Во вооружен грабеж во Парагвај украдени, 40 милиони долари

Од:

Неколку десетици вооружени напаѓачи, вооружени со автомати и со употреба на експлозив, во мал град во Парагвај го разнеле трезорот на приватна компанија за финансиско обезбедување и потоа со чамци избегале во Бразил, јавија парагвајските властите.

Во речиси тричасовниот напад врз компанијата „Просегур“, од пограничниот град Суидад дел Есте, убиен е најмалку еден полицаец, а тројца цивили се ранети, пренесоа американските медиуми.

Властите не соопштуваат колку пари се украдени, но според некои медиуми станува збор за речиси 40 милиони долари. Консултант на компанијата, меѓутоа, ги демантира овие информации и вели дека станува збор за многу помалку пари.

Во нападот учествувале околу 80 лица, јави началникот на градската полиција.

– Криминалците употребија снајперски пушки за да можат да се извлечат и запалија повеќе од 10 автомобили за да го одвлечат нашето внимание, рече тој.

Видео снимките покажуваат опожарени автомобили пред полуразурнатата зграда на компанијата.

Сиудад дел Есте се наоѓа во регион каде се пресекуваат границите на Парагвај, Бразил и Аргентина и каде се шверцуваат електроника, наркотици и оружје.

Властите се сомневаат дека зад нападот врз оваа приватна компанија стојат бразилски гангстери. Сведоци кажуваат дека тие зборувале португалски.

Претседателот на Бразил, Мишел Темер, изјави дека органите на прогонот од неговата земја се подготвени да ја дадат неопходната помош во истрагата.

Полицијата соопшти дека во два оставени чамца во езерото Итаилу пронашла автомати АК-47.

Би можело да ве интересира

Загина Валтер Хармс и уште тројца негови соработници

Парагвај има нов претседател

Ана Ололовска

ВИДЕО: Дилер во Парагвај силувал и убил девојче кое го купил од мајка му, снимен како ја носи

Ана Ололовска

Во Парагвај запленети рекордни 3,4 тони кокаин

Ана Ололовска

Во Парагвај сменети три министри поради насилните протести

Ана Ололовска

ВИДЕО: Гумени куршуми и солзавец на протестите во Парагвај против слабиот одговор на владата кон Ковид-19

Ана Ололовска