Во воздушен напад на пазар во Сирија убиени 10 лица

Од:

Најмалку 10 цивили загинаа, а 13 се повредени во воздушениот напад на пазар во област контролирана од бунтовниците во провинцијата Идлиб, соопштија опозициски активисти.

Сириската опсерваторија за човекови права, со седиште во Лондон, информира дека во нападот на пазарот во Марет ал Нуман загинале 10 цивили.

„Белите шлемови“ објавија и фотографии на кои се гледаат загинатите, како и лекарите кои им помагаат на жртвите.

Во судирите меѓу сириските владини сили и бунтовниците во текот на викндот загинаа десетици лица од обете страни.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Експлозија на пазар во Сирија, најмалку седуммина мртви и 30 повредени

Израел нападна сириски град, 38 загинати

ВИДЕО: Израел го нападна Дамаск

Британски специјалци под истрага за воени злосторства во Сирија

Катерина Ѓуровски

Ирански полковник загина во израелски воздушен напад врз сириски пристанишен град

Конфликти на границата со Сирија: Има мртви и ранети