Во Велика Британија наскоро во изолација и лицата со лесни симптоми на коронавирус

Од:

Шефот на британската здравствена служба Крис Вити денеска изјави дека ќе биде побарана самоизолација и од лицата кои се со поблаги симптоми на Ковид-19.

Тој рече дека тоа е следната фаза во борбата на британската влада против новиот коронавирус.

– Близу сме до ситуација, која најверојатно ќе се случи во следните 10 до 14 дена, кога од секого, па и од оние со најмала респираторна инфекција или треска, ќе побараме да се самоизолира на седум дена, појасни Вити.

Досега во Велика Британија од инфекцијата се заразени 319 лица, а починати се четворица.

Би можело да ве интересира

Балкански граници: Кој каде може да патува, а каде не

А1он

Македонија додадена на листата земји чии граѓани може да патуваат во Црна Гора

А1он

Преглед на состојбата со Ковид-19 во светот

А1он

На 2 јуни се отвараат рестораните и кафулињата во Франција

А1он

Светските лидери повикаа на поголема соработка во светот по пандемијата

А1он

Поддршка од 2,9 милиони евра од САД за Грција за справување со миграциското прашање и Ковид-19

А1он