обвиена во тајност

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен и министерот за одбрана Остин Лојд вчера престојуваа во Киев, каде имаа средби со украинскиот претседател Володомир Зеленски.

08:07 – Зеленски се сретна со Блинкен и Остин во Киев, американска воена помош од 713 милиони долари

Украинскиот претседател Володимир Зеленски се сретна со американскиот државен секретар Ентони Блинкен и американскиот секретар за одбрана Лојд Остин во Киев, соопшти неговата администрација.

08:04 – ВИДЕО: Голем пожар на важен руски гасовод

Голем пожар избувна во складиште за нафта во рускиот град Брјанск, пренесоа руските агенции, повикувајќи се на Министерството за вонредни ситуации.

Хронологија на руско-украинскиот конфликт од 4 април до 24 април

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Нов руски напад на Харков, убиено 13-годишно момче

Путин: Обвинувањата дека Русија ќе ја нападне Европа по Украина се целосна глупост

Русија издаде налог за апсење на шефот на украинската служба за безбедност поради тероризам

Кремљ: Мировни преговори за Украина без учество на Русија се апсурдни

Терористите на ИСИЛ влегуваат во Европа преправајќи се дека се Украинци

Рускиот амбасадор не одговорил на повикот на Полска: Прво понудете докази

Предраг Петровиќ