Во земјотресот во Мексико загинаа најмалку седум лица

Од:

Во земјотресот со интензитет од 7,4 степени според Рихтеровата скала, што во вторникот беше регистриран во мексиканското одморалиште Ватулко се искачи на седум луѓе, изјави гувернерот на сојузната мексиканска држава Оахака, Алехандро Мурат.

Тој наведе дека загинале две жени и пет мажи, додека најмалку 11 лица се повредени, од кои петмина се хоспитализирани.

Земјотресот разурна над 2.000 домови и 55 училишта во Оахака, а штета претрпеле и четири археолошки наоѓалишта. Земјотресот предизвика и привремен прекин во електроснабдувањето, поради што повеќе од 2,4 милиони луѓе останале без струја.

Мурат истакна дека четирите аеродроми во Оахака не се оштетни и работат нормално.

Епицентарот на земјотресот беше на 23 километри од Крусесите, на крајбрежјето на Оахака, а беше почувствуван и во Мекиско Сити, на 500 километри од епицентарот.

Би можело да ве интересира

Три лица загинаа во хеликоптерска несреќа во Мексико Сити

Гневни граѓани до смрт претепаа жена во Мексико осомничена за киднапирање и убиство на мало девојче

Демонстрантите во Мексико упаднаа во претседателската палата

ВИДЕО: Страотна несреќа во Мексико, 19 мртви

31 мигрант киднапирани во Мексико на пат кон САД

Разбеснети фармери убија членови на мексиканскиот картел, наскоро следуваше одмазда