ВО ЖИВО: Протестите во Бејрут продолжуваат, демонстрантите бараат оставка и од претседателот

Од:

Во Бејрут, поради големата експлозија која настана минатата недела, група демонстранти повторно се собраа да протестираат против актуелниот претседател на Либан, Мишел Наим.

Демонстрантите не се откажуваат од своите барања, моментално маршираат во централниот дел во речиси разурнатиот град и бараат итно повлекување на претседателот на државата.

Под притисок на либанската јавност како и поради големите нереди кои се случија изминатиот период, Владата на Либан, вчера поднесе оставка.

Антивладините протести започнаа во земјата неколку дена по експлозијата, а уште од првиот ден на демонстрациите беа забележани околу стотина повредени цивили, додека еден полицаец беше убиен.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Протест „Против Путин“ на некои избирачки места во Русија

Горан Наумовски

Дваесетина уапсени на антивладините протести во Тел Авив

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Немири во Индија поради уривање на џамија, четворица мртви

(ВИДЕО) Десетици повредени на антиреформските протести во Буенос Аирес

Повеќе од 150.000 луѓе на антидесничарскиот протест во Берлин

Горан Наумовски

Прва победа на земјоделците, ЕУ попушти пред нивните барања

Горан Наумовски