ВО ЖИВО: Зеленски ја обвини Русија за геноцид во Донбас

Од:

Кризата во Украина од минута во минута.

14:04 – Лавров: Западот ѝ објави тотална војна на Русија

Шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров ги обвини западните држави дека водат „тотална војна“ против Русија, рускиот народ и култура.

13:29 – Кремљ: Не е јасно што сака Киев

Кремљ денеска соопшти дека ја обвинува Украина затоа што мировните преговори меѓу двете земји се замрзнати, наведувајќи оти не е јасно што сака Киев.

12:15 – Зеленски: Киев нема желба да разговара со Путин, но веројатно ќе биде потребно за крај на војната

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави денеска дека Киев нема желба да разговара со рускиот претседател Владимир Путин, но ќе мора да се соочи со реалноста дека тоа најверојатно ќе биде неопходно за да се стави крај на војната.

11:39 – Русија протерува хрватски дипломати

Од Русија ќе бидат протерани петмина дипломати од хрватската Амбасада во Москва, како одговор на протерувањето руски дипломати од Загреб, соопшти денеска руското Министерство за надворешни работи.

11:38 – Најбогатиот Украинец и сопственик на Азовстал: Ќе ја тужам Русија

Ринат Ахметов, најбогатиот човек во Украина и сопственик на фабриката за челик Азовстал, во Мариупол, вели дека планира да ја тужи Русија за загуба од 17 до 20 милијарди долари

10:58 – Херсон и Запорожје преминуваат на руски телефонски код, дел веќе го смета времето според Москва

Ослободените територии на регионите Запорожје и Херсон преминуваат на рускиот телефонски код „плус седум“ (+7), изјави советникот на шефот на Крим за информатичка политика, Олег Крјучков.

10:16 – ВИДЕО: Sky News објави шокантна репортажа од Северодонецк

Новинарот на Sky News, Алекс Крафорд, носи шокантна репортажа од Северодонецк, град во источна Украина кој е под постојани, насилни напади на руските сили.

10:04 – САД го одбија предлогот на Путин за укинување на санкциите кон Русија

САД синоќа го одбија предлогот на рускиот претседател Владимир Путин за укинување на економските санкции во замена за деблокада на црноморските пристаништа за извоз на украинското жито.

09:15 – Америка се подготвува да и го испрати на Украина најмоќното оружје досега

Ваквите американски системи можат да истрелаат низа проектили со дострел од стотици километри, што е значително повеќе од кое било оружје со кое Украина моментално располага.

09:10 – Британско разузнавање: Најголемиот притисок на Русија е врз Северодонецк

Копнените сили на руската армија продолжуваат со обидите да ги опколат Северодонецк и Лисичанск и неодамна окупираа неколку села северозападно од Попасна, објави британското Министерство за одбрана во најновиот извештај на военото разузнавање.

09:07 – ВИДЕО: Зеленски ја обвини Русија за геноцид во Донбас

Украинскиот претседател Володимир Зеленски ја обвини Москва дека извршила геноцид во источниот регион Донбас, каде градот Северодонецк е под постојано гранатирање.

07:54 – Уште двајца Руси признаа вина за воени злосторства во Украина

На второто судење за воени злосторства во Украина, два руски војника се обвинети за ракетни напади врз цивилни објекти.

07:48 – Бебе меѓу осумте жртви при гранатирање на Харков

Загинаа осум лица, меѓу кои и петмесечно бебе, при гранатирање на вториот најголем град во Украина, Харков. Повредени се 17 лица.

27/05/2022

19:16 – Путин: Ќе ја решиме кризата со храна, доколку Западот ги укине санкциите

Рускиот претседател Владимир Путин во телефонски разговор со италијанскиот премиер Марио Драги нагласи дека Москва е подготвена да даде значителен придонес во решавањето на меѓународната криза со храна, но само доколку Западот ги укине санкциите, соопшти Кремљ.

19:16 – Шолц: Потребна е глобална соработка за решавање на кризите

Германскиот канцелар Олаф Шолц, во денешниот говор на крајот на Светскиот економски форум во Давос, изрази надеж за глобална соработка за решавање на проблемите поврзани со климатските промени, гладот ​​и војните.

19:15 – Собранието на СЗО изгласа резолуција со која се осудуваат руските акции во Украина

Собранието на Светската здравствена организација (СЗО) денеска усвои резолуција со која се осудуваат руските акции во Украина, што доведоа до вонредна состојба во здравството.

17:27 – Макрон го повика Ердоган да го „почитува суверениот избор“ на Финска и Шведска

Францускиот претседател телефонски разговарал со турскиот колега, кој веќе неколку дена ги одбива Шведска и Финска да влезат во НАТО

15:51 – Шведска ги отфрла тврдењата на Турција дека Стокхолм го финансира тероризмот

Шведската влада соопшти дека не го финансира тероризмот, како што тврди Анкара, која го наведува ова како пречка за прифаќање на скандинавската земја во НАТО, јави ДПА.

15:22 – Украина: Борбите во Донбас со „максимален интензитет“

Украинските власти денеска соопштија дека борбите во источниот регион Донбас во земјата го достигнале најжестокото ниво досега, бидејќи руските сили навлегуваат подлабоко во индустрискиот регион.

15:10 – Лукашенко најави модернизација на армијата поради случувањата во Украина

Претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко денеска најави модернизација на вооружените сили на таа земја поради случувањата во Украина.

15:09 – Трас: Путин се обидува цел свет да го држи во заложништво

Британската министерка за надворешни работи, Лиз Трас го обвини рускиот претседател, Владимир Путин, дека го „користи гладот како оружје“, мислејќи на дваесетте милиони тони житарки, сместени во магацини во украинските пристаништа, блокирани од Русите.

14:00 – Песков: Киев да ги прифати барањата на Русија за преговори

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков денеска изјави дека Русија чека Украина да ги прифати барањата за мировни преговори.

13:48 – Двајца руски војнци признаа вина за злосторства над цивили во Украина

Двајца заробени руски војници се изјаснија за виновни за гранатирање цивилни објекти во второто судење за воени злосторства откако Русија ја нападна Украина кон крајот на февруари.

12:56 – Вучиќ и Путин ќе разговараат в недела

Српскиот претседател Александар Вучиќ в недела во 11 часот ќе разговара со рускиот колега Владимир Путин, како што им изјави самиот Вучиќ на новинарите, а главна тема ќе биде гасниот договор меѓу Србија и Русија, кој истече на 21 мај, за кој се шпекулираше под кои услови и дали Србија воопшто ќе може да набавува нови количества гас од Русија.

12:55 – Грушко: Вашингтон се обидува да го направи НАТО светски полицаец

Вашингтон се обидува да ја искористи наводната руска закана кон Африка, со цел НАТО да го направи светски полицаец, изјави денеска заменик министерот за надворешни работи на Русија, Александар Грушко.

12:54 – Шолц: Русија нема да победи во војната, ниту да ги диктира условите за мир

Германскиот канцелар Олаф Шолц денеска изјави дека Русија нема да победи во војната во Украина и посочи дека Москва не смее да ги диктира условите за каков било мир.

12:53 – Захарова: Ќе ги протераме западните новинари доколку Јутјуб ги блокира брифинзите

Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова денеска предупреди дека новинарите од западните земји ќе бидат протерани од Русија доколку Јутјуб го блокира пристапот до нејзините брифинзи.

12:12 – (ВИДЕО) Кличко: Главна цел на Русија останува освојувањe на Киев

Русија се уште се надева дека ќе го преземе главниот град на Украина рече во обраќањето на Светскиот економски офрум во Давос, градоначалникот на Кииев, Виталија Кличко.

10:47 – Украина засекогаш го загуби пристапот до Азовското море тврди заменик премиерот на Крим

Украина засекогаш го изгуби пристапот до Азовското Море, бидејќи, регионите Запорожје и Херсон никогаш нема да се вратат под контрола на Киев изјави денеска високиот функционер на управата на запорожје, Владимир Рогов за РИА Новости.

09>39 – Сепаратистите во Луганск и Донецк тврдат дека држат околу 8000 украински заробеници

Околу 8.000 украински борци се воени заробеници на територијатана проруските региони Луганск и Донецк, тврдат сепаратистите.

09>38 – Украина: Руската понуда за деблоката на црноморските пристаништа е уцена

Украина ја обвини Русија дека ја уценува меѓународната заедница, откако рускиот заменик-министер за надворешни работи Андреј Руденко зборуваше за можно деблокирање на украинските пристаништа на Црното Море во замена за укинување на некои санкции.

09:26 – Велика Британија: На Путин треба да му се одговори со сила, а не со попуштање

Обидите за додворување на Путин се „опасни“ смета британската министерка за надворешни работи Лиз Трас.

08:01 – Блинкен: Ќе му помогнеме на Киев да ги процесуира воените злосторства

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен најави формирање нова британска, американска и група на ЕУ што ќе му помага на украинското обвинителство да ги документира, како што рече, „воените злосторства и другите бруталности“ извршени во Украина.

08:03 – Преговараа пет часа, но Турција и натаму е против влезот на Финска и Шведска во НАТО

Турција и натаму се противи на влезот на Шведска и Финска во НАТО, а работите не се сменија доцна синоќа по повеќечасовните разговори меѓу турски, шведски и фински дипломати.

Руските сили нападнаа повеќе од 40 градова во источниот регион Донбас и Луганск, соопшти украинската војска.

07:58 – Русите напданаа 40 града во Донбас

26/05/2022

21:03 – САД, ЕУ и Велика Британија ќе помагаат во истрагите за воени злосторства во Украина

САД, ЕУ и Велика Британија денеска објавија формирање на Советодавна група за свирепи злосторства (АЦА), механизам чија цел е да се овозможи ефикасна координација на нивната поддршка за барање одговорност за злосторствата од руската инвазија на Украина.

19:03 – Кулеба го критикува НАТО дека „буквално ништо“ не прави за да ја запре руската инвазија

Украинскиот министер за надворешни работи Дмитро Кулеба денеска го обвини НАТО дека „буквално ништо не прави“ за спречување на руската инвазија, истовремено пофалувајќи ја ЕУ за нејзините „револуционерни“ одлуки да го поддржи Киев.

18:57 – Холандски новинари поднесоа тужба против забраната на руските ТВ станици РТ и Спутник во ЕУ

Главниот синдикат на холандски новинари денеска поднесе тужба против забраната за дистрибуција на руски државни медиуми во ЕУ, тврдејќи дека таа ги крши правата на европските граѓани на слобода на информирање.

18:43 – Путин ги посети руските војници ранети во Украина

Претседателот на Русија, Владимир Путин ги посети повредените војници од боиштата во Украина сметени во воената клиничка болница Мандрик во Москва.

15:37 – Италија и Унгарија бараат ЕУ да апелира на примирје во Украина

Италија и Унгарија побараа на претстојниот Самит на Европска Унија да се апелира за прекин на огнот во Украина и за мировни преговори со Русија.

14:38 – Путин потпиша декрет за државјанство за жителите на Херсон и Запорожје

Рускиот претседател Владимир Путин денеска потпиша декрет со кој се поедноставува процесот на издавање руско државјанство на жителите на украинските области Херсон и Запорожје

13:54 – За еден месец петкратно зголемен бројот на украински бегалци во ЕУ

Евростат објави дека од меѓу јануари и февруари 2022, месецот кога започна војната во Украина, бројот на бегалци од оваа земја во ЕУ е зголемен за пет пати

13:18 – Хегер: Ако Украина не успее, Словачка е следна, Украинците мора да победат

Премиерот на Словачка, Едуард Хегер предупреди за иднината на својата земја, во случај Русија да ја порази Украина.

13:17 – Полска предлага дополнителни давачки за оние кои продолжуваат да купуваат руска нафта

Полските власти предложија во рамки на новиот пакет санкции против Русија, да се воведат дополнителни царини за државите, што продолжуваат да купуваат руска нафта, изјави полскиот премиер Матеуш Моравјецки.

13:03 – Брисел сака да го криминализира прекршувањето на санкциите против Русија

Европската комисија попладнево го презентира својот последен предлог за зајакнување на санкциите против руските олигарси, таа очекува и земјите вон ЕУ да се усогласат со оваа иницијатива

12:21 – Конашенков: Пристаништето во Мариупол почна нормално да работи

Портпаролот на руското Министерство за одбрана Игор Конашенков денеска изјави дека пристаништето Мариупол е целосно деминирано и почна со работа.

12:18 – Би-Би-Си: Украина под најголем притисок од почетокот на инвазијата

Украинската војска е под најголем притисок уште од првите хаотични недели од војната, кога луѓето мислеа дека Русите за краток временски период ќе го заземат Киев.

11:04 – Зеленски сака разговор само со Путин, без посредници

Украина ќе се бори сè дури не ја врати целата своја територија, истакна денеска украинскиот претседател Володимир Зеленски на украински јазик, на настанот на Фондацијата „Виктор Пинчук“ во Давос.

10:47 – Шефот на украинската дипломатија побара целосен прекин на трговските врски со Русија

Шефот на украинската дипломатија, Дмитро Кулеба, повика на целосно суспендирање на трговските релации на западните земји со Русија.

10:33 – Руденко: Русија е подготвена да отвори хуманитарен коридор за превоз на храна со бродови од Украина

Русија е подготвена да обезбеди хуманитарен коридор за бродовите кои превезуваат храна од Украина, изјави денеска рускиот заменик министер за надворешни работи Андреј Руденко, пренесен од руските медиуми.

10:32 – Најмалку едно лице загина при ракетирање на Запорожје

Украинските власти соопштија дека јужниот град Запорожје утрово е погоден од руски проектили, при што едно лице загинаа, а тројца се повредени.

10:31 – Делегации на Шведска и Финска денеска во Турција на состанок за нивното членство во НАТО

Претставници на Шведска и Финска денеска се среќаваат со претставници на турските власти за да разговараат за нивните барања за влез во НАТО.

09:48 – Андриушченко: Во Мариупол загинаа најмалку 22.000 луѓе

Советникот на градоначалникот на Мариупол, Петро Андриушченко изјави дека од почетокот на војната во градот загинале најмалку 22.000 луѓе.

09:45 – Ванг: Потребен е зелен коридор за извоз на жито од Русија и од Украина

Шефот на кинеската дипломатија Ванг Ји изјави е неопходно да се создаде „зелен коридор“ за да биде обезбеден извоз на жито од Русија и од Украина.

08:57 – Зеленски: Ситуацијата во Донбас исклучително тешка

Украинскиот претседател Володимир Зеленски ја оквалификува ситуацијата во Донбас како „исклучително тешка“, повторувајќи ја важноста од снабдување со оружје за одбраната на земјата.

08:55 – Украински власти: Се верува дека 20.000 воени злосторства се извршени од почетокот на руската инвазија

Според украинските власти, за околу 20.000 случаи се верува оти се воени злосторства, евидентирани во трите месеци од руската инвазија, јави ДПА.

08:55 – Руската Дума на обвинителите ќе им даде овластувања да затвораат дописништва на странски медиуми

Рускиот Парламент (Дума) вчера го усвои законот со кој обвинителите се овластуваат да затвораат странски медиуми во Москва, доколку се медиуми што доаѓаат од земја која била „непријателска“ кон руските медиуми, откако на некои руски државни медиуми им беше забрането да делуваат во земјите од Западот.

25/05/2022

21:25 – (ВИДЕО) Њујорк тајмс објави снимка: „Вака Путин го играше Западот 20 години“

Снимките од меѓународните состаноци и говори во изминатите 20 години покажуваат дека Владимир Путин е срдечно примен од светските лидери, вклучувајќи го и поранешниот британски премиер Тони Блер и поранешниот американски претседател Џорџ Буш.

21:13 – Санчез: Главната цел на самитот во Мадрид ќе биде „единство на сојузниците“ и единство „меѓу НАТО и ЕУ“

Шведска и Финска, кои минатата недела ги поднесоа своите официјални кандидатури за членство во НАТО, ќе присуствуваат на самитот на алијансата во Мадрид во јуни, изјави шпанскиот премиер на форумот во Давос.

20:19 – Гутереш: На светот му се заканува нова студена војна со нуклеарен призвук

Светот се соочува со закана од нова студена војна со нуклеарен призвук и наплив на екстремен национализам, предупреди денеска генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш во говорот пред дипломирани студенти на Универзитетот Сетон Хол во Њу Џерси.

20:00 – Столтенберг: Војната во Украина е доказ дека бизнисот со Русија и Кина е ризичен

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг денеска изјави дека војната во Украина е доказ дека бизнисот со авторитарните власти на Русија или Кина претставува ризик за безбедноста на Западот.

20:00 – Украина го извести Кипар за заплена на руски имот од 393 милиони евра

Украинските власти го информираа Кипар за заплена на акции и хартии од вредност во вредност од 393 милиони евра поврзани со таа островска држава, кои припаѓаат на руски милијардер и други бизнисмени, соопштија денеска кипарските власти.

19:58 – Европските лидери во Давос: Клучно е зголемување на вооружувањето за Европа и Украина

Зајакнување на системот за вооружување и вооружувањето на Украина е од клучно значење за време на руската инвазија, договорија денеска лидерите на некои европски земји и шефот на НАТО на панелот за безбедност во Европа за време на состанокот на Светскиот економски форум во Давос.

19:47 – Русија тврди дека ги отстранила сите мини од пристаништето во Мариупол

Руските сили ги исчистија сите мини во пристаништето Мариупол, соопшти Министерството за одбрана.

19:46 – Русија им забрани влез во земјата на 154 членови на британскиот парламент

Русија им забрани влез во земјата на 154 пратеници од Долниот дом на британскиот парламент.

19:43 – Би-би-си: Пензиониран руски генерал убиен во Украина

Пензионираниот генерал на руските воздухопловни сили Канамат Боташев е убиен откако неговиот авион бил соборен во украинскиот воздушен простор, пишува BBC Russia.

19:26 – ВИДЕО: Унгарија прогласи вонредна состојба поради војната во Украина

Унгарската влада прогласи вонредна состојба поради војната во Украина. Таа одлука стапува на сила утре.

18:37 – Анкета: Повеќе од 80 отсто од Украинците се против секакви територијални отстапки во замена за мир со Русија

Ново истражување покажа дека 82 проценти од Украинците веруваат дека нивната земја во никој случај не треба да отстапи свои територии како дел од мировен договор со Русија.

17:54 – Руската армија зазела уште еден град во Доњецк

Руските сили ја презедоа контролата врз градот Свитлодарск во областа Бахмут во Доњецк.

17:10 – Шојгу: Намерно ја забавуваме офанзивата во Украина за да избегнеме жртви меѓу цивилите

Рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу рече дека Русија намерно ја забавува својата офанзива во Украина за да дозволи цивилите да се евакуираат, додека висок безбедносен функционер рече дека Москва не е „оптоварена со рокови“ во тримесечната војна.

16:20 – Се појавија сателитски снимки од наводната кражба на жито во Крим

Се појавија сателитски снимки од Крим на кои се гледа како руски бродови наводно товараат украдено жито од Украина.

15:47 – САД: Европа нема повеќе да биде зависна од руската енергија

САД и ЕУ ги осудуваат уцените на Русија со помош на енергија и започнаа со оттргање на Европа од зависноста со руски гас и нафта, наведуваат денеска во заедничко соопштение Белата куќа и Европската комисија.

15:31 – Русија ја укинува горната старосна граница за пријавување во војска

Рускиот парламент ја разгледува можноста за укинување на горната старосна граница за пријавување во армијата, што е уште еден знак дека земјата се соочува со недостиг на пешадија за продолжување на офанзивата во Украина.

15:20 – Лајен: Русија ја користи храната како оружје, ЕУ не смее да падне во нова замка на зависност

Европската унија не смее да стане зависна од несигурни земји во нејзината транзиција кон зелена економија, исто како што стана зависна од руските фосилни горива, изјави денеска во Давос претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен, додавајќи дека Русија почнала да ги користи залихите со храна како оружје, како што тоа го прави со енергијата

15:13 – Орбан бара да не се разговара за нафтата на претстојниот ЕУ самит

Унгарската Влада испратила писмо до Европскиот Совет со барање да не се става руската нафта на дневен ред на лидерскиот самит на ЕУ на 30 и 31 мај

14:55 – Украинските власти тврдат дека под урнатини на зграда во Мариупол се пронајдени 200 тела

Работници кои копале во урнатини на станбена зграда во Мариупол пронашле 200 тела, соопштија денеска украинските власти.

13:54 – Усвоени вкупно две милијарди евра воена помош од ЕУ за Украина

Советот на ЕУ денеска одобри дополнителна воена помош за Украина, вкупниот износ достигнува две милијарди евра, јави дописничката на МИА од Брисел.

13:31 – Навални: Путин е лудак кој почна глупава војна

Затворениот руски опозициски лидер Алексеј Навални на денешното судско рочиште го нарече рускиот претседател Владимир Путин „лудак“ кој започна „глупава војна“ во Украина.

13:11 – Украина: Рускиот напад на Донбас е најголемата офанзива во Европа по Втората светска војна

Руската офанзива во Донбас, регион во источна Украина, е „најголемата офанзива на европско тло од Втората светска војна“, објави украинскиот министер за надворешни работи Дмитриј Кулеба на Твитер.

10:54 – Грција ќе го плаќа рускиот гас во рубљи

Сите грчки компании кои увезуваат руски гас се префрлиле на новата процедура за плаќање на Гаспром во рубли изјавил за РИА Новости извор од индустријата за гас.

10:33 – ВИДЕО: Стотици луѓе на концерт во Русија извикуваа „е*и ја војната“

За време на концертот на неколку женски рок бендови во Санкт Петербург минатиот викенд, илјадници луѓе од публиката извикуваа антивоени слогани.

08:17 – Зеленски за крај на војната би разговарал само со Путин

Украинскиот претседател Володимир Зеленски синоќа преку видео врска до Светскиот економски форум потенцира дека Владимир Путин е единствениот руски функционер со кој е подготвен да се сретне со само една цел – да се стави крај на војната.

08:07 – Европската унија е блиску до договор за ембарго на руската нафта

Европската унија е блиску до договор за ембарго за увоз на руска нафта, изјави германскиот министер за економија за телевизијата ZDF

08:07 – Лавров: Русија ќе размисли дали ќе ги обновува односите со Западот

„Русија ќе размисли и ќе одлучи дали треба да ги обнови односите со Западот“, изјави рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров, пренесува Ројтерс.

08:02 – Украински суд нареди апсење на поранешниот претседател Виктор Јанукович

Украински суд донесе одлука и нареди апсење на поранешниот украински претседател Виктор Јанукович, обвинувајќи го за предавство.

24/05/2022

17.05 Украински разузнавач: Путин избегна атентат

13:31 – Зеленски им се обрати на светските лидери во во Давос и побара „максимални санкции“ за Русија

Тој го почна говорот барајќи од учесниците да ја разгледаат важноста на темата на овогодинешниот СЕФ – историјата на пресвртна точка.

13:09 – Руската војска изврши ракетен напад на железничка станица во близина на Киев

Руската војска соопшти дека бомбардирала воен транспорт во близина на Киев

13:07 – Украински уметници поставија „Руска куќа на воените злосторства“ на Самитот во Давос

Додека светските лидери се собираат на Светскиот економски форум во Давос, украински уметници ја претворија тамошната Руска куќа, место што вообичаено го користи руската делегација, во „Руска куќа на воените злосторства“, објави денеска Би-Би-Си.

12:32 – Осуден првиот руски војник за злосторства во Украина, доби доживотен затвор

Украинскиот суд го осуди за воени злосторства на доживотен затвор рускиот војник кој уби невооружен цивил. Ова е прво судење во Украина за воени злосторства извршени за време на руската инвазија на таа земја.

12:09 – Полска го откажа договорот за гас со Русија

Полската министерка за клима и животна средина Ана Москва објави дека Полска одлучила да го раскине договорот со Русија поврзан со гасоводот Јамал.

12:05 – На заробениците од Азовстал ќе им се суди на територија на проруските сепаратисти

Руската агенција Интерфакс објави дека лидерот на проруските сепаратисти во украинскиот регион Донецк објавил кој ќе им суди на воените заробеници од челичарницата во Мариупол Азовстал.

10:52 – Министрите за ЕУ денеска разговараат за Украина и проширувањето

Министрите за европски прашања од земјите-членки на ЕУ се состануваат денеска од 10 часот во рамките на Советот за општи работи на ЕУ, и ги подготвуваат двата претстојни самити на лидерите.

10:38 – Борис Џонсон им напиша емотивно писмо до украинските деца: „Не сте сами“

Британскиот премиер Борис Џонсон напиша писмо до украинските деца, нагласувајќи дека тие се пример за другите и оти „Велика Британија никогаш нема да ги заборави“.

08:54 – Војната во Украина и ризиците врз светската економија во фокусот на Светскиот економски форумот во Давос

Војната во Украина и ризиците што судирот ги претставува по светската економија ќе бидат во фокусот на Светскиот економски форум што од денеска се одржува во Давос.

08:12 – Русија објави дека е подготвена за продолжување на преговорите, порачува дека топката е во укриански двор

Русија е подготвена да ги продолжи разговорите со Украина, замрзнати на иницијатива на Киев, изјави денеска главниот руски преговарач Владимир Медински.

07:56 – Борел: На ЕУ и се потребни силни заеднички вооружени сили

Европската унија има потреба од сопствени вооружени сили за да ја осигура нејзината безбедност, изјави министерот за надворешни работи на ЕУ, Жозеп Борел.

07:49 – Британија: Русите за три месеци војна имаат загуби како за девет години во Авганистан

Во трите месеци откако Русија ја нападна Украина, руските сили претрпеа загуби споредливи со оние на Советскиот Сојуз за време на деветгодишната војна во Авганистан, соопшти британското Министерство за одбрана во извештајот на военото разузнавање.

07:46 – Зеленски: На истокот на земјата дневно умираат до 100 Украинци

Украинскиот претседател Володимир Зеленски соопшти дека во борбите на истокот од земјата секој ден гинат меѓу 50 и 100 Украинци. Притоа тој очигледно мисли на воените жртви на конфликтот.

23/05/2022

19:36 – Волфович: Украински диверзантско-извидувачки групи влегуваат во Белорусија

Украински диверзантско-извидувачки групи влегуваат на територијата на Белорусија, изјави денеска секретарот на Белорускиот совет за безбедност Александар Волфович.

19:08 – Гаспром продолжува да ја снабдува Европа со гас преку Украина

Рускиот нафтен гигант „Гаспром“ денеска најави дека ќе продолжи да ја снабдува Европа со гас преку Украина, преку граничниот премин Суџа.

16:47 – Француски министер: Ќе бидат потребни 15 или 20 години за Украина да влезе во ЕУ

Ќе бидат потребни „најверојатно 15 или 20 години“ за Украина да се приклучи на Европската унија, изјави денеска францускиот министер за европски прашања Клемент Бон, препорачувајќи Киев во меѓувреме да се приклучи на европската политичка заедница

15:25 – Велика Британија: Луганск е тактички приоритет на Русија

Министерството за одбрана на Велика Британија ги објави најновите разузнавачки информации за Украина.

15:25 – (ВИДЕО) Конашенков: Ја нападнавме Украина со ракети и артилерија

Портпаролот на Министерството за одбрана на Руската Федерација, генерал Игор Конашенков, изјави дека руските ракети и артилерија погодиле околу 700 украински воени цели во текот на изминатиот ден, а цел биле командни центри, војници и складишта за муниција.

15:24 – Дуда во парламентот на Украина: Само вие одлучувате за вашата судбина

Само Украина има право да одлучува за својата иднина, изјави полскиот претседател Анджеј Дуда пред украинските пратеници во Киев.

14:49 – Воената состојба во Украина е продолжена до крајот на август

Украинскиот Парламент изгласа продолжување на воената состојба и општа мобилизација за три месеци.

13:43 – Зеленски со онлајн говор го отвора годинашниот Светски економски форум во Давос

Војната во Украина, пандемијата на коронавирусот и климатските промени се доминантните теми на годинашниот Светски економски форум (СЕФ) што од утре до четврток ќе се оддржи во Давос, јави ДПА.

13:40 – Фон Фрич: Путин се обидува да предизвика глад во Африка и Блискиот Исток и дестабилизација на Европа

Рускиот претседател Владимир Путин намерно се обидува да предизвика глад на Блискиот Исток и Африка, изјави поранешниот германски амбасадор во Русија, Рудигер фон Фрич, јави денеска ДПА.

12:32 – Украинците: Русите сакаат да напредуваат кон Северодонецк, ние ги запираме

Руските сили се обиделе да напредуваат кон градот Северодонецк со својот тенк, таканаречениот Терминатор. Сепак, Украинците ги одбиле обидите за напади.

11:29 – Мурадов: Украина ќе биде федерација или група од држави

Рускиот политичар и именуван претставник на Путин во анектираниот Крим, Георги Мурадов, денеска изјавија дека е малку веројатно Украина да продолжи да постои во сегашната форма, пренесуваат руските медиуми.

09:43 – Пашулин: Меѓу заробените борци од „Азовстал“ имаше и 78 жени

Седумдесет и осум жени се наоѓаат во групата заробени украински војници од руските сили во опколената челичарница „Азовстал“ во Мариупол, изјави лидерот на проруските сепаратисти, Денис Пашулин пренесе денеска ДПА.

09:41 – Полскиот претседател Дуда ќе одржи говор во Врховната Рада во Киев

Полскиот претседател Анджеј Дуда денеска пристигна во посета на украинскиот главен град Киев да даде уште еднаш поддршка на нацијата загрозена од војната во Русија, јави ДПА.

09:00 – Москва размислува за размена на украински заробеници за пријателот на Путин, Виктор Медвешчук

Русија ќе ја проучи можноста за размена на заробените војници на украинскиот баталјон „Азов“ за Виктор Медведчук, пријателот на Владимир Путин, изјави рускиот пратеник и преговарач Леонид Слуцки.

08:57 – Порошенко: Путин ја разбира само силата

Поранешниот украински претседател Петро Порошенко им порача на колегите политичари во Украина и на лидерите ширум светот да останат обединети и да не прават компромиси кога имаат работа со рускиот претседател Владимир Путин.

08:57 – Подољак: Украина нема да и отстапи територија на Русија

Украина денеска ја отфрли можноста да се согласи на прекин на огнот со Русија и порача дека Киев нема да прифати никаков договор со Москва што вклучува отстапување на територија.

22/05/2022

21:15 – Украински амбасадор: Полјаците имаат потреба од средства од ЕУ

Амбасадорот на Украина во Полска, Андриј Дешчициа денеска им се заблагодари на Полјаците за пречекот на милиони украински бегалци и изјави дека се надева оти Европската унија наскоро ќе ја исплати блокираната финансиска помош за Полска.

21:13 – Зеленски: Го скршивме ‘рбетот на руската армија

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека неговата војска нанела сериозна штета на руските вооружени сили и покрај падот на клучниот пристанишен град Мариупол.

19:07 – Украина: Русите извршија голем број напади, ние одбивме 11 од нив

Генералштабот на Украина извести за голем број руски напади во земјата и предупреди на опасност од воздушни напади од Белорусија.

18:21 – Столтенберг: Мора да се земе предвид загриженоста на сите сојузници

Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган денеска му порача на генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг дека Анкара нема позитивно да гледа на членството на Финска и Шведска во Алијансата, доколку не соработуваат во борбата против тероризмот и други прашања.

17:18 – Ердоган им соопшти на лидерите на Шведска и Финска што очекува од нив

Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган му порача на својот фински колега Саули Нинисте дека несанкционирањето на терористичките организации кои претставуваат закана за членките на НАТО не е во духот на Алијансата.

16:28 – Украина тврди дека од почетокот на војната загинале 28.850 руски војници

Генералштабот на Украина соопшти дека од почетокот на војната биле убиени околу 28.850 руски војници.

15:19 – Португалскиот премиер пристигна во Киев

Португалскиот премиер Антонио Коста утринава пристигна во Киев.

15:15 – (ВИДЕО) Украинска функционерка: Русите насилно евакуираат луѓе од Мариупол

Заменик министерката за надворешни работи Емине Џепар на Твитер објави видео на кое руски војници со закана со оружје вршат присилна евакуација на цивили од Мариупол на руска територија.

15:04 – Бајден не смее да влезе во Русија

Русија соопшти дека им забранила влез во земјата на 963 американски државјани, меѓу кои и претседателот Џо Бајден, државниот секретар Ентони Блинкен и шефот на Централната разузнавачка агенција (ЦИА) Вилијам Барнс.

15:01 – Лиз Трас: Русија е закана и за Молдавија

Западните сојузници разгледуваат овозможување долгорочна воена поддршка за Украина, која би можела да вклучи поддршка за Молдавија која не е членка на НАТО, рече британската министерка за надворешни работи Лиз Трас во интервју објавено денеска.

14:02 – Бајден го потпиша законот што обезбедува помош од 40 милијарди долари за Украина

Американскиот претседател Џо Бајден го потпиша законот усвоен од американскиот Конгрес со кој се обезбедува помош од 40 милијарди долари за Украина во војната против Русија, соопшти денеска Белата куќа.

13:26 – Канада воведе санкции за рускиот милијардер, сопственикот на Индипендент

Канада му воведе санкции на Александар Лебедев, поранешен агент на советски КГБ, а во моментов сопственик на британските весници „Ивнинг Стандард“ и „Индипендент“, и финансиер на „Нова Газета“, водечкиот руски опозициски весник.

13:07 – Џонсон го убедувал Ердоган да соработува со Финска и Шведска за членството во НАТО

Британскиот премиер Борис Џонсон синоќа разговараше со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган за соработката меѓу двете земји и глобалниот одговор на конфликтот во Украина, но го искористи моментот и да се обиде да го убеди да го смени ставот за отпорот кон побараното членство на Шведска и Финска во НАТО.

12:00 – (ВИДЕО) Зеленски: Војната ќе биде крвава, но ќе заврши со дипломатски средства

Војната во Украина може да заврши само со дипломатски средства, изјави денеска украинскиот претседател Володомир Зеленски во интервју за украинската телевизија.

11:27 – (ВИДЕО) Руска армија: Уништивме пратка оружје од Запад

Руската армија тврди дека уништила пратка западно оружје во украинскиот регион Житомир.

11:16 – Пет членки на АПЕК протестираа против учеството на Русија на министерска средба во Бангкок

Претставниците на САД, Канада, Нов Зеланд, Јапонија и Австралија денеска го напуштија состанокот на министрите за трговија на земјите од азиско-пацифичкиот регион во Бангкок, протестирајќи против руската инвазија на Украина, потврдија официјални лица.

11:13 – Трас: Молдавија треба да се опреми по стандардите на НАТО

Молдавија треба да биде „опремена по стандардите на НАТО“ за да може да и се помогне да се заштити од руската закана, изјави британската министерка за надворешни работи, Лиз Трас.

09:57 – Литванија од утре без гас, нафта и струја од Русија

Министерството за енергетика на Литванија соопшти дека таа земја од утре нема да увезува струја од Русија.

09:32 – „Мудис“ го намали кредитниот рејтинг на Украина на „Цaa3“ поради несигурната отплата на долгот

Рејтинг агенцијата „ Мудис“ вчера го намали кредитниот рејтинг на Украина од „Цaa2“ на „Цaa3“ со негативна прогноза, наведувајќи ги како причина зголемените ризици за одржливоста на долгот на земјата по руската инвазија.

08:53 – ВИДЕО: Објавена снимка од предавањето на борците од Азовстал

Руското Министерство за одбрана објави видео на кое се гледа како последните припадници на Азовскиот полк ја напуштаат фабриката за челик Азовстал во Мариупол.

08:30 – Каспаров и Ходорковски ставени на списокот на странски агенти во Русија

Поранешниот светски шампион во шах, Гари Каспаров, и олигархот Михаил Ходорковски, двајца противници на рускиот претседател Владимир Путин во егзил, денеска се ставени на списокот на „странски агенти“ во Русија, соопшти руското Министерство за правда.

08:23 – Пентагон: Нема знаци дека Русија користи ласерско оружје во Украина

Пентагон вчера соопшти дека нема индиции дека Русија користела ласерско оружје во Украина, по тврдењата од Москва дека таму почнала да користи нова генерација на моќни ласери за уништување на непријателски беспилотни летала.

08:22 – „Гасум“: Русија денеска ја запре испораката на гас за Финска

Од денеска прекинаа испораките на рускиот природен гас за Финска, соопшти финската државна енергетска компанија „Гасум“, откако скандинавската земја одби гасот да му го плаќа на „Газпром“ во рубљи.

08:22 – Зеленски предлага формален меѓународен договор за надомест на штетата со конфискација на рускиот имот

Украинскиот претседател Володимир Зеленски вчера предложи да се воспостави формален договор со сојузничките земји за обезбедување компензација од Русија за штетата што нејзините сили ја предизвикаа за време на војната.

21/05/2022

21:30 – Русија: Челичарницата „Азовстал“ е целосно ослободена, се предадоа сите

Руското Министерство за одбрана вечерва соопшти дека фабриката „Азовстал“ во Мариупол е целосно ослободена.

18:26 – Зеленски објави снимка од проектилот по кој исчезнува Домот на културата во Харков

Во ракетирањето на градот Лозова, во украинскиот регион Харков, погоден е Домот на културата каде загинаа 11 лица, напиша на социјалните мрежи попладнево украинскиот претседател Володимир Зеленски.

17: 45 – Канада воведува дополнителни санкции против руските олигарси

Канада воведува дополнителни санкции против руските олигарси и забранува увоз и извоз на целни луксузни стоки од Русија, што е одговор на Отава на руската инвазија врз Украина.

14:20 – (ВИДЕО) Командант на Азов: Добивме наредба да престанеме да го браниме Мариупол

Командантот на украинскиот полк Азов, Денис Прокопенко, се обрати до јавноста и рече дека во Азов добиле наредба да престанат да го бранат Мариупол и да ги спасат животите на борците.

13:13 – Русија утре ја прекинува испораката на гас за Финска

Снабдувањето на руски гас за соседна Финска ќе престане в сабота наутро, објави финската државна веледрогерија на гас „Гасум“.

13:06 – Шојгу: Заканите од НАТО растат, Русија формира 12 нови единици и одреди

Се зголемуваат тензиите во зоната на одговорност во Западниот воен округ на Русија, а државата презема интензивни мерки за да се спротивстави на тоа, изјави рускиот министер за одбрана на Русија Сергеј Шојгу во врска со барањето на Шведска и Финска да бидат примени во НАТО.

11:06 – Руски политичар: Бавно напредуваме, украинската војска е една од најсилните

Политичарот Франц Клинчевич за руската телевизија го коментираше напредокот на Русија во Украина, велејќи дека е бавен, поради силната украинска армија.

10:56 – Во Азовстал има уште украински борци

Се прават силни напори за извлекување на последните украински бранители од фабриката за челик во Мариупол пишува Би-би-си.

09:30 – Захарова: Шведска е марионета на Велика Британија, а САД и ги диктира потезите

Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи Марија Захараова на Телеграм го коментираше аплицирањето на Шведска за влез во НАТО. Таа вели дека во шведската јавност нема голема поддршка за ваквиот потег и прашува зошто во земјата нема референдум за ова прашање.

08:58 – ВИДЕО: Њујорк Тајмс објави снимка за која тврди дека е нов доказ дека Русите убивале заробеници

Њујорк Тајмс објави нови снимки за кои тврди дека докажуваат дека руските сили егзекутирале најмалку осум украински затвореници на 4. март во Буча, недалеку од Киев.

08:05 – (ВИДЕО) Зеленски: Последната фаза од војната ќе биде најкрвава

За време на вчерашниот говор пред украинските студенти, претседателот Зеленски рече дека се уште не може да ги повика Украинците да се вратат дома од странство поради страв дека последната фаза од војната ќе биде најтешка и најкрвава.

08:03 – Херсонската област наскоро ќе биде дел од Руската Федерација највува прорускиот гувернер

Гувернерот на окупираниот Херсон во јужна Украина, назначен од Русија, изјави дека регионот наскоро ќе биде целосно интегриран во Русија.

07:47 – Конгресот на САД одобри 40 милијарди долари за Украина

Американскиот Конгрес одобри помош за Украина во износ од 40 милијарди долари, што е уште еден знак за силната поддршка што Џо Бајден му ја вети на Киев.

07:44 – ЕУ ќе ги искористи замрзнатите средства од руските олигарси за обновување на Украина

Европската унија бара начин како да ги искористи замрзнатите средства на руските олигарси за финансирање на обновувањето на Украина по војната, изјави денеска претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен.

20/05/2022

22:06 – Паламар: Командата на „Азов“ се уште е во Азовстал, во тек е соодветна операција

Заменик командантот на „Азов“, Свјатослав Паламар, денеска објави нова порака на Телеграм во која кажува дека командата на единицата се уште се наоѓа во подземните тунели на огромната фабрика во Мариупол, која во последните два месеца прерасна во своевиден симбол на украинскиот отпор.

20:53 – Украински гувернер: Најмалку 12 загинати во руското гранатирање на Северодоњецк

Најмалку 12 лица загинаа, а 40 се ранети во денешното руско гранатирање на градот Северодоњецк во источна Украина, кој е речиси опколен од руските сили, соопшти регионалната влада.

20:40 – Европскиот парламент изгласа едногодишна суспензија на царините на стоки од Украина

Европскиот парламент денеска гласаше за едногодишна суспензија на царините за увоз на стоки од Украина со цел да се поддржи економијата на таа земја зафатена од војна.

20:40 – Лукашенко: Белорусија купи од Русија ракетни системи С-400 и ракети „Искандер“

Белорусија купи од Русија противвоздушни системи С-400 и ракети „Искандер“, изјави денеска белорускиот претседател Александар Лукашенко

20:10 – Шолц е убеден дека Шведска и Финска ќе влезат во НАТО

Убеден сум дека Шведска и Финска ќе успеат да влезат во НАТО и Германија прави се што е можно тоа да се случи, изјави денеска германскиот канцелар Олаф Шолц при посетата на Холандија.

20:05 – Сенатот на САД гласа за доделување пакет од 40 милијарди долари помош за Украина

Американскиот Сенат денеска гласа за одобрување на пакетот помош од 40 милијарди долари за Украина.

20:05 – Прв разговор на генералите Мили и Герасимов од почетокот на руската инвазија врз Украина

Шефот на началниците на штабовите на американската војска, американскиот генерал Марк Мили денеска разговараше со својот руски колега, началникот на рускиот Генералштаб, генерал Валериј Герасимов, првпат од почетокот на руската инвазија на Украина, потврдија денеска од американската армија.

18:17 – СЗО: Русија да овозможи обезбедување здравствена заштита во Украина

Директорот на Светската здравствена организација (СЗО) Тедрос Аданом Гебрејсус разговараше со рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров за ситуацијата во Украина и улогата на Русија во глобалните здравствени прашања.

18:14 – Бајден се сретна со челниците на Шведска и Финска

Американскиот претседател Џо Бајден денеска се состана со лидерите на Шведска и Финска, откако двете земји се откажаа од долгогодишната неутралност и поднесоа барање за влез во НАТО како одговор на руската инвазија на Украина.

18:14 – Валас: Загриженоста на Турција за Шведска и Финска може да се реши

Британскиот министер за одбрана Бен Валас денеска изјави дека верува оти постои начин да се реши загриженоста на Турција во врска со приемот на Шведска и Финска во НАТО.

18:07 – Столтенберг: Различните мислења во НАТО не се нешто необично

Не е невообичаено членките на НАТО да имаат различни мислења, изјави денеска генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг, мислејќи на актуелното одбивање на Турција да го поддржи членството на Финска и Шведска во НАТО.

17:03 – Обвинителството побара доживотен затвор за рускиот војник кому се суди за воено злосторство во Украина

Украинското обвинителство денеска побара максимална казна доживотен затвор за рускиот војник на кого во Киев му се суди за воени злосторства, бидејќи кон крајот на февруари убил украински цивил.

16:14 – Руденко: Отворањето на украинските пристаништа бара ревизија на санкциите кон Русија

Официјална Москва денеска соопшти дека исполнувањето на повикот на ОН за отворање на украинските пристаништа на Црното Море за да се дозволи извоз на жито ќе бара преиспитување на санкциите кон Русија, пренесоа руските меидуми.

16:13 – ММФ: Украина може да ја избегне хиперинфлацијата, најважен е тајмингот на помошта

Шефицата на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), Кристалина Георгиева, денеска изјави дека „станува пооптимистична“ дека договорот меѓу седумте најголеми светски економии од Г7 за обезбедување нови буџетски средства за Украина ќе и помогне на земјата да избегне хиперинфлација.

16:12 – Украинската Врховна Рада се подготвува Путин да го прогласи за воен злосторник

Во украинската Врховна Рада поднесена е предлог изјава со која се бара рускиот претседател Владимир Путин да биде прогласен за воен злосторник, јави Укринформ.

14:50 – ОН: Цените на храната во светот пораснаа за 30 отсто

Поради војната во Украина, поскапеа житарките, нафтата, горивото и ѓубривата, поради што генералниот секретар на Обединетите нации Антонио Гутереш предупреди дека тоа ќе ја влоши прехранбената, енергетската и економската криза во сиромашните земји.

13:14 – Уште двајца руски војници признаа вина за напади на цивилно насление во Украина

Двајца руски војници, Александар Бобикин и Александар Иванов, денеска се појавија во суд ја признаа вината за „прекршување на правилата на војната“.

13:12 – Ердоган останува против влезот на Финска и на Шведска во НАТО

Претседателот на Турција, Реџеп Тајип Ердоган за државната телевизија ТРТ истакна дека и понатаму е против членство на Финска и на Шведска во НАТО.

12:01 – Марин: Финска не сака нуклеарно оружје или НАТО бази на своја територија

Доколку стане членка на НАТО, Финска не сака да распореди нуклеарно оружје или да постави воени бази на својата територија, изјави финската премиерка Сана Марин за денешното издание на Кориере дела сера.

10:10 – Захарова: Над 900 украински борци од Азовстал се одведени во казнена колонија под контрола на Русија

Повеќе од 900 украински борци од челичарницата Азовстал во Мариупол се одведени во казнена колонија на територијата контролирана од Русија, изјави портпаролката на руското Министерство за надворешни работи Марија Захарова.

09:45 – Бајден на средба со лидерите на Шведска и Финска

Американскиот претседател Џо Бајден денеска ќе има средба со лидерите на Шведска и Финска со цел САД да покажат поддршка, откако двете земји поднесоа барања за влез во НАТО Алијансата.

09:45 – Арестович: Украина нема да прави компромис со Русија

Советникот на украинскиот претседател Алексиј Арестович изјави дека Украина нема да направи компромис со Русија и оти нема да се откажи од територија.

08:39 – Продолжува евакуацијата од Азовстал

Во текот на ноќта продолжи евакуацијата на украинските борци од челичарницата Азовстал во Мариупол

08:39 – (ВИДЕО) Зеленски: Русија ги користи неискусните војници како топовско место

Украинскиот претседател Володимир Зеленски го одржа своето ноќно видео обраќање. На самиот почеток, како и обично, им се заблагодари на светските лидери за поддршката.

08:27 – ВИДЕО: Светот би можел да се соочи со глад кој ќе трае го години предупредуваат ОН

Руската инвазија на Украина може да предизвика глобален недостиг на храна во наредните месеци, предупредија ОН.

08:21 – Русија: Украинците гранатираа село во близина на границата, еден мртов

Гувернерот на руската област Курск, Роман Старовоит на Телеграм објави дека еден маж загинал, а повеќемина се повредени во напад на украинската армија врз погранично село Тјоткино.

19/05/2022

21:58 – Зеленски ја продолжи вонредната состојба и мобилизацијата во Украина

Со нов Указ на украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска за 90 дена е продолжена вонредната состојба и мобилизацијата во земјата, а важноста на одлуката е од 25 мај, јави Би-Би-Си.

21:23 – Украинската територијална одбрана кренала во воздух оклопен воз со руски војници кај јужниот град Мелитопол

Украинските борци разнеле оклопен воз со руски војници во окупираниот јужен град Мелитопол, соопшти денеска Украинската територијална одбрана (УТО).

20:55 – САД повторно ја отворија Амбасадата во Киев

Денеска официјално ја продолжуваме работата во Амбасадата на САД во Киев. Украинскиот народ, со нашата безбедносна помош, успешно ја брани својата татковина наспроти неиспровоцирана инвазија на Русија, се вели во соопштението од американскиот државен секретар Антони Блинкен

20:44 – Кадиров: Вистинскиот непријател на Русија не е Украина

Лидерот на Чеченија Рамзан Кадиров изјави дека Русија не е против Украина, туку против НАТО.

20:43 – Москва: Струјата од Запорожје ќе оди во Русија

Најголемата нуклеарна електрана во Европа, украинската Запорожје ќе ја снабдува со енергија Русија, но и Украина, ако официјален Киев плати за тоа.

19:55 – Нургалиев: Русија има тешкотии, па и грешки во војната во Украина, но останува непоколеблива

Заменик секретар на Советот за безбедност на Руската Федерација, Рашид Нургалиев, денеска изјави дека Русија се соочува со тешкотии, па дури и прави грешки во воената кампања во Украина, но најави дека таа ќе продолжи да се бори, јави ДПА.

19:45 – Стејт департмент: САД го поздравуваат зачленувањето на Финска и Шведска во НАТО

САД го поздравуваат пристапот на Финска и Шведска во НАТО, изјавија денеска од Стејт департментот.

19:39 – Пушилин: Во Азовстал има уште околу илјада украински војници

Илјада украински војници со нивните команданти сè уште ја бранат својата позиција во фабриката за челик Азовстал во Мариупол, изјави денеска лидерот на проруските сепаратисти по информациите објавени од Москва дека 959 бранители се предале од понеделникот.

18:56 – Кремљ: Преговорите со Украина не напредуваат

Мировните преговори меѓу Русија и Украина не напредуваат и најверојатно нема да продолжат по „капитулацијата“ на украинската армија од фабриката за челик Азовстал, изјави портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков.

18:46 – Руските воени трошоци зголемени за 40 отсто

Трошоците за одбрана на Русија се зголемија за речиси 40 отсто во првите четири месеци од оваа година, покажуваат прелиминарните податоци на руското Министерство за финансии.

18:46 – Хјуман рајтс воч тврди дека документирала нови случаи на воени злосторства во Украина

Организацијата за заштита на човековите права, Хјуман рајтс воч (ХРВ) денеска соопшти дека документирала нови случаи на „очигледни воени злосторства“ извршени од руски војници во два региони во Украина.

18:44 – Бајден: Членството на Финска и Шведска носи придобивки за цело НАТО

Претседателот на САД Џо Бајден изјави дека силно ги поддржува барањата на Шведска и Финска за влез во НАТО, што е потег кој, како што истакна, „дополнително ќе ја зајакне меѓусебната соработка и ќе донесе корист за целата Алијанса“.

18:38 – Украинскиот премиер ги повика министрите на Г7 да преземат водечка улога во обновата на Украина

Украина ги повикува сите меѓународни партнери да истапат во обновата на регионите, заедниците или градовите.

18:37 – Џентилони: Блокирана е одлуката за шестиот пакет санкции кон Русија

Еврокомесарот за економија Паоло Џентилони денеска во интервју за ТВ Раи њуз 24 потврди дека е блокирана одлуката за шестиот пакет санкции на ЕУ против Русија.

18:20 – Русија ја забрани работата на московското биро на канадската телевизија Си-Би-Си

По наредба на руското Министерство за надворешни работи денеска е затворено московското биро на канадската телевизија Си-Би-Си (CBC) и притоа руските власти ги повлекуваат и визите и акредитациите на новинарите на овој јавен радиодифузен сервис, откако Канада ја забрани руската државна телевизија „Русија тудеј“

18:18 – Гасум: Русија неделава може да ја прекине испораката на гас за Финска

Финска од неделава може да остане без испораки на руски гас, пред се, поради барањето на Москва гасот да го плаќа во рубљи и денешното официјално барање на Хелсинки да се приклучи на НАТО, соопшти денеска финскиот државен снабдувач со гас компанијата „Гасум“.

17:14 – Борисов: Русија користи ласерско оружје во Украина

Русија користи ласерско оружје во своите воени операции во Украина, изјави рускиот вицепремиер Јуриј Борисов и додаде дека се работи за ласерскиот комплекс Задира, кој може да погоди цели до пет километри.

16:57 – Бајден на средба во Белата куќа со лидерите на Шведска и Финска

Претседателот на САД, Џо Бајден, ќе ги прими денеска во Белата куќа премиерот на Шведска, Магдалена Андерсон и претседатекот на Финска Саули Ниинисте, а во време кога двете земји одлучија да влезат во НАТО.

16:50 – Пушилин: Командантите од челичарницата „Азовстал“ не се меѓу предадените

Лидерот на самопрогласената Народна Република Доњецк, Денис Пушилин, денеска изјави дека украинските команданти во челичарницата „Азовстал“ во Мариупол не се меѓу оние кои досега се предале.

16:48 – Покрај француските, Москва протера и 24 италијански и 27 шпански дипломати

Русија соопшти дека протерува вкупно 85 дипломати од Франција, Шпанија и Италија како одговор на слични потези на тие земји, истакнувајќи дека односите со водечките членки на ЕУ се затегнати од почетокот на војната против Украина.

16:16 – Песков: Увозните царини ќе ја поскапат руската нафта

Американскиот предлог за воведување царини за руската нафта ќе значи дека купувачите ќе мора да платат повеќе или да бараат други добавувачи, изјави денеска портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

16:16 – ЕК предлага краткорочна и долгорочна помош за Украина

Европска комисија предложи план за помош на Украина во повоената реконструкција, што предвидува долгорочни реформи и инвестиции, како и итна краткорочна макрофинансиска помош до девет милијарди евра во 2022 година

15:26 – Турција ја блокира одлуката на НАТО

Турција ја блокираше првичната одлука на НАТО да ги процесира барањата на Финска и Шведска за пристапување во воената алијанса, пишува ФТ.

14:25 – Руски војник, кому се суди за воени злосторства во Украина, се изјасни за виновен за убиство на невооружен цивил

Вадим Шишимарин (21), рускиот војник кому се суди за воени злосторства во Украина, денеска се изјасни за виновен за убиство на невооружен цивил.

13:39 – Фон дер Лајен: Нов енергетски и одбранбен пакет за ЕУ како одговор на руската агресија

Претседателката на Европската Комисија, Урсула фон дер Лајен, пред малку го најави новиот пакет на Европската Комисија за масовни инвестиции во енергијата и одбраната во ЕУ, како одговор на руско-украинската војна.

13>34 – Шредер ќе изгуби привилегии поради врски со Русија

Поранешниот германски канцелар, Герхард Шредер ќе биде дополнително казнет бидејќи не сака директно да ја осуди руската инвазија на Украина, јавија германски медиуми.

13:32 – Почнува првото судење за воено злосторство на руски војник во Киев

Почнува првото судење за воено злосторство на руски војник во Киев, а проруски сепаратисти најавуваат дека судот ќе одлучува за судбината на украински бранители од челичарницата Азовстал, јави Би-би-си.

10:37 – Околу 1000 борци од Азовстал се предадоа досега тврди Русија

Руското Министерство за одбрана го објави последниот оперативен брифинг. Во него се наведува дека од понеделникот од фабриката за челик Азовстал се предале вкупно 959 борци.

09:37 – Украина: Во Азовстал има уште многу луѓе, операцијата за евакуација не е готова

Спасувачката операција на фабриката за челик Азовстал ќе биде завршена само кога сите бранители на Мариупол ќе бидат евакуирани на териториите под контрола на Украина, изјави за Би-Би-Си заменик-министерката за одбрана на Украина, Хана Малиар.

09:23 – Трас: Се бараат начини како руските средства да се искористат за обновата на Украина

Велика Британија и членките на Групата Г-7 бараат начин како руски средства може да се искористат за финансирање на обновата на Украина, ијзави денеска британската министерка за надворешни работи, Лиз Трас.

08:53 – Финска и Шведска ги предадоа апликациите за влез во НАТО

Шведскиот и финскиот амбасадор официјално ги доставија своите апликации за членство во НАТО до генералниот секретар на Алијансата, Јенс Столтенберг.

08:22 – СЗО стравува од појава на колера во Мариупол

Светската здравствена организација се подготвува за потенцијално избивање колера во Мариупол, каде се оштетени голем број инфраструктурни објекти. Тоа го изјави синоќа менаџерката на СЗО за инциденти во Украина, Дорит Никан.

08:20 – Шведска и Финска денеска треба да ги поднесат апликациите за членство во НАТО

Шведска и Финска се очекува денеска заеднички да ги поднесат своите апликации за членство во НАТО.

08:10 – ВИДЕО: Зеленски на Канскиот филмски фестивал: Омразата ќе исчезне, диктаторите ќе умрат

Говорејќи од Киев, шефот на украинската држава зборуваше десетина минути за време на свеченото отворање на Канскиот филмски фестивал. Тој ги повика актерите на седмата уметност да не „молчат“ пред руската инвазија.

18/05/2022

21:34 – Медведев: Русија нема да дозволи почеток на Трета светска војна

Русија нема да дозволи избувнување на Трета светска војна, но во случај на напад, земјата е во состојба веднаш да одговори исклучително силно, изјави на Телеграм заменик-претседателот на рускиот Совет за безбедност, Дмитриј Медведев, по посетата на нуклеарниот центар Саров.

20:53 – Украина се надева на размена на заробените борци од Мариупол

Заменичката-министерка за одбрана на Украина Хана Малиар денеска изрази надеж дека украинските војници кои се предале од фабриката за челик Азовстал во Мариупол ќе бидат разменети за руски заробеници, и покрај изјавата на рускиот функционер Вјачеслав Володин дека тие се „криминалци кои мора да бидат изведени пред лицето на правдата.

20:14 – Од почетокот на руската инвазија врз Украина нападнати 226 здравствени установи соопшти СЗО

Светската здравствена организација потврди д ека од почетокот на руската инвазија врз Украина биле нападнати 226 здравствени установи, што претставува две третини од сите напади врз објекти на здравствената заштита во светот годинава, објави денеска директорот на СЗО за Европа, Ханс Клуге.

19:53 – Борците од Азовстал префрлени во поранешна казнена колонија кај Доњецк

Седум автобуси со украински борци кои со недели се бореа со руските сили во фабриката за челик Азовстал пристигнале денеска во поранешна казнена колонија во градот Оленивка во близина на Доњецк, изјавил сведок за Ројтерс.

19:18 – Рускиот Врховен суд ќе одлучи дали Азовскиот полк е терористичка организација

Русија побара од својот Врховен суд да го прогласи украинскиот Азовски полк за терористичка организација.

18:40 – Преговрите меѓу Русија и Украина се запрени

Михаил Подољак, советник на украинскиот претседател, изјави дека руско-украинските преговори се прекинати. Процесот е запрен, но тоа не значи дека страните на крајот нема да седнат на преговарачка маса.

17:48 – Унгарија ќе гласа за санкции и ембарго доколку ЕУ ѝ обезбеди енергетска безбедност

Унгарија ќе гласа за шестиот пакет санкции против Русија, вклучувајќи го и ембаргото за нафта доколку ЕУ ја финансира нејзината енергетска безбедност, изјави унгарската претседателка Каталин Новак во Варшава.

16:11 – Русија планира да ги напушти Светската здравствена и Светската трговска организација

Руското Министерство за надворешни работи му предложи на Парламентот да ги поништи руските договори со Светската трговска организација (СТО) и Светската здравствена организација (СЗО), изјави заменик-претседателот на Државната дума, Пјотр Толстој.

16:04 – САД предлагаат ЕУ да воведе царини за испораките на нафта од Русија

Претставници на американското Министерство за финансии изјавија дека на состанокот на министрите за финансии на Г7 што почнува утре во Бон ќе предложат земјите од ЕУ да воведат царини за испораките на нафта од Русија како побрза остварлива алтернатива на идејата за целосно ембарго на руската нафта.

15:34 – Борел: Силна поддршка за влез на Шведска и Финска во НАТО

Европската унија денеска ги поддржа напорите на Финска и Шведска за влез во НАТО, на што се спротивставува Турција, членка на западната воена алијанса.

15:33 – Кремљ го обвинува Западот дека води дипломатска, економска и политичка војна против Русија

Кремљ денеска го обвини Западот дека води дипломатска, економска и политичка војна против Русија, пишува ДПА.

15:17 – Финскиот парламент се изјасни за влез во НАТО

Финскиот парламент гласаше за влез во НАТО со огромно мнозинство од повеќе од 95 отсто од гласовите, дозволувајќи му на Хелсинки да испрати формална апликација за членство до седиштето на Алијансата.

14:51 – Кремљ: Бранителите на Мариупол ќе бидат третирани во согласност со „меѓународните закони“

Стотици украински борци од опколената фабрика за челик Азовстал во Мариупол се однесени на територии под контрола на Русија, пренесе Би-Би-Си.

14:49 – Подољак: Бранителите на Мариупол „го сменија текот на војната“

Бранителите на Мариупол „го сменија текот на војната“ со тоа што издржаа 82 дена, изјави советникот на украинскиот претседател Михајло Подољак.

14:33 – Објавени нови слики од Буча

Нешто повеќе од еден месец откако руските сили се повлекоа од Буча, мал град во близина на Киев, пристигнаа нови слики кои покажуваат уништени руски тенкови и воени возила во еден куп.

14:19 – Телефонски разговор Зеленски-Шолц

Претседателот на Украина Володимир Зеленски и германскиот канцелар Олаф Шолц денеска побараа повлекување на руската армија од Украина со цел конфликтот да се реши по дипломатски пат.

13:55 – Русите велат дека повеќе од 250 украински борци од Азовстал се предале

Потпретседателката на украинската влада Ирина Верешчук објави дека Украина работи на „понатамошни фази“ на евакуација на борците кои ја бранат фабриката за челик Азовстал во јужниот град Мариупол.

12:44 – Руско МНР: Нема преговори со Украина

Рускиот заменик министер за надворешни работи Андреј Руденко изјави дека во моментов не се водат преговори меѓу Русија и Украина, пренесува новинската агенција Интерфакс.

12:40 – (ВИДЕО) Русија: Погодивме пратки со оружје

Украинските воздухопловни сили објавија дека руска крстосувачка ракета лансирана од морето во текот на ноќта погодила инфраструктурни цели во близина на Лавов на западот на земјата, а Русија објави дека уништила пратка со американско и европско оружје, пренесуваат агенциите.

11:25 – Евакуација на последните украински борци од „Азовстал

Во тек е спасувачка операција за евакуација на последните украински борци од огромната железарница „Азовстал“, последниот бастион на отпорот против руската армија во стратешкото украинско пристаниште Мариупол.

10:23 – Британија: Русите бомбардираат населени места

Обемот на штетата што ја оставија руските трупи северно од Киев одразува колку руската војска е подготвена да употреби артилерија над населените области, соопшти британското Министерство за одбрана

10:17 – Украина објави извештај за конфликтите во последните 24 часа

Генералштабот на Украина соопшти дека Русија води големи битки во регионот на Доњецк, тврдејќи дека украинските сили одбиле 11 напади на Доњецк и Луганск во последните 24 часа.

10:14 – ВИДЕО: Не се знае колку војници останале во челичарницата

Украинската армија соопшти дека работи на евакуација на сите преостанати војници од фабриката за челик.

10:12 – Украина тврди дека има многу жртви во руските напади

Украина соопшти дека имало многу жртви во руските ракетни напади северно од Киев, но дека нападите на исток се одбиени.

10:10 – Дел од ранетите евакуирани од Азовстал, објавени се потресни слики

Околу 53 ранети украински војници, кои доцна синоќа беа евакуирани од челичарницата со автобуси, пристигнаа во градот Новоазовск под руска контрола, пренесува SkyNews.

10:02 – ВИДЕО: Руски напад недалеку од Лавов

Русите ракетираа воена база во близина на Лавов, 15 километри од границата на Украина со Полска.

09:53 – ЕУ советот за одбрана посветен на помошта за Украина

Министрите за одбрана на ЕУ денеска ќе имаа средба во Советот на ЕУ, а Украина останува главна тема, но ќе се разговара и за ситуацијата во Мали

08:09 – Шолц не го гледа крајот на војната во Украина во блиска иднина

Германскиот канцелар Олаф Шолц не го гледа крајот на војната во Украина во блиска иднина. Тој предупреди на можна понатамошна ескалација, јави ДПА.

07:58 – Голем пораз за Украина

Украинската армија соопшти дека работи на евакуација на преостанатите војници од нивното последно упориште во опколеното пристаниште Мариупол, препуштајќи ја контролата над тој град на Русија.

17/05/2022

20:25 – Руско МНР: Влезот на Шведска во НАТО и нанесува штета на европската безбедност

Руското Министерство за надворешни работи денеска оцени дека влезот на Шведска во НАТО ќе предизвика значителна штета на безбедноста на Северна Европа и на европскиот континент во целина и предупреди дека Русија ќе биде принудена да преземе одмазднички чекори.

20:00 – Кулеба: Немаме друг избор освен да победиме во војната, не даваме ниту педа за нашата земја

Украинскиот министер за надворешни работи Дмитриј Кулеба изјави дека неговата земја нема друг избор освен да победи во војната бидејќи исклучува можни отстапки за Русија кои би можеле да доведат до прекин на огнот.

18:38 – Зеленски им се заблагодари на војниците кои ги протераа руските сили од Харков

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска им се заблагодари на украинските војници кои ги протераа руските војници од Харков.

18:10 – Киев: Ракети ја оштетија туристичката инфраструктура во Одеса

Украина соопшти за нов ракетен напад врз крајбрежниот регион Одеса на Црното Море, во кој е предизвикана штета на туристички објекти.

15:42 – Русија и Украина се договорија за хуманитарен коридор за ранетите војници од Азовстал

Руската војска наложи прекин на огнот во областа на челичарницата Азовстал и отвори хуманитарен коридор, соопшти денеска руското Министерство за одбрана.

15:12 – Активисти на Гринпис блокираа влез на грчки танкер со руска нафта во пристаниште на југот од Англија

Активисти на Гринпис го блокираа влезот за грчки танкер во пристаниште на југот на Англија поради товарот со руско гориво, соопштија денеска организацијата.

15:00 – Путин: Влезот на Шведска и Финска во НАТО не е закана за Русија, но секако ќе одговориме

Коментирајќи го влезот на Финска и Шведска во НАТО, рускиот претседател Владимир Путин истакна дека неговата земја нема проблеми со овие земји, и дека нивниот влез не претставува закана, но дека одговорот на Русија во секој случај ќе следи.

14:37 – Зеленски го смени командантот на силите на територијалната одбрана

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска го смени командантот на силите за територијална одбрана без да ја наведе причината за одлуката, три месеци по почетокот на конфликтот во Украина, јави ДПА.

13:58 – Кулеба: Ќе притиснам за шестиот пакет санкции против Русија, мора да го вклучи и ембаргото на нафтата

Ја започнав мојата посета на Брисел за да притиснам за шестиот пакет санкции воведени од Европската Унија против Русија, што мора да го вклучи и ембаргото на нафтата, објави денеска на Твитер, украинскиот министер за надворешни работи Дмитро Кулеба.

13:03 – Мекдоналдс ги продава рестораните во Русија поради војната во Украина

Гигантот за брза храна се одлучи на ваков чекор поради „хуманитарната криза“ и „непредвидлива работна средина“ предизвикани од војната во Украина.

12:16 – Украинец: Русите пукаа во мене, па ме закопаа жив

Украинецот Микола е еден од тројцата браќа кои наводно биле принудени да клечат на работ на ископана јама до полето со пченица во северна Украина, откако биле врзани од руски војници.

11:58 – Конгресот на САД ќе се обиде до август да го ратификува зачленувањето на Финска во НАТО

Американскиот Конгрес до август ќе се обиде да ја ратификува апликацијата на Финска за приклучување кон НАТО. Тоа во Хелсинки го изјави републиканскиот лидер во американскиот Сенат Мич Меконел, по средбата со претседателот на Финска Саули Ниинисто.

11:41 – Австриски министер: Пакетот санкции против Русија готов деновиве

Надворешните министри на Австрија и Естонија во Брисел дадоа изјави околу шестиот пакет санкции на Европската Унија против Русија, што следува. Австрискиот министер Александер Шаленберг е уверен дека пакетот ќе биде „завршен следните денови“, јави Си-Ен-Ен.

11:25 – ВИДЕО: Украинските војници кои го бранат Харков дошле до руската граница, тврди украински гувернер

Украинските војници кои го бранат градот Харков стигнаа до државната граница со Русија, изјави гувернерот на провинцијата Олех Синегубов, кој своето тврдење го изјави на комуникациската платформа Телеграм.

11:21 – Русија објави нов извештај

Русија соопшти дека нејзините сили собориле три украински борбени авиони, еден во близина на Змискиот остров во Црното Море, а другите два во регионите на Миколаев и Харков.

11:17 – Сопруги на борците од Азовстал: Нашите сопрузи се подготвуваат за последната битка

Украинските војници заробени во фабриката за челик Азовстал во Мариупол имаат многу малку храна и вода за пиење, објави украинската новинска агенција Униан, цитирајќи ги сопругите на бранителите.

10:55 – Нов извештај на британското разузнавање: Лукашенко распоредува специјални сили

Британското Министерство за одбрана известува за зголемување на активноста меѓу белоруските вооружени сили.

10:39 – Рјабков: Влезот на Шведска и на Финска во НАТО уште една грешка со далекусежни последици

Рускиот заменик-министер за надворешни работи Сергеј Рјабков оцени дека влезот на Шведска и Финска во НАТО ќе биде уште една грешка со далекусежни последици.

10:37 – Премиерката на Шведска ќе побара широка поддршка од Парламентот за влез во НАТО

Премиерката на Шведска, Магдалена Андерсон денеска ќе побара широка поддршка на Парламентот за поднесување барање за членство во НАТО, откако нејзината партија објави дека поддржува влез во Алијансата.

10:27 – Украинци намерно го поплавија своето село за да ги спречат Русите: „Вредеше“

Демидив, мало село на околу 30 милји (околу 50 километри) северно од Киев, беше намерно потопено од украинските сили, пишува Sky News.

10:04 – Лиметс: Влезот на Шведска и Финска во НАТО ќе ја зголеми сигурноста на Балтикот

Влезот на Шведска и Финска во НАТО ќе ја зголеми безбедноста на Балтикот, изјави естонската министерка за надворешни работи Ева – Марија Лиметс.

08:54 – Институтот за проучување на војната објави нова анализа: Овој пораз ги шокираше Русите

Институтот за проучување на војната објави нова анализа и мапа на конфликтот во Украина.

08:45 – (ВИДЕО) Украина се подготвува за руски напад во Донбас, Зеленски: Инвазијата веќе пропадна

Украина се подготвува за нов руски напад во источниот регион Донбас, а Киев тврди дека контранападот на нејзината војска околу Харков е исклучително успешен.

08:25 – Руски средства на француски Рено сега државен имот

Руските средства на францускиот производител на автомобили Рено станаа државна сопственост, соопшти денеска Министерството за индустрија и трговија на Русија. Објавата е во момент кога странски компании ја напуштаат државата поради воената кампања на Москва во Украина.

08:19 – Сијарто: Унгарците нема да ја плаќаат цената на војната во Украина

Унгарската влада инсистира на тоа дека Унгарците нема да ја плачаат цената на војната во Украина, изјави синоќа министерот за надворешни работи Петер Сијарто.

08:18 – Почнува голема воена вежба на НАТО во Естонија

Во Естонија денеска почнуваат големи воени маневри на НАТО, што се сметаат за едни од најголемите одржани досега во историјата на Балтикот.

Хронологија на руско-украинскиот конфликт од 9 мај до 15 мај

Би можело да ве интересира

Американскиот Конгрес одобри помош за Украина

Русија бомбардирала свој град: по грешка погодена Белгородската област

ВИДЕО: Во руски напад урната ТВ кулата во Харков

Русија ја предупредува Европа: Ако ни го земете имотот, одговорот ќе боли

САД испраќа огромен пакет воена помош за Украина

Русите ја презедоа контролата врз селото Богдановка

Предраг Петровиќ