Во Украина рекордни 1.197 новозаразени, во Полска нови 615 случаи на Ковид-19

Од:

Во Украина во последните 24 часа е забележан рекорден пораст за еден ден на бројот на заразени лица од почетокот на пандемијата на новиот коронавирус – 1.197, а починале 23 луѓе.

Со тоа вкупниот број на инфицирани со Ковид-19 достигна 68.794 луѓе, а досега се потврдени 1.673 смртни случаи..

Украинскиот министер за здравство Максим Степанов истакна дека во текот на претходниот ден уште 248 лица заболени од Ковид-19 се хоспитализирани, што, исто така, претставува дневен рекорд.

Дневниот број на заразени во Украина значајно се зголеми во последните два месеца, откако земјата започна со постепено ублажување на рестриктивните мерки, воведени во борбата против коронавирусот.

Украинските власти оваа недела ги продолжија мерките за карантин, кои важат на ниво на цела држава до 31 август, апелирајќи на граѓаните да носат заштитни маски и да одржуваат физичка дистанца.

Полска, исто така, денеска потврди рекорден број на заразени лица на дневно ниво од почетокот на пандемијата.

Министерството за здравство соопшти дека се регистрирани нови 615 заболени и уште 15 починати лица.

Досега вкупно во земјата се заразени 45.031 лице, а 1.709 луѓе починале како последица од коронавирусот.

Би можело да ве интересира

Експлодираше гасовод во регионот на Харков

НАТО соопшти дека не ги гледа условите за поканување на Киев во Алијансата

НАТО: Украина да обезбеди војници, ние испраќаме само средства

Горан Наумовски

Би-Би-Си: Убиени се најмалку 50.000 Руси

Медиуми: Експлозија на воениот аеродром на Крим, затворен дел од автопатот

Нов воздушен напад во Луганск

А1он