Во Унгарија рекордни 1.791 новозаразени со коронавирусот

Од:

Во последните 24 часа во Унгарија се регистрирани 1.791 нов случај на коронавирус, најмногу од почетокот на пандемијата, а починале 24 пациенти.

Од почетокот на епидемијата заразени се вкупно 44.816 лица, а бројот на смртни случаи е 1.109. Оздравеле 13.580 луѓе, а има повеќе од 30.000 активни случаи.

Унгарската Влада повторно ги предупреди граѓаните да ги почитуваат мерките за физичко растојание и одржување на хигиената. Забраната за влез за странски државјани сè уште е во сила. Освен во продавниците и јавниот превоз, носењето маска е задолжително во јавните и културните институции.

Забранети се посети на болници и домови за стари лица.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Страотна несреќа на рели во Унгарија: Најмалку четворица мртви

Катерина Ѓуровски

Испливаа детали за скандалот кој ја принуди унгарската преседателка на оставка

Катерина Ѓуровски

По претседателката Новак, оставка поднесе и унгарска пратеничка

А1он

Сијарто: Унгарија не сака руски имот, тоа е наследство на комунизмот

Орбан: ЕУ ни се заканува со Армагедон

ЕУ подготвува казна за Унгарија