Во Вухан учениците постепено се враќаат на училиште, отворени туристички дестинации во Кина

Од:

Со маски и социјално дистанцирање, гимназијалците од завршните класови денеска се вратија во училиштата во Вухан, кинескиот град каде што започна епидемијата „Ковид-19“ кон крајот на минатата година, по што се прошири низ целиот свет.

По четири месеци, во училишни униформи, тие се вратија со маски на лицето, а пред влез поминуваат низ инфрацрвени камери за да се детектира евентуална температура.

Локалните власти треба да ја одредат датата за враќање на учениците од другите класови и на основците.

Во останатите делови на Кина учениците се враќаат постепено по региони. Во метрополите Пекинг и Шангај само матурантите се вратија минатата недела, бидејќи треба да полагаат матура, која во целата земја е закажана за почетокот на јули, наместо еден месец порано.

Вухан и провинцијата Хубеј, кои беа најтешко погодени со вирусот, постепено се враќаат во нормала, откако на 8 април беше укинат карантинот во градот.

Во последните недели значително е намален бројот на новозаразени, а не е пријавен ниту еден смртен случај.

Вкупниот број заразени со Ковид-19 во Кина изнесува 82.883, а 4.633 се починати.

Голем број Кинези искористија одмор од пет дена за празникот 1 Мај. Во земјата имаше 115 милиони патници низ бројните туристички дестинации кои се отворени, меѓу кои и Забранетиот град во Пекинг.

Дизниленд во Шангај ќе биде отворен следната недела.

Сепак, на странците се уште им забранет влез во Кина, а Кинезите кои се враќаат во земјата треба да одат во карантин 14 дена.

Би можело да ве интересира

Дневен преглед на состојбата со Ковид-19 во светот

А1он

Се зголемува бројот на заразени во Грција, регистрирани 203 нови случаи на Коид-19

А1он

Саудиска Арабија почнува со третата фаза на испитување на кинеската вакцина против Ковид-19

А1он

Во Албанија голем број новозаразени од Ковид-19, опозицијата обвинува за епидемилошка катастрофа

А1он

Грција: Петти ден по ред повеќе од 150 новозаразени

А1он

195 нови случаи на Ковид-19 во Бугарија во изминатото деноноќие

А1он