Во Унгарија се обидуваат да влезат се поголем број мигранти

Од:

Се поголем број мигранти последниот месец се обидуваат илегално да влезат од Србија во Унгарија, изјави шефот на кабинет на унгарскиот премиер, Ѓерѓерли Гуљаш.

-Вкупно 11. 808 лица се обиделе годинава илегално да влезат во Унгарија, а 2.418 од нив тоа се обиделе да го сторат во последниот месец, рече Гуљаш.

Тој наведе дека мигрантите сега користат нова техника за пробивање на оградата што Унгарија ја крена пред четири години, при првиот мигрантски бран по таканаречената Балканска маршрута, пренесуваат унгарските медиуми.

Полицијата открила два тунела што мигрантите ги користеле да минат под оградата, рече Гиљаш и додаде дека тунелите се веќе затворени од граничната стража.

Би можело да ве интересира

Унгарија повторно ќе ја блокира помошта за Украина

(ВИДЕО) Страотна несреќа на рели во Унгарија: Најмалку четворица мртви

Катерина Ѓуровски

Испливаа детали за скандалот кој ја принуди унгарската преседателка на оставка

Катерина Ѓуровски

По претседателката Новак, оставка поднесе и унгарска пратеничка

А1он

Сијарто: Унгарија не сака руски имот, тоа е наследство на комунизмот

Орбан: ЕУ ни се заканува со Армагедон