Во Вашингтон вечерва се очекува еден од најголемите протести

Од:

Во Вашингтон вечерва се очекува голем протест против расизмот и полициската бруталност, можеби еден од најголемите досега, поради неодамнешното убиство во Афроамериканецот Џорџ Флојд, изјави началникот на полицијата.

Активисти на социјалните мрежи повикаа на протестот да се соберат милион луѓе.

Убиството на Флојд веќе 12 дена по ред предизвиувка масовни протести и насилства низ целата земја, а се протестира и низ во многу градови во светот.

Џорџ Флојд (46) беше убиен на 25 мај во Минеаполис, од бел полицаец, кој со коленото му го притискаше вратот цели 8,46 минути, се додека не се задуши. Првата независна обдукција покажа дека Флојд починал од задушување, додека официјалната покажа дека починал од инфакт, а и дека бил позитивен на Ковид-19.

-Имаме многу информации од јавен карактер што сугерираат дека денешниот митинг би можел да биде еден од најголемите досега во градот, изјави началникот на полицијата Питер Њушам за локалните медиуми, додавајќи дека голем дел од центарот на градот ќе биде затворен за сообраќај.

Би можело да ве интересира

Блинкен: Се надеваме дека повеќе Американци ќе студираат во Кина

Студентски бунт во Америка, 100 академици уапсени во Колумбија

САД испраќа огромен пакет воена помош за Украина

Америка го ограничи движењето на својот дипломатски персонал во Израел

Стејт департментот потврди дека ќе стави вето на приемот на Палестина во ОН во Советот за безбедност

Горан Наумовски

Белата куќа се противи на палестинската државност