Во затворот Ал-Аграб во Египет 130 притвореници штрајкуваат со глад

Од:

Околу 130 притвореници во египетски затвор со висока безбедност повеќе од шест недели се во масовен штрајк со глад, соопшти денеска Амнести интернешенел, пренесе ДПА.

Притворените штрајкот го почнале на 17 јуни во затворот Ал-Аграб ( Шкорпион) во непосредна близина на Каиро, во знак на протест против одбивањето на затворските власти да им овозможат контакти со семејствата и „ужасните услови“, наведува набљудувачката организација со седиште во Лондон.

„Египетските власти го преполнија затворот Ал-Аграб до работ на издржливост, вели Магдалена Мугхраби, заменик директор на АИ за Блискиот исток и Северна Африка.

„Комбинацијата на неквалитетни и нехумани услови во затворот и неодобрувањето на семејни посети и пристап до нивните адвокати, во некои случаи повеќе од две години, создаде неподнослива состојба за притворените“, додаде таа во соопштението.

Набљудудувачката ги повика египетските власти да ги истражат наводните злоупотреби врз притворените штрајкувачи со глад.

„Властите, исто така, треба да дозволат независни набљудувачи да го посетат затворот Ал -Аграб, со цел да се осигураат дека условите во него се согласно меѓународните стандарди, наведува Амнести, пренесува ДПА.

Во оваа земја засега нема официјален коментар за извештајот на Амнести интернешенел.

Групи за правата на човекот постојано ја обвинуваат владата на претседателот Абдел-Фатах ал-Сиси за масовни злоупотреби, вклучувајќи и драконски упади во домовите на исламистички и секуларни дисиденти, обвинение кое египетските власти го негираат, пренесува ДПА.

Би можело да ве интересира

Египет бара формирање независна држава Палестина

Ирак испраќа танкер со гориво во Египет за да и помогне на Газа

Горан Наумовски

Предвреме родените бебиња од Газа стигнаа во Египет

Египет: Го одржуваме граничниот премин Рафах отворен, Израел ја блокира помошта

Катерина Ѓуровски

Египет и Јордан бараат итен прекин на огнот, за САД тоа само ќе го остави Хамас на власт

(ВИДЕО) Египет ја крена рампата: од Газа излегуваат странски државјани и тешко повредени

Катерина Ѓуровски