Во Украина убиени 97 деца, стотина ранети

Од:

Канцеларија на јавното обвинителство на Украина соопшти дека во воените дејствја на руската армија во земјата заклучно со денешниот ден се убиени 97 деца.

Според информацијата објавена преку платформата „Телеграм“, трагичниот биланс е убиени пет деца секој ден, најмногу во регионот на Киев, следува регионот Харков, потоа во регионот Доњецк, Чернигив, Суми, Херсон, Миколаев и Житомир.

Во бомбардирањата и гранатирањата се уништени единаесет здравствени установи и три центри за рехабилитација, меѓу кои и установи за згрижување деца со посебни потреби.

Јавното обвинителство во Киев објави и линк на кој сведоците можат да достават информации за сторени злосторство што потоа би биле искористени за евентуалниот процес против Русија во меѓународните правни институции.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

САД испраќа огромен пакет воена помош за Украина

Русите ја презедоа контролата врз селото Богдановка

Предраг Петровиќ

Стигна порака: „Новата американска помош нема ништо да смени во Украина“

Русија за американската помош: Ова дополнително ќе ја уништи Украина

Америка изгласа помош за Украина, ова би можело да со смени текот на војната

Катерина Ѓуровски

Америка блиску до историска одлука за Украина, ова може да го промени текот на војната

Катерина Ѓуровски