Во Венецуела настрадаа 20 лица во поројните дождови

Од:

Најмалку 20 лица загинаа, а 17 исчезнаа во поројните дождови што го погодија западниот дел на Венецуела, се наведува во новиот биланс за жртвите на локалните власти.

Бројот на жртвите се зголеми на 20, јавија синоќа локалните власти, наведувајќи дека во првиот биланс се зборуваше за 15 загинати лица.

Министерството за внатрешни работи соопшти дека повеќе од 54.000 луѓе се изложени на ризик, додека венецуелскиот претседател Николас Мадуро одобри логистичка и финансиска помош за погодените области.

Поројните дождови уништија околу 8.000 домови во 11 од 23 држави на Венецуела.

Би можело да ве интересира

Во Венецуела се уапсени 32 лица осомничени дека планирале атентат врз претседателот

Избегната војна во Јужна Америка

Бразил испраќа војска на границата со Венецуела, расте стравот од нова војна

Катерина Ѓуровски

Судството на Венецуела нареди апсење на новото раководство на паралелниот парламент

Ана Ололовска

Венецуелската опозиција го разреши привремениот претседател

Најмалку 43 загинати во свлечиштето во Венецуела, повеќе од 50 исчезнати

Горан Наумовски