Во Украина задутре тристрана средба Зеленски-Гутереш-Ердоган

Од:

Генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш в четврток во Украина ќе се сретне со украинскиот претседател Володимир Зеленски и неговиот турски колега Реџеп Тајип Ердоган, соопшти портпаролот на Светската организација Стефан Дужарик.

Тројната средба ќе се одржи во градот Лавов, западна Украина, на покана на Зеленски. Гутереш в петок ќе ја посети Одеса.

На враќање кон Њујорк, генералниот секретар на ОН ќе престојува во посета на Турција. Поконкретно, тој в сабота ќе го посети заедничкиот координативен центар во Истанбул за следење на извозот на житарици преку Црното Море.

Одеса е едно од пристаништата вклучени во договорот за извоз на украински житарици и други прехранбени производи преку Црното Море.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Америка блиску до историска одлука за Украина, ова може да го промени текот на војната

Катерина Ѓуровски

Руски воен репортер убиен во украинскиот напад со дронови

(ВИДЕО) Украински напад на осум области во Русија: двајца мртви, оштетени трафостаници и рафинерија

Орбан: Запад на чекор до испраќање војска во Украина

Украина предупредува на трета светска војна пред клучната одлука во Америка

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Украинците објавија снимка: Вака изгледа град кој го напаѓаат Русите