Во Виена почна шестиот круг преговори меѓу Иран и „шесторката“

Од:

Последниот круг преговори за иранската нуклеарна програма меѓу Техеран и „шесторката“ (петте постојани земји-членки на Советот за безбедност на Обединетите нации плус Германија) денеска почна во Виена.

САД преговорите ги оценија како „историска шанса“, а Техеран како „единствена можност за влез во историјата“.

– Тоа е судбоносен момент во меѓународните напори за изнаоѓање на решение за еден од најтешките надворешно политички предизвици на нашето време, посочо шефот на британската дипломатија Вилијам Хејг.

Шестиот круг преговори меѓу Иран и „шесторката“ (САД, Русија, Кина, Франција, Велика Британија и Германија) почна со пленарна седница на која учествуваат иранскиот министер за надворешни работи Мохамад Џавад Зариф ии високата претсатвничка на Ервопската унија за надворешна политика и безбедност Кетрин Ештон, која ја координира работата на шестте светски сили.

Се претпоставува дека преговорите ќе траат до 20 јули, до кога треба да се подготви конечен договор кој ќе довде до „затворање на иранското досие“.

Би можело да ве интересира

Србин е уапсен во Австрија за силување жена

Селекторот на Австрија отстрани тројца играчи од тимот поради хомофобија

Tри борбени кучиња во Австрија убија жена, сопственичката на животните е осудена

Извештај на ОН: Иран е одговорен за насилството што доведе до смрт на Махса Амини

Горан Наумовски

Силен земјотрес го погоди Иран

Горан Наумовски

Ирански полковник загина во израелски воздушен напад врз сириски пристанишен град