Путин прогласи анексија: Русија сега има четири нови региони

Од:

„Знаете дека се одржаа референдуми во Доњецк, Запорожје, Херсон и Луганск. Гласовите беа преброени и народот дефинитивно одлучи, без никакво сомневање. Денеска ќе потпишеме договори за анексија. Ова е волја на милиони луѓе, Русија сега има четири нови региони“,  изјави Владимир Путин на објавувањето на анексијата.

„Тоа е нивно право, кое се наоѓа и во повелбата на ОН“, рече Путин.

Путин потоа ги пофали „сите херои кои загинаа во специјална воена операција“.

„Ова се хероите на голема Русија. Да им оддадеме почит со едноминутно молчење“, рече Путин.

„Милиони луѓе во овие региони одлучија и никој не може да ги негира овие историски чувства на припадност“, рече Путин.

„Советскиот Сојуз повеќе не постои, тој е историја и на Русија веќе не и треба. Но, тоа не е ни важно, бидејќи милиони луѓе се поврзани со Русија и се враќаат во својата вистинска историска татковина. Неколку години луѓето во Донбас се убивани и мачени. Сакајќи да предизвикаат омраза кон Русија, тие ги заплашија. Но, жителите на Донбас, Херсон и Запорожје одлучија. Тие сега стануваат наши граѓани и засекогаш“, рече Путин.

Би можело да ве интересира

Руте: Не сме подготвени за тоа што Путин го подготвува

Орбан предложил, а Путин прифатил божиќно примирје

Зеленски: Се надевам дека Орбан нема да му се јави и на Асад

Путин: Русија мора да стане светски лидер во опсегот на примена на вештачка интелигенција

Горан Наумовски

Зеленски и Макрон му објаснувале на Трамп дека Путин не е истиот од 2017

Катерина Ѓуровски

Трамп: Зеленски е подготвен за мир