Во Виена е затворено основно училиште поради сомневање за Ковид-19

Од:

Основните училишта во Австрија започнаа со работа, по двомесечната пауза поради пандемијата на новиот коронавирус, но во Виена поради сомневање за појава на инфекција, затворено е едно училиште.

Директорката на училиштето од 18-та област во Виена, вратилa дома 200 ученици, бидејќи постои сомнение дека наставник е заболен со Ковид-19.

Наставникот пријавил боледување во саботата.

Децата беа вратени дома од вратата на приватното католичко училиште, без претходно известување.

Надлежните органи на градот Виена покренаа истрага за овој случај, а Министерството за образование најави изработка на план за вакви случаи.

Би можело да ве интересира

Србин е уапсен во Австрија за силување жена

Селекторот на Австрија отстрани тројца играчи од тимот поради хомофобија

Tри борбени кучиња во Австрија убија жена, сопственичката на животните е осудена

Авганистанец е осомничен за убиството на три сексуални работнички во бордел во Виена

Горан Наумовски

За помалку од 24 часа во Виена се убиени четири жени и едно девојче

Авганистанец уби три жени во Виена