Во Украина забранија работа на 11 проруски политички партии

Од:

Украинскиот претседател Володимир Зеленски најави ограничувања на активностите на 11 политички партии во државата, од кои некои се обвинети за врски со Русија.

Во своето видео обраќање, Зеленски наведе неколку имиња, меѓу кои и Опозициската платформа – За живот, една од најголемите проруски партии со претставници во украинскиот парламент, јави Би-Би-Си.

Други партии кои се соочуваат со ограничувања ќе ги вклучуваат Опозицискиот блок, Шариева партија, Наша, Левата опозиција, Сојузот на левите сили, Државата, Прогресивната социјалистичка партија на Украина и Социјалисти и „Блок на Владимир Салд“.

Како што беше најавено, украинското Министерство за правда веднаш ќе реагира за да се имплементира забраната, која според Зеленски ќе биде на сила се додека трае воената состојба.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Нов руски напад на Харков, убиено 12-годишно момче

Катерина Ѓуровски

Путин: Обвинувањата дека Русија ќе ја нападне Европа по Украина се целосна глупост

Русија издаде налог за апсење на шефот на украинската служба за безбедност поради тероризам

Кремљ: Мировни преговори за Украина без учество на Русија се апсурдни

Терористите на ИСИЛ влегуваат во Европа преправајќи се дека се Украинци

Рускиот амбасадор не одговорил на повикот на Полска: Прво понудете докази

Предраг Петровиќ