Во Велика Британија нови штрајкови на вработените во железницата

Од:

Десетина илјади вработени во британската железница повторно стапија во штрајк барајќи повисоки плати и подобри услови за работа.

Само еден од пет возови денеска сообраќаат поради штрајкот, што според најавите ќе трае цела недела.

Граѓаните, кои денеска се враќаат на работа по божиќните празници предупредени се да не патуваат поради штрајкот.

Членовите на Синдикатот на железницата, поморството и транспортот денеска, утре, петок и сабота штрајкуваат, а машиновозачите на синдикатот Аслеф (Здружение на машиновозачи и пожарникари) ќе штрајкуваат в четврток.

Многу места, вклучително и голем дел од Шкотска и Велс, воопшто немаат возови.

Министерот за транспорт Марк Харпер ги повика синдикалните лидери на преговарачка маса, истакнувајќи дека Владата понудила „многу фер понуда за платите“. Додека синдикалниот лидер Мик Линч истакна дека официјалните лица не дале никакви нови предлози и ја обвини Владата за блокирање на договорот.

Вработените во железницата, како и другите од јавниот сектор, тврдат дека платите не се во согласност со енормното зголемување на трошоците за живот. Инфлацијата во Велика Британија достигна највисоко ниво од 11,1 отсто во изминатите 41 година.

Во декември за повисоки плати штрајкуваа болничарите, возачите на брза помош и автобуси и поштенските работници.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Морничав случај во Велика Британија: Пет лица прикриле смрт и погреб на бебе

А1он

Британски специјалци под истрага за воени злосторства во Сирија

Катерина Ѓуровски

Во Велика Британија: Уапсена е жена осомничена за убиство на десетгодишно девојче

Велика Британија влезе во рецесија

САД и Велика Британија повторно ги нападнаа Хутите: „Погодивме осум цели“

Последното предупредување – ерата на мирот заврши, подгответе се за војна, веќе се распоредени 20.000 војници