Во викендичката на Бајден не биле пронајдени доверливи документи, вели неговиот адвокат

Од:

Американското Министерство за правда не најде доверливи документи во викендицата на претседателот Џо Бајден во Рехобот, Делавер, но некои материјали беа земени за дополнителна анализа, рече адвокатот на Бајден, Боб Бауер.

Трииполчасовниот утрински претрес од агентите на ФБИ е продолжување на истрагата за ракувањето со доверливи документи од страна на Бајден. Претходно, во неговиот дом во Вилмингтон, Делавер и во канцеларијата во Вашингтон беа пронајдени материјали кои ги користел за време на потпретседателскиот мандат во администрацијата на Барак Обама, до претседателските избори.

„Не беа пронајдени доверливи документи. Согласно процесот на Вилмингтон, Министерството за правда однесе на понатамошно разгледување некои материјали и писмени пораки поврзани со неговото време како потпретседател“, рече адвокатот Бауер.

Изворот потврди дека истрагата ја водела ФБИ, кое е дел од Министерството за правда. Истрагата му предизвика политичка главоболка на Бајден, кој во наредните недели или месеци треба да објави дека се кандидира за нов претседателски мандат.

Би можело да ве интересира

Америка подготвува уште 690 милиони долари за развој на демократијата во светот

(ВИДЕО) Нов гаф на Бајден

Бајден: Ќе продолжиме да вршиме притисок врз Путин со воведување историски санкции

Горан Наумовски

Бајден: Кина сè уште не обезбеди зголемена воена поддршка за Русија

Бајден за обвинувањата против Путин: Проблем е што судот не го признаваат сите, вклучувајќи не и нас

Нов гаф на Бајден: Картер ме замоли да одржам говор на неговиот погреб